Религија во Зимбабве

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Религија во Зимбабве[1]
Религија процент
Христијанство
  
87 %
Традиционалисти
  
3,8 %
Останати/Нерелигиозни
  
9,2 %

Религијата во Зимбабве има значајна улога во секојдневниот живот на луѓето во земјата. Христијанството е доминантна религија во Зимбабве[2]. Околу 76% од населението припаѓаат на некое протестантско христијанство, а 87% од 12,5 милиони луѓе следат една од деноминациите на христијанството[1].

Христијанските деноминации во Зимбабве со значителен број верници го вклучуваат:Римокатолици, Англикани, Лутерани, Методисти и.т.н.[3]

Традиционалните религии се проследени со околу 4%, а неодредени и нема 8%. Други главни религии во светот се исламот (0.9%), будизмот (<0.1%), хиндуизмот (<0.1%) и јудаизмот (<0.1%).

Уставот на Зимбабве дозволува слобода на религијата. Странски мисионерски групи се присутни во земјата.

Христијанство[уреди | уреди извор]

Англиканска црква

Првата христијанска мисија пристигнала во Зимбабве во 1859 година поради напорите на Мисионерското друштво во Лондон[4]. Нивната работа започнала меѓу народот Зулу. Дејвид Ливингстон апелирал до британската влада да додели земјиште и заштита на христијанските мисии, што довело до започнување на мисија во 1888 година. Првата методистичка мисија пристигнала во 1896 година, со членови од Обединетото Кралство и САД. Британците работеле со белите доселеници, додека Американците работеле со локалните Африканци. Адвентистите од седмиот ден и христијанската мисија од Централна Африка ги воспоставиле своите мисии во 1890-тите.[4][5]. Пентекостализмот и афричките апостолски цркви пристигнале во 1920-тите и доживеале брз раст. Во 1932 година, Џоан Маранке објавил дека добил визија и сон да проповеда како Јован Крстител. Тој покрстил мнозина во локалната река, а неговите напори во децениите што следеле довеле до основање на Африканска апостолска црква, втора по големина во Зимбабве.[5][6].

Повеќето христијани од Зимбабве се протестанти. Протестантските христијански цркви со големо членство се Англиканите, Адвентистите[7] и Методистите[8]. Во земјата има околу еден милион Римокатолици (околу 7% од вкупното население)[9].

Ислам[уреди | уреди извор]

Исламот е религија со помалку од 1% од населението во Зимбабве. Муслиманската заедница главно се состои од имигранти од Јужна Азија, мал број домородци и многу мал број имигранти од Северна Африка и од Блискиот Исток. Постојат џамии лоцирани во речиси сите поголеми градови. Има 18 во главниот град Хараре, 8 во Булавајо, и голем број на џамии во малите градови. Напорите за изградба на џамии се финансираат со помош на кувајтската африканска муслиманска агенција (АМА)[10][11].

Бахајство[уреди | уреди извор]

Бахајството било донесена во Зимбабве во 1929 година од Шоги Ефенди.[12]. Во 1953 година неколку верници се населиле во тогашната територија на Јужна Родезија.[13]. Првото локално духовно собрание на било формирано во Хараре.[12]. До крајот на 1963 година имало 9 собранија[14]. Додека земјата била колонија на Обединетото Кралство, верниците организирале посебно Национално духовно собрание во 1964 година[15]. Националното собрание продолжило од 1970 година[13].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Religious composition by country, Pew Research, Washington DC (2012)
  2. „Africa :: GUINEA-BISSAU, People and Society“. CIA The World Factbook. 2011. 
  3. International Religious Freedom Report 2007: Zimbabwe. United States Bureau of Democracy, Human Rights and Labor (September 14, 2007). This article incorporates text from this source, which is in the public domain.
  4. 4,0 4,1 J. Gordon Melton (2005). Encyclopedia of Protestantism. Infobase. стр. 594–595. ISBN 978-0-8160-6983-5. https://books.google.com/books?id=bW3sXBjnokkC&pg=PA594. 
  5. 5,0 5,1 Alister E. McGrath; Darren C. Marks (2008). The Blackwell Companion to Protestantism. John Wiley & Sons. стр. 474–476. ISBN 978-0-470-99918-9. https://books.google.com/books?id=Nw0wiHZ6BlYC&pg=PA474. 
  6. Charles E. Farhadian (16 July 2007). Christian Worship Worldwide: Expanding Horizons, Deepening Practices. Wm. B. Eerdmans Publishing. стр. 50, 66–70. ISBN 978-0-8028-2853-8. https://books.google.com/books?id=eEFia1T4i_EC&pg=PA50. 
  7. „Zimbabwe“. конс. 2008-01-22. 
  8. „Church in Zimbabwe far behind in communication“. конс. 2008-01-22. 
  9. Statistics relating to the Catholic church in Zimbabwe
  10. religion in Zimbabwe This article incorporates text from this source, which is in the public domain.
  11. James Gow; Funmi Olonisakin; Ernst Dijxhoorn (2013). Militancy and Violence in West Africa: Religion, politics and radicalisation. Routledge. стр. 169. ISBN 978-1-135-96857-1. https://books.google.com/books?id=jdkcAAAAQBAJ&pg=PT169. 
  12. 12,0 12,1 Bahá'í International Community. „Drumming and dancing in delight“, 12 декември 2003.
  13. 13,0 13,1 „History of the Zimbabwean Community“. The Bahá'í Community of Zimbabwe. National Assembly of the Bahá'ís of Zimbabwe. конс. 2008-11-29. 
  14. Hands of the Cause Residing in the Holy Land (1964). The Bahá'í Faith: 1844–1963, Information Statistical and Comparative, Including the Achievements of the Ten Year International Bahá'í Teaching & Consolidation Plan 1953–1963. Israel: Peli - P.E.C. Printing World LTD.Ramat Gan. стр. 114. http://bahai-library.com/handscause_statistics_1953-63. 
  15. Universal House of Justice (1986). In Memoriam. XVIII. Bahá'í World Centre. 629. ISBN 0-85398-234-1. http://bahai-library.com/books/bw18/609-635.html.