Курбан бајрам

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Курбан Бајрам)
Еден од поважните ритуали за Курбан бајрам

Курбан бајрам — голем исламски празник кој трае 4 дена (10-13 зулхиџет, односно дванаесеттиот месец според арапскиот календар) и се вика таканаречениот празник на жртвата затоа што тогаш се принесува жртва - курбан, обично овни и им се делат на сиромасите.

На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам - бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах. Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва - курбан која има симболика на приближување кон Бога. Обичајот го изведуваат сите кои имаат можност за тоа. Оние кои принеле жртва, потоа раздаваат од месото на сиромашните, соседите и роднините. На овој ден се крунисува аџилакот на аџиите кои отишле да се поклонат на Светата Ќаба во Мека.

Курбан бајрам според грегоријанскиот календар[уреди | уреди извор]

Поврзано: Исламски календар

Курбан бајрам секогаш паѓа во ист ден според исламскиот календар, но според грегоријанскиот календар датумот е различен од година во година бидејќи исламскиот каледнар е месечев календар а грегоријанскиот каледнар е сончев календар. Месечевиот календар е приблиќно 11 дена пократок од сончевиот календар. Секоја година, Курбан бајрам (како и другите исламски празници) се празнува на една од две различни грегоријански дати во различни делови од светот.

Следниов список претставува список на официјални датуми кога се прославува Курбан бајрам во Саудиска Арабија според прогласите на Врховниот совет. Датумите во иднина се пресметани според Umm al-Qura календарот на Саудиска Арабија.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. http://www.phys.uu.nl/~vgent/islam/ummalqura.htm Umm al-Qura Календар на Саудиска Арабија (англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]