Гамал Абдел Насер
| Роден | 15 јануари 1918. Александрија, Египет |
|---|---|
| Починал | 28 септември 1970. Каиро, Египет |
| Националност | Египќанец |
| Познат | Претседател на Египет (1956 - 1970) |
| Занимање | офицер |
| Сопружник | Тахија Казем |
Гамал Абдел Насер (арапски: جمال عبد الناصر I 15.1.1918 - 28.9.1970) бил вториот претседател на Египет од 1956 до својата смрт во 1970. Заедно со Мухамед Нагиб ја предводел египетската револуција (1952) со која бил соборен кралот Фарук II и започнал нов период на индустријализација на Египет, едновремено со јакнење на арапскиот национализам.
Насер ги инспирирал анти-колонијалистичките движења и арапските револуции во повеќе земји: Алжир, Либија, Ирак и Јемен, а играл и значајна улога во формирањето на Палестинската ослободителна организација во 1964, како и во основањето на Движењето на неврзаните.
Насер се смета за еден од најважните политичари во современата арапска историја и во земјите во развој во 20. век.
Наводи[уреди | уреди извор]
| ||||||||
|