Апостол Матеј (Евангелист)
Светиот апостол Матеј го напиша Евангелието на еврејски јазик, коешто набрзо беше преведено на грчки и до нас дојде на грчки, додека она на еврејски се изгуби. За овој евангелист се вели дека никогаш не јадел месо, а се хранел со овошје и зеленчук.
Живот
[уреди | уреди извор]Матеј бил син на Алфеј, најпрво цариник (т.е. закупец и порезник или митар) и како таков него го видел Господ во Капернаум и го повикал: „Врви по Мене.“ И откако станал, тргнал по Него (Матеј 9, 9). Потоа Матеј Му приредил дочек на Господ во својот дом и со тоа дошло до повод Господ да изрече неколку големи вистини за Своето доаѓање на земјата. Откако Го примил Светиот Дух, Св. Матеј го проповедал Евангелиетово Партија, во Мидија и во Етиопија, земјата црнечка.
Улога
[уреди | уреди извор]Во Етиопија, Матеј го поставил за епископ некој Платон, свој следбеник, а самиот се повлекол во молитвена осама во гората каде што му се јавил Господ. Ги крстил жената и синот на кнезот на таа земја, заради што кнезот се разгневи и испратил стража да го доведат Матеј пред него на суд. Војниците отишле и се вратиле кај кнезот говорејќи дека го слушнале гласот Матејев, но никако со очите не можеле да го видат Светиот апостол. Тогаш кнезот испратил друга стража. Кога и оваа стража му се приближи на апостолот, него го огреа небесна светлина толку силна, што војниците не можеа да гледаат во него, но исполнети со страв го фрлиле оружјето и се вратиле. Тогаш кнезот сам пошол. Кога му се приближил на Св. Матеј, овој заблеснал со таков блесок, што кнезот одеднаш ослепел. Но Светиот апостол имаше милостиво срце, Му се помолил на Бога и кнезот прогледал - за жал прогледа само со телесните очи, не и со духовните. Тој го фатил Св. Матеј и го подложи на лути маки. Имено, на двапати ложеше голем оган на неговите гради. Но силата Господова го сочувала жив и неповреден. Тогаш апостолот Му се помолил на Бога и Му го предал својот дух. Кнезот наредил и телото на маченикот го положиле во оловен ковчег, па го фрлиле во морето.
Светителот му се јавил на епископот Платон и му кажал за своето тело и за сандакот каде се наоѓаат. Епископот отишол и го донел ковчегот со телото на Св. апостол Матеј. Кога го видел ова ново чудо, кнезот се крстил и го примил името Матеј. Потоа овој кнез ја оставил сета светска суета и примил презвитерски чин, па богоугодно ѝ послужи на Црквата. Кога умре Платон, му се јавил на овој Матеј самиот апостол Матеј и го посоветува да го прими епископството. Тој беше многу години добар пастир, додека Господ не го повика во Своето бесмртно Царство.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- МПЦ - Светиот апостол и евангелист Матеј
- Библија - Евангелие според апостол Матеј Архивирано на 29 октомври 2007 г.
|
|