Ако (Израел)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ако
хебрејски: עַכּוֹ
арапски: عكا
Изглед на стариот град
Изглед на стариот град
Mестоположба
Координати

Erioll world.svg 32°5′0″N, 34°48′0″E

Часовен појас
- лето
UTC+2
UTC+3
Општи податоци
Име
- изворно
 
- други имиња
Ако
  хебрејски: עַכּוֹ
  арапски: عكا
Acre
Основан 1500 п.н.е.
Портал http://www.akko.muni.i
Управа
Земја Израел Израел
Округ Север
Географија
Површина 10,3 км² km²
Население
Население 45 800 ((2005))

Ако е град во Израел.

Историја[уреди | уреди извор]

Градoт се споменува во Библијата. Македонскиот војсководец Александар Македонски го освоил Ако во 332 година п.н.е.. За време на владеењето на Птоломеј II, градот претставувал важно меѓународно пристаниште и порта на патот кон Израел. Во 638 година, градот попаднал под власта на Арабјаните, а во 1104 година под крстоносците, додека во 1187 година бил освоен од Саладин. По пропаѓањето на Ерусалимското кралство, а со тоа и потпаѓањето на Ерусалим под муслиманска власт во 1244 година, Ако останал еден од последните градови кои останале под власта на крстоносците.

За време на крстоносните војни, Ако имал стратегиско значење и станал главен град на Крстоносното Кралство. тогаш, во градот се доселиле Темпларите - монашки воен ред кој ги бранел верниците од Европа кои патувале низ Светата земја. Во Ако, Темпларите изградиле тврдина која била поврзана со пристаништето со тунел долг 350 метри. Во 1191 година, Хоспиталерите, монашки воен ред кој ги заштитувал болните луѓе во Светата земја, го преместиле седиштето од Ерусалим во Ако каде останале до 1291 година. Нивната тврдина се состоела од повеќе делови: Централен простор на отворено, со површина од 1.200 квадратни метри; Сала на витезите; Северна сала - систем од шест големи сали со заоблени сводови; Сала на садоците за шеќер, која служела како складиште на шеќерот што се произведувал во времето на крстоносците; Централен одвод - систем на три ката кој служел како јавни тоалети; Сала со столбови, која веројатно служела како просторија за јадење; Сала со 15 идентични заоблени сводови, со површина од 1.300 квадратни метри; Северната улица - улицата што поминувала низ квартот на Хоспиталерите; Убавата сала; Сала на затворениците - простор во кој се чувале окованите затвореници.[1]

Во 1517 година, Ако бил вклучен во Османлиската империја на Селим Први. Во 18 век, градот одново започнал да се развива. Во 1799 година, градот бил под опсада на Наполеон Бонапарт во траење од 61 ден. За време на Арапското востание во текот на 1936-1939 година, Евреите побегнале од градот во кој повторно се вратиле дури по завршувањето на војната за независност на Израел. На 17 мај 1948 година, градот бил заземан од Хагана (еврејска паравоена формација).

Географија[уреди | уреди извор]

Координати : 32°55′34″ 35°5′2″ . Градот е објавен од страна на УНЕСКО за светско културно наследство.

Население[уреди | уреди извор]

Градот во денешно време има 45 000 жители.

Религија[уреди | уреди извор]

Во градот, покрај доминантното еврејско, живеат голем број на Арапи, претежно во стариот град.

Образование[уреди | уреди извор]

Туристички знаменитости[уреди | уреди извор]

Најважните туристички знаменитости во Ако се:[2]

  • Хан Ал-Умдан - голем караван-сарај во близина на пристаништето, изграден во доцниот 18 век од Ахмед ел-Џазар.
  • Музејот на богатството во ѕидините - кој содржи богата збирка на двајца колекционери, Ден Хортман и Мајкл Луриа.
  • Џамијата ел-Џазар, позната и како Џама ел Баша (Џамија на пашата), како и Џама ел Анвар (Џамија на светлината) - најголемата џамија во Израел надвор од Ерусалим и најголемата џамија во Израел од отоманскиот период. Џамијата била изградена во 1781-1782 година за време на владеењето на Ахмад ел-Џазар.
  • Музејот на уметноста Окаши - кој содржи постојана изложба на делата на Авшалом Окаши, еден од најпознатите израелски сликари, кој поголемиот дел од животот го поминал во Ако.
  • Турскито амам (Хама ал Баша) - кој потекнува од крајот на 18 век.
  • Пристаништето Ако - кое за првпат се споменува при грчкиот поход на Египет во 527-525 година п.н.е. Пристаништето било изградено за време на владеењето на Птоломеј II (285-246 п.н.е.)
  • Подземниот музеј на затворениците - главниот затвор во северниот дел на Израел за време на британската власт, во кој биле затворени припадниците на илегалните движења, како: Хагана, Иргун и Лехи.
  • Синагогата Рамхал (Раби Моше Хаим Луцато) - синагогата изградена од рабинот-кабалист Моше Хаим Луцато, кој се доселил во Ако во 1743 година. Во негова чест, синагогата е позната како Охел Хахаим и во неа гори вечен оган.
  • Синагогата Ор Тора - уникатна синагога чии ѕидови се покриени со мозаици.
  • Трговската улица - која се протега од север кон југ низ стариот град. За време на владеењето на крстоносците, улицата водела од Портата на Хоспиталерите преку Via Regis до пристаништето.
  • Тврдината на Хоспиталерите и Салата на витезите - голем систем на ходници, утврдувања и сали, изградени во 13 век од Хоспиталерите - монашки воен ред.
  • Тунелот на Темпларите - тунел долг 350 метри кој ја поврзувал Тврдината на Темпларите со пристаништето.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Akko, The secrets of the city above and the city below, The Old city of Akko.
  2. Akko, The secrets of the city above and the city below, The Old city of Akko.