.se

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
.se
Dot-se-logo.png
Воведен 1986
Тип на домен Највисок државен домен
Состојба Активен
Регистар .SE
Покровител .SE
Наменета употреба Ентитети поврзани со
 Шведска
Фактичка употреба Многу користен во Шведска
Документи Terms and regulations for registration
Правила при спор Alternative dispute resolution (ADR)
Мреж. место .SE
DNSSEC да

.seнајвисок државен домен за Шведска. Највисокиот домен е управуван од .SE, но домените мора да се регистрираат преку еден од одобрените регистратори. .SE е фондација и е управувана како фондација. Фондацијата е раководена од одбор на директори, чии одлуки ги извршува, извршната управа.

Системот пред 2003 година[уреди | уреди извор]

Пред април 2003 година, правилата поврзани со управувањето и владението со највисокиот домен .se биле многу ограничувачки. Само претпријатија, здруженија кои се простираат на целата територија им било дозволено да регистрираат домен, и ситото се случувало и со регистрираното име. Индивидуалните производи не можеле да добијат посебни второстепени доменски имиња, дури и да станувало збор за регистрирани трговски марки. Физичките лица можеле да регистрираат само еден домен со името .pp.se, додека пак претпријатијата и организациите се регистрирале само во еден округ им било дозволено да запишат домен со <букви на округ>.se.[1] Непрофитните организации биле запишувани на окружно ниво. Спортските клубови немале потреба да го регистрираат своето име но морале доколку регистрирале име „округ.se“. Многумина кои не можеле да се регистрират директно под .se се регистрирале под .com или .nu. Овие правила биле вовоедени во 1996 година. Пред тоа постоеле неофицијални правила кои биле уште пограничувачки, каде физичките лица и спортските клубови не можеле да регистрираат домен.

Поранишни второстепени домени се:[2]

Домен Употребуван во
a.se градот Стокхолм
b.se Стокхолм (округ)
ac.se Вестерботен (округ)
bd.se Норботен (округ)
c.se Упсала (округ)
d.se Седерманланд (округ)
e.se Естерјетланд (округ)
f.se Јеншепинг (округ)
g.se Крунуберг (округ)
h.se Калмар (округ)
i.se Готланд (округ)
k.se Блекинге (округ)
l.se Кристијанштад (округ)
m.se Сконе (округ)
n.se Халанд (округ)
o.se Вестра Јеталанд (округ)
p.se Елвсборг (округ)
r.se Скараборг (округ)
s.se Вермланд (округ)
t.se Еребру (округ)
u.se Вестманланд (округ)
w.se Даларна (округ)
x.se Јевлеборг (округ)
y.se Вестернорланд (округ)
z.se Јемтланд (округ)
org.se непрофитни организации
pp.se Физички лица
tm.se трговски марки
parti.se политички партии
press.se весници

Сите овие второстепени домени се во употреба исффрлен е само (parti.se).

Бидејќи å,ä,ö не биле достапни поради технички причини, организациите можеле да го запишат името со a и o ако истото е достапни, што понекогаш предизвикувало проблеми. Општината Habo и Håboимале спор за името habo.se спор кој го добила Håbo бидејќи го запишала прв. По многу години, во 2011 година, се договориле http://www.habo.se/ да биде врска и за двете општини. Од 2003 година Шведска дозволила запишување на å,ä,ö во мрежните адреси.

По системот од 2003[уреди | уреди извор]

Со новите правила, секој ентитет или лице може да запише повеќе домени, но истите подлежат на некои ограничувања. Физичките лица можат да го запишат кој и да е домен со .se, се додека истиот е достапенa, не е во .SE Список на блокирани и резервирани домени. Во истовреме, правилата за распределба беа сменети во начелото „прв дошол, прв услужен“, и биле создадени поедноставни правила за разрешување на споровите.

Оф октомври 2003 година, .SE почнала да прифаќа записи IDN со буквите å, ä, ö, ü и é. На 6 септември 2007 година, вкупно биле достапни 250 знаци, подржувајќи имиња во сите легално признати малцински јазици: фински, мејанкиели, сами, ромски и јидиш.

Доменските имиња со å,ä,ö не се користат неколку години, бидејќи корисничките пребарувачи мораат да имаат соодветна подршка. И сеуште, организациите кои имаат å,ä,ö во нивните имиња (како Skåne) ги користат доменските имиња без овие букви (пример http://www.skane.se ), и користат пренасочување до нивното соодветно име (пример http://www.skåne.se ). Многу организации не гоо подржуваат соодветното име со å,ä or ö (пример http://www.västerbotten.se не постои од 2013 година).

.se е првиот TLD кој нуди DNSSEC услуги. Ова го прави користејќи OpenDNSSEC.

Целиот домен .se беше недостапен 58 минути на12 октомври 2009 година, кога грешка при вообичаената контрола од .SE ги корумпирала сите доменски имиња во регистарот.[3]

Познати хакови[уреди | уреди извор]

Многу од шведските доменски имиња биле резервирани за англиските зборови кои завршуваат на „se“. Денес не постојат овие доменски имиња на првичниот домеснки пазар како резултата на шпекулациите со доменските имиња. Повеќето од нив можат да се купат на второстепениот доменски пазар за имиња. Се развиле само неколку домени.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Swedes Abandoning .SE Country Code“, InternetNews.com, 14 декември 1998 (конс. 19 февруари 2009 г).
  2. Google search on a.se on b.se on c.se on d.se on org.se on tm.se on press.se etc
  3. „Sweden’s Internet broken by DNS mistake“. Pingdom. 13 октомври 2009. архивирано од оригиналот на 15 октомври 2009. http://web.archive.org/web/20091015020048/http://royal.pingdom.com/2009/10/13/sweden%E2%80%99s-internet-broken-by-dns-mistake/. конс. 13 октомври 2009 г. 

НАдворешни врски[уреди | уреди извор]