Религија во Маврициус

Од Википедија — слободната енциклопедија
Религија во Маврициус
religion percent
хиндуизам
  
48,54 %
христијанство
  
32,7 %
ислам
  
17,3 %
будизам
  
0,43 %
останати
  
1 %

Религијата во Маврициус има значајна улога во секојдневниот живот на луѓето во земјата. Доминантна религија во Маврициус е хиндуизмот. Христијанството е втора по големина религија, по кое следуваат исламот, будизмот и другите кинески религии. Хиндуизмот го практикуваат околу половина од населението[1], и овие верници главно имаат индиско потекло, додека генерално христијаните се од француско или африканско потекло.

Според пописот од 2011 година направен од земјата, хиндуизмот е најголемата религија со 48,54%, по што следи христијанството со 31,70% (со католицизмот како најголема христијанска деноминација од 26,26%), исламот 17,3% и будизмот 0,43%[1].

Азиски религии[уреди | уреди извор]

Хиндуизам[уреди | уреди извор]

Хиндуизмот во земјата бил донесен од страна на Индијците кои работеле како слуги на европските доселеници на островот[2]. Денес, хиндуизмот е главна религија во Маурициус, чии верници зазимаат 48,54% од вкупното население на земјата според пописот од 2011 година направен од страна на статистичкиот завод на земјата[1][3][4]. Според овие податоци, Маврициус е земја која има најголем процент на хиндуси во Африка и трет највисок процент во светот по Непал и Индија.

Еден од најголемите фестивали на островот е Махасиваратри или „Големата ноќ на Шива“. Исто така, постои значајна мигрантска популација на народот Бумихару, кои оставиле свој белег во различни области и тие сè уште се во контакт со нивните членови на семејството во Индија и постојат случаи на брачни односи меѓу нив со цел за да го зачуват нивниот културен идентитет непроменет[5].

Будизам[уреди | уреди извор]

Околу 0,4% од населението на Маврициус се придржува до будизмот. Се практикува од страна на значително малцинство од кинеско потекло[1].

Аврамски религии[уреди | уреди извор]

Црква во Маврициус

Христијанство[уреди | уреди извор]

Христијанството во земјата било донесено од страна Холанѓаните. Сепак, Холанѓаните го напуштиле островот во 1710 година[6]. Французите повторно го донеле христијанството кога пристигнале во 1715 година. Од 1723 година постоел закон според кој сите робови што доаѓаат на островот мора да го прифатат католицизмот[7]. Се смета дека овој закон не бил строго придржуван[7]. Во времето кога островот бил под британска власт, Англичаните се обиделе да ги конвентираат жителите во протестантските деноминации, во текот на 1840-тите и 1850-тите[7].

Католиците сочинуваат 83% од христијаните на Маврициус (26% од вкупното население или 324.811)[1]. Други признати религии вклучуваат Црквата на Англија која на островот претставува епархија во рамките на Црквата на провинцијата Индиски Океан и која има 2.788 членови според пописот. Презвитеријанците имаат 501 член и црквата на Адвентистите од седмиот ден имаат 4.428 членови[1]. Други христијански деноминации се три пентекостни групи со 8.692 членови, Мисија Salut et Guérison со 3.731[1]. Околу 47.774 христијани на пописот[1], Јеховини сведоци имаат 2.173 членови додека Црквата на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни има 471 членови во 2 собранија[8].

Ислам[уреди | уреди извор]

Џамија во Маврициус

Исламот се практикува од 17,3% од населението на земјата[1]. Околу 95% се сунитски муслимани[9], кои разбираат урду. Во рамките на муслиманската заедница, постојат три различни етнички групи, особено Мемони и Суртеи. Шиитњските претставниџи главно имаат потекло од Источна Африка.

Првата џамија во земјата е џамијата Камп дес Ласкар, која била изградена во околу 1805 година. Денеска официјално е позната како џамија Ал-Акса. Џамијата Џума во Порт Луј била изградена во 1850-тите и честопати е опишувана како една од најубавите верски објекти во Маурициус. Во градовите и селата има многу помали џамии. Во 1965 година, во земјата имало 65 џамии[10]. Сите џамии се контролирани од одбор наречен вакуф, кој бил основан во 1941 година и ги надгледува финансиите и администрацијата на сите џамии. Секоја џамија има менаџер наречен мутанвалија, избран од општеството. Одборот помага во извршување на погреби, предавање образование во медреси и други исламски церемонии.

Највисока концентрација на муслимани се наоѓа во главниот град Порт Луј, претежно во областа Плане Верте, Вард IV, Вале Питот и Камп Јолуф.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 1,8 „Resident population by religion and sex“ (PDF). Statistics Mauritius. стр. 68, 71. Архивирано од изворникот (PDF) на October 16, 2013. Посетено на April 23, 2017.
  2. Malik, Rajiv (2003). „The Hindus of Mauritius“. Hinduism Today. Himalayan Academy. Архивирано од изворникот на 2018-12-11. Посетено на 2007-04-25.
  3. „Hinduism in Mauritius -as indentured servants of European settlers of the island. As of 2000, 48% of the country follows Hinduism“. Mauritiusdelight.com. Архивирано од изворникот на 2018-07-17. Посетено на 2016-06-21.
  4. „Mauritian culture – The main religions in Mauritius“. Lemeilleurdelilemaurice.com. 2012-11-16. Архивирано од изворникот на 2017-12-01. Посетено на 2016-06-21.
  5. Thapan (ed.), Meenakshi (2005). Transnational Migration and the Politics of Identity. SAGE. стр. 320. ISBN 978-0-7619-3425-7.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
  6. „Архивиран примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на May 10, 2011. Посетено на January 28, 2010.
  7. 7,0 7,1 7,2 Watson, James L. (1980). Asian and African systems of slavery. University of California Press. стр. 158–159. ISBN 978-0-520-04031-1. Посетено на 2010-01-28.
  8. „Mauritius“. Newsroom. Church of Jesus Christ of Latter-day Saints. Посетено на 25 November 2016.
  9. „ISLAM IN MAURITIUS | Faisal Muhammad“. Academia.edu. 1970-01-01. Посетено на 2016-06-21.Предлошка:Circular reference
  10. Bosworth, Clifford Edmund, уред. (1989). The Encyclopaedia of Islam: Fascicules 111-112 : Masrah Mawlid. BRILL. стр. 849. ISBN 9789004092396.