.pt

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
.pt
Воведен 1988
Тип на домен Највисок државен домен
Состојба Активен
Регистар Associação DNS.PT
Покровител Associação DNS.PT
Наменета употреба Ентитети поврзани со  Португалија
Фактичка употреба Доста употребуван во Португалија
Ограничувања на рестрацијата Нјаразлични ограничувања за разни поддомени; .com.pt е без ограничувања
Состав Регистрациите се директно на второ ниво ил пак на трето ниво за некои второстепени ознаки
Мреж. место dns.pt
DNSSEC да

.ptнајвисок државен домен за Португалија раководен од Fundação para a Computação Científica Nacional. ова се второстепените домени:

  • .com.pt: Без ограничувања слободна регистрација
  • .edu.pt: Образование
  • .gov.pt: Влада на Португалија
  • .int.pt: Меѓународни организации и дипломатски преставништва во Португалија
  • .net.pt: Телекомуникациски нудачи на услуги
  • .nome.pt: физички лица (nome на португалски значи име)
  • .org.pt: непрофитни организации
  • .publ.pt: објави (на пример весници)

Регистрацијата директно на второстепените домени е можна но со ограничувања:

  • .pt: здруженија, поединци трговци, професионалци, јавни претпријатија секое физичко и правно лице сопственици на трговска марка баратели на трговски марки. Името мора да е исто со името на сопственикот на трговската марка или името на бизнисот.[1]
  • .com.pt најлесно се стекнува бидејќи нема никакви ограничувања во именувањето.

Од 1 јули, 2005 година, некои од акцентираните букви се подржани во доменските имиња. Моментално дозволени букви се: à, á, â, ã, ç, é, ê, í, ó, ô, õ, ú. Ова се акцентираните букви кои се користат во португалскиот јазик.

Настрана од .gov.pt, португалските поддомени биле слабоискористени, бидејќи многу од луѓето се регистрирале на под доменот .pt кога почнале да се користат новите подомени. Многу претпријатија, колеџи и луѓе сеуште го користат доменот .pt бидејќи овие домени потешко се добиваат и се полесни за паметење. Постојат и недоследности: на пример, мрежната страна на Ministério dos Negócios Estrangeiros (Министерството за надворешни работи) не е www.mne.gov.pt, туку www.min-nestrangeiros.pt. Но, поддоменот .com.pt е силно промовиран од страна на регистарот, и сега има голем број на регистрации и активни мрежни страници. Други како .nome.pt з физичките лица се мошне ретки.

На почетокот, FCCN се обиде да воспостави контрола на доменот .pt со уотреба на строги правила, кои биле прилагодувани многупати. Преседанот претставен од домените кои веќе биле регистрирани, но не можеле да се регистрираат по новите измени довело до тоа правниците да побараат дека сите домени треба да бидат регистрирани подеднакво. Кога ситуавцијата излегла од контрола, FCCN се обидела да ги предложи субдомените како com.pt. Но бидејки т=регистрацијата под доменот .pt сеуште била можна, кориснице и понатаму го користеле.

Се проценува дека во доменот .pt се содржи 10% од целовкупниот португалски интернет.[1] Станува збор за третиот најпопуларен португалска наставка по .br и .com, и е пред .net, .org и .info, сите се над 10 милиони страници.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. As of 3 August 2008, of the about 910 million pages google lists as being written in Portuguese (value obtained by adding this to this), the .pt domain comprehends more than 83 million pages, to which should be added 7 million more, which Google reports to be written in other languages (see the total of pt pages here).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]