Портал:Нов Зеланд

Од Википедија — слободната енциклопедија


уредете  

ПОРТАЛ „НОВ ЗЕЛАНД“

Знаме на Нов Зеланд
Знаме на Нов Зеланд
Грб на Нов Зеланд
Грб на Нов Зеланд
Местоположба на картата на светот

Нов Зеланд (маорски: Aotearoa) е земја која се состоиу од два големи острова и многу помали острови на југозападниот Тихи Океан (Пацифик). Меѓу јужнопацифичките земји, Нов Зеланд има најголемо и најразвиено стопанство и по население е помала само од Папуа Нова Гвинеја. Нов Зеланд е познат по неговата изолираност, одвоен од Австралија на северозапад со Тасмановото Море, кое е широко околу 2,000 км. Најблиските соседи на север се Нова Каледонија, Фиџи и Тонга.

Најзиното Величество, Елизабета II на Нов Зеланд е кралица на Нов Зеланд и во земјата неја ја претставува назначен Генерален гувернер. Де факто политичка власт има премиерот Хелен Кларк која, како шеф на владата, подлежи на довербата на демократски избран Парламентот на Нов Зеланд. Во рамките на Кралството Нов Зеланд спаѓаат самоуправните земји Кукови Острови и Ниуе, како и несамостојните територии Токелау и новозеландскиот дел од Антарктикот.

уредете  

Одбрана статија

Парламентот на Нов Зеланд
Парламентот на Нов Зеланд

Парламентот на Нов Зеланд (англ. Parliament of New Zealand) се состои од Кралицата на Нов Зеланд (Queen of New Zealand) и Претставничкиот дом (New Zealand House of Representatives) и, сѐ до 1951, Законодавниот совет (New Zealand Legislative Council). Меѓутоа најчесто луѓето претставничкиот дом погрешно го нарекуваат „парламент“. Претставничкиот дом обично се состои од 120 члена, т.е. пратеници, моментално 121 (окт.2008). Пратениците се бираат директно, по пат на општонародни избори. Нов Зеланд го следи Вестминстерскиот модел на управување, со влада преводена од кабинет на чие чело стои премиер изгласан од претставничкиот дом. Парламентот е сместен во Велингтон, главниот град на државата уште од 1865 г. Парламентот бил создаден од страна на Велика Британија, со Законот за самоуправа на Нов Зеланд од 1852 г. кој поставува дводомно законодавство. Меѓутоа во 1951 горниот дом, т.е. Законодавниот совет бил укинат, па така денес законодавството е еднодомно. Во 1947 парламентот добил целосна власт над сите работи во државата, со Законот за прифаќање на Вестминстерскиот статут. Парламентот на Нов Зеланд ужива суверенитет, што значи дека не постои ниедна институција што може да ги отфрли или поништи неговите донесени одлуки. Моќта на парламентот да дејствува е законски неограничена. Законот за Новозеландската декларација за правата е нормална законодавна одлука, но не и виш закон. Парламентот е ограничен во: продолжувањето на својот мандат, решавањето за тоа кој има право на глас, како се гласа (по пат на тајно гласање), како земјата се дели на избирачки места, како и на составот на Комисијата за претставништво која одлучува за избирачките места. Овие прашања бараат 75% од парламентарците да го поддржуваат предлог-законот (Bill), или пак се решаваат по пат на референдум. Меѓутоа и овие правила се донесени со нормален парламентарен акт. (повеќе...)

уредете  

Одбрана слика

Тетауматафакатангихангакоауаотаматеаурехаеатурипукапихимаунгахоронукупокаифенуаакитанараху
Тетауматафакатангихангакоауаотаматеаурехаеатурипукапихимаунгахоронукупокаифенуаакитанараху

Тетауматафакатангихангакоауаотаматеаурехаеатурипукапихимаунгахоронукупокаифе
нуаакитанараху
, е рид близу близу Порангахау, јужно од Ваипукурау во јужниот дел на регионот Хоковиот Залив, Нов Зеланд. Според Гинисовата книга на рекорди, ова е вториот најдолг географски поим на светот.

уредете  

Вести

  • 8 ноември: Лидерот на Националната партија, Џон Ки е изгласан за Премиер на Нов Зеланд со победата на неговата партија на парламентарните избори од 2008 г.
  • 28 август: Службата за сериозен стопански криминал најавува истрага во финансиските средства на партијата Прво Нов Зеланд.
  • 25 август: Земјотрес со јачина од 5.9 степени го погодува Хестингс, најјак земјотрес во земјата во последните 20 години, но предизвикува само мали штети заради неговата длабочина.
  • 18 август: Применети се вонредни мерки во Даниднската државна болница со појавувањето на норовирус. Заразени се над 100 пациенти и персонал.
  • 16 август: Нов Зеланд го доживува најуспешниот олимписки ден во историјата, освојувајќи 5 медали: два златни, еден сребрен и два беронзени.
  • 26 јули: Бура на северниот дел од Северниот Остров причинува смрт на неколку луѓе и нашироко предизвикува прекин на електричната енергија.
  • 25 јули: Винстон Питерс порекнува дека незаконски добивал донации за неговата партија од 2005 наваму.
  • 5 јули: 15,000 учествуваат на протестен марш во Окленд за насилствата против Азијатите.
  • уредете  

    Категории

    уредете  

    ВикиПроекти

    уредете  

    Дали се знаеле...

    ...дека Болдвин Стрит во Данидн е најстрмната улица на светот?

    ...дека Нов Зеланд повеќе нема 20 овци по глава на жител, туку само 12?

    ...дека градот Окленд лежи на два океана - Тихиот и Индискиот?

    уредете  

    Новозеландски теми

    Историја Хронологија | Договор од Ваитанги | Маорски војни | Пловила | Утврдувања | Антарктичка историја
    Географија Градови | Помали места | Острови | Планини | Региони | Реки | Национални паркови | Морски резервати | Езера | Пештери
    Управување Устав | Список на влади | Надворешни врски | Војска | Избирачки систем | Референдуми | Почести
    Политика Политички партии (Лабуристичка, Национална, Прво Нов Зеланд, Зелени, Маорска партија, АКТ, Обединета иднина) | Избори
    Стопанство Фирми | Комуникации | Транспорт | Банка на резерви | Берза
    Култура Маорска култура | Новозеландски англиски | Кинематографија | Кујна | Образование | Книжевност | Музика | Празници | Спорт | Вино
    Општество Демографија | Маори | Пакеха | ЛГБТ
    Биоразновидност Животни | Растенија | Изумрени животни

    исчисти кеш