Муслиманско освојување на Египет

Од Википедија — слободната енциклопедија
Муслиманско освојување на Египет
Дел од Муслимански освојувања
(Византиско-арапски војни)
Датум 639–642
Место Египет, Либија
Исход муслиманска победа
Територијални
промени
муслиманите го анексирале Египет, Cyrenaica, Триполитанија и Фезан.
Завојувани страни
Византија Праведен Калифат
Команданти и водачи
Ираклиј I

Теодор
Констанс II
Кирил Александриски

Омер

Амр ибн Алас
Зубајр ибн ал-Авам
Микдад бин ал-Асвад

Муслиманско освојување на Египет претставува дел од Муслиманските освојувања и Арапско-византиските војни, кои резултирале со целосно заземање на Египет од страна на муслиманските сили. Претходно, Египет бил освоен од страна на Персија но византискиот имперарот Ираклиј I успеал да си ги врати своите територии по крајот на Византиско-персиската војна. Претходно, Византија го изгубила и Левант, кое дополнително ја намалила нејзината сила.

Позадина[уреди | уреди извор]

Византискиот импераратор Ираклиј I по крајот на долгата и исцрпувачка војна со Персија конечно успеал да ја порази во 628 година кога ги вратил изгубените територии во Месопотамија[1][2]. Но исчезнувањето на Персија во исто време значело и бришење на тампон зоната помеѓу Византија и арапските племиња кои претходно не претставувале опасност за Византија. Во овие години, муслиманските племиња доживеале големи промени преку појавата на пророкот Мухамед, кој успеал да ги обедини преку знамето на исламот. Во времето по смртта на Мухамед на 6 јули 632, исламот делотворно го унифицирал целиот Арапскиот Полуостров. Во текот на следните дванаесет години, под власта на првите два калифи, исламската империја ја зазела Персиската империја, и поголемиот дел од источните провинции на Византија. Муслиманскиот калифат продолжил да се проширува за да кон крајот на 8 век, таа се протегала од Атлантскиот Океан на запад до Средна Азија на исток. Византија и Персија биле доволно исцрпени за да можат да се соочат со муслиманската инвазија[3].

Така, по муслиманското освојување на Сирија, арапските сили започнале нови напади кон Египет.

Освојување[уреди | уреди извор]

Обединетата муслиманско-арапска армија, во времето кога се соочила со римската армија, била предводена од страна на Амр ибн Алас. Исто како со Сирија, така Византија го изгубил и Египет кој бил економски највредна провинција во империјата, веднаш по Анадолија. Една од првите битки била Битката кај Хелиополис која се одржала некаде од почетокот до средината на јули 640, во близина на античкиот град Хелиополис, каде муслиманските сили имале околу 15,000 воојска на чело со Амр ибн Алас, додека византиските сили пак биле околу 20,000 под раководство на Теодор, како командант на сите византиски сили во ЕгипетГрешка во наводот: Неважечки параметар во ознаката <ref>.. Иако дел од историчарите, како Балтер, како главни виновници ги обвинуваат христијанските Копти и неспособноста на византиските генерали да се справат со брзиот пад на Египет, историчарот Гибон се насочува кон супериозноста на карактерот на муслиманскиот водач во Египет[4].

Без разлика на грешките на византиските генерали, вклучувајќи го секако и Теодор, скоро сите историчари се согласни дека Амр направил брилијантна битка кај Хелиополис. Така, кога византиската војска започнала да се приближува, Амр својата ја поделил на три посебни единици, со еден одред под команда на доверливиот командант Кариџа. Оваа единица започнала со својата задача кон исток околу околните ридови, каде успеала да се сокрие. Оваа единица требало да остане скриена додека Римјаните ја започнат битката, по кое тие требало да го нападнат византиското крило од зад грб. Вториот одред заминал кон југ, место кое требало да се искористи за бегство доколку Битката започне да пропаѓа. Така кога византиските сили започнале со нападот, тие биле целосно изненадени од одредот на Јариџа. Теодор од друга страна го игнорирал муслиманското придвижување на коњаницата. Во нападот, меѓу византиските сили започнал да владее хаос, каде војниците на Теодор се обиделе да побегнат кон југ, но таму биле пресретнати од третиот одред, кој бил поставен таму за само таква намена. Така, византиската армија доживеала голем пораз.

По крајот на битката, поголемиот дел од јужниот и централниот дел на Египет паднал под силите на Амр. Хелиополис претходно било место каде се наоѓала најголемата византиска сила во Египет, но по нивниот пораз муслиманите започнале без проблем да навлегуваат во срцето на Египет. Земјата во суштина била без одбрана, бидејќи никој не сакал да се вклучи на страната на византијците, особено домородното население, од кои поголемиот број биле монофизити и постојано биле прогонувани од Цариград. Населението многу бргу разбрало за даноците на калифатот, кои биле доста подобри за разлика од римските. Голем дел од армијата дезертирала и изразила непослушност како и голем дел од христијанските Копти. Иронично, некои од коптите верувале дека муслиманите ќе бидат потолерантни од Византијците, а дел од нив и го прифатиле исламот. Од друга страна пак, на христијанското население му се овозможило слободно да ја почитува својата религија.

По уништувањето на византиските сили во Хелиополис, градот Александрија бил оставен практично без одбрана и се смета дека само мал дел од провинциските сили останале во самиот град. Градот во муслимански раце паднал на 8 ноември 641 година. Влијанието на таков голем настан бил почувствуван во целото Средоземје. Намалувањето на годишните пратки на жито од Египет и нанела решавачки удар на византиската економија. Освен тоа, Византија изгубила и големи финансиски средства од даноците на трговците кои патувале од Дамаск кон Александрија. Во следниот период имало неколку обиди на Византија да ја врати Александрија. Иако никој од нив не бил успешен за определен временски период, византиските сили биле во можност да ја вратат на кратко контролата врз градот во 645 година. Арапските хроничари напишале дека кон Александрија се упатиле голема флота и армија, на чело со Мануел. По влезот во градот, кое било без поголем отпор, византиската армија имала можност да го задржи градот. Муслиманите со сила од околу 15,000 војници започнале напад, но византиските сили започнале борба на отворено поле, по кое повторно биле поразени.

Египет по неговото освојување станал една од најважните и најбогатите реони на калифатот, односно важна база за понатамошно ширење на исламот кон западот и Северна Африка.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Haldon 1997, стр. 41
  2. Greatrex–Lieu 2002, стр. 189–190
  3. "Umar (634-644)", The Islamic World to 1600 Multimedia History Tutorials by the Applied History Group, University of Calgary. Last accessed 20 Oct 2006 Архивирано на 10 април 2007 г.
  4. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име gibbon.