Саун Томе (остров)
| Познат и како Островот Саун Томе | |
|---|---|
| Географија | |
| Место | Гвинејски Залив |
| Координати | 0°14′N 6°36′E / 0.233°N 6.600°E |
| Површина | 859 км2 |
| Должина | 48 км |
| Ширина | 32 км |
| Највисоко место | 2.024 м |
| Највисока точка | Врв Саун Томе |
| Држава | |
Саун Томе и Принсип | |
| Покраина | Саун Томе |
| Најголемо нас. место | Саун Томе (нас. 56,166) |
| Демографија | |
| Население | 193,380 (2018) |
| Густина | 225 /km2 (583 /sq mi) |
Саун Томе (португалски: São Tomé, „Свети Тома“) е остров во африканската држава Саун Томе и Принсип. Островот има вкупна површина од 854 км2 и воедно е најголем остров во државата. Според податоците од мај 2018 година на островот живееле околу 193.380 жители, или 96% од вкупното население на државата. Островот е поделен на четири окрузи. Саун Томе се наоѓа на 2 км северно од екваторот.
Географија
[уреди | уреди извор]Саун Томе има должина од 48 километри, а ширина од околу 32 километри. Највисока точка на островот е 2.024 метри, односно „Врвот Саун Томе“. Таму се наоѓа главниот град на државата, Саун Томе. Најблизок град на континентална Африка од Саун Томе е Порт Гентил во Габон, кој е оддалечен 240 километри источно. Околу островот има голем број малечки островчиња, меѓу кои Ролас, Кабрас и Габадо.
Јазик
[уреди | уреди извор]Главен административен јазик на островот (и во државата) е португалскиот. Сепак, на островот се зборуваат и португалските креолски јазици, анголски и фороански.
Геологија
[уреди | уреди извор]Островот е всушност масивен вулкански надморски израсток, вулкан кој излегува од Атлантскиот Океан. Вулканот има 3000 метри под нивото на морето. Овој е дел од вулканите кои се протегаат од Камерун до Атлантскиот Океан. Најмладите карпи на островот се стари 100.000 години.
Административна поделба
[уреди | уреди извор]Саун Томе е поделен на шест окрузи (окружните седишта се во заграда):
Галерија
[уреди | уреди извор]- Саун Томе
- Светилник во Сао Том
- Бока до Инферно, Саун Томе
- Врв Саун Томе
- Фауна во Саун Томе
- Кафе во Саун Томе
- Црква во Гвадалупе
- Сина Лагуна
- Какао во Саун Томе
- Гвадалупе
- Желка во Саун Томе
- Пазар во Саун Томе
Наводи
[уреди | уреди извор]- „Sao Tome“. Глобална програма за вулканизмоит. Смитсонова установа. (англиски)
- CIA Word Fact Book Архивирано на 18 септември 2015 г.