Парламент на Нов Зеланд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Парламент на Нов Зеланд
Coat of arms or logo
Тип
Тип
HousesПретставнички дом
Водство
Места120 пратеници
Зборно место
Парламентарен дом, Велингтон, Нов Зеланд
Мрежно место
www.parliament.nz


Парламентот на Нов Зеланд (англ. Parliament of New Zealand) се состои од Кралицата на Нов Зеланд (Queen of New Zealand) и Претставничкиот дом (New Zealand House of Representatives) и, сѐ до 1951, Законодавниот совет (New Zealand Legislative Council). Меѓутоа најчесто луѓето претставничкиот дом погрешно го нарекуваат „парламент“. Претставничкиот дом обично се состои од 120 члена, т.е. пратеници, моментално 121 (окт.2008). Пратениците се бираат директно, по пат на општонародни избори. Нов Зеланд го следи Вестминстерскиот модел на управување, со влада преводена од кабинет на чие чело стои премиер изгласан од претставничкиот дом.

Претседател на Парламентот на Нов Зеланд e Локвуд Смит од Националната партија, кој стапил на функција на 9 декември 2008.

Парламентот е сместен во Велингтон, главниот град на државата уште од 1865 г. Моментално заседава новиот 49ти новозеландски парламент (ноември 2008).

Историја[уреди | уреди извор]

Парламентот бил создаден од страна на Велика Британија, со Законот за самоуправа на Нов Зеланд од 1852 г. кој поставува дводомно законодавство. Меѓутоа во 1951 горниот дом, т.е. Законодавниот совет бил укинат, па така денес законодавството е еднодомно. Во 1947 парламентот добил целосна власт над сите работи во државата, со Законот за прифаќање на Вестминстерскиот статут.

Суверенитет[уреди | уреди извор]

Парламентот на Нов Зеланд ужива суверенитет, што значи дека не постои ниедна институција што може да ги отфрли или поништи неговите донесени одлуки. Моќта на парламентот да дејствува е законски неограничена. Законот за Новозеландската декларација за правата е нормална законодавна одлука, но не и виш закон. Парламентот е ограничен во: продолжувањето на својот мандат, решавањето за тоа кој има право на глас, како се гласа (по пат на тајно гласање), како земјата се дели на избирачки места, како и на составот на Комисијата за претставништво која одлучува за избирачките места. Овие прашања бараат 75% од парламентарците да го поддржуваат предлог-законот (Bill), или пак се решаваат по пат на референдум. Меѓутоа и овие правила се донесени со нормален парламентарен акт.

Институции во парламентот[уреди | уреди извор]

Претставнички дом[уреди | уреди извор]

Новозеландските парламентарни згради

Претставничкиот дом на Нов Зеланд е единствениот дом на парламентот од 1951 г. Тој се бира на општи парламентарни избори секои 3 години, со осумнаесет одбрани комитети кои ја надгледуваат легалноста на изборите. Во рамките на претставничкиот дом, за еден предлог да стане закон, тој мора да помине низ три читања и да се разгледа од одбран комитет и комитетот на целиот дом.

Горен дом (до 1951.)[уреди | уреди извор]

Новозеландскиот парламент нема горен дом; тој е еднодомен. До 1950 постоел горен дом, тнр. Законодавен совет, и постојат повремени сугестии повторно да се воведе дводомниот систем.

Законодавниот совет бил создаден со цел да ги иследува, контролира и корегира предлог-законите донесени од Претставничкиот дом, иако истиот не можел да иницира законодавни процедури и да менува финансиски закони. Покрај повремени предлози од страна на избран совет, членовите на законодавниот совет биле назначувани од гувернерот, обично по препорака на премиерот. Отпрвин членовите на законодавниот совет биле избирани доживотно, но во 1891 г. тоа било намалено на 7 години служба. Подоцна било решено дека законодавниот совет не игра значајна улога во законодавството, и дека мандатите на членовите истекуваат на 31 декември 1950. Советот имал 54 члена, вклучувајќи и свој претсдател.

Кралско одобрение[уреди | уреди извор]

Ако предлогот помине низ три читања, тогаш службеникот на претставничкиот дом му го предава на генералниот гувернер, кој дава кралско одобрение (Royal Assent) како чиста формалност. Некои уставни правници, како професорот Филип Џозеф сметаат дека генералниот гувернер сепак го задржува правото да одбие да даде кралско одобрение во вонредни случаи - особено ако се укинува демократијата[1]. Други, како поранешниот професор по право и поранешниот премиер Џефри Палмер и Метју Палмер велат дека одбивањето на кралско одобрение би довело до уставна криза[2]. Во историјата на политичкиот систем на Нов Зеланд, досега се нема случено одбивање на кралско одобрение од генералниот гувернер за било кој предлог-закон на Претставничкиот дом.

Со добивањето на кралското одобрение, предлог-законот станува закон.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Philip Joseph (2002). Constitutional and Administrative Law in New Zealand (Второ. изд.). Brookers. ISBN 9780864723994.
  2. Sir Geoffrey Palmer and Matthew Palmer (2004). Bridled Power: New Zealand's Constitution and Government (Четврто. изд.). Oxford University Press. ISBN 0195584635.