Список на острови на Нов Зеланд
(Пренасочено од Список на острови во Нов Зеланд)
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Нов Зеланд се состои од поголем број острови. Двата главни острова, кои се многу поголеми од останатите и каде живее најголемиот број на населението се Северниот и Јужниот Остров. Од овие, Јужниот е поголем по површина, но северниот има побројно население. Стјуартовиот Остров (Ракиура) е во голема мера најголемиот од останатите острови, додека островот Ваихеке близу Окленд има највеќе жители од сите помали острови.
Еве список на дванаесетте најголеми острови на Нов Зеланд подредени по големина:
Ранг | Англиски назив | Маорски назив | км² | % од НЗ | Население |
---|---|---|---|---|---|
1 | Јужен Остров | Те Ваи Поунаму | 151215 | 56.2% | 1,008,400 |
2 | Северен Остров | Те Ика-а-Мауи | 113729 | 42.3% | 3,148,400 |
3 | Стјуартов Остров | Ракиура | 1746 | 0.6% | 400 |
4 | Четемски Остров | Рекоху | 900 | 0.3% | 600 |
5 | Оклендски Остров | Моту Маха | 510 | 0.2% | 0 |
6 | Голем Препречен Остров | Аотеја | 285 | 0.1% | 850 |
7 | Резолушн | Таумоана | 208 | 0.1% | 0 |
8 | Дирвилов Остров | Рангитото Ки Те Тонга | 150 | <0.1% | |
9 | Кемпбелов Остров | 115 | <0.1% | 0 | |
10 | Адамсов Остров | 100 | <0.1% | 0 | |
11 | Ваихеке | 92 | <0.1% | 7,700 | |
12 | Секретарски Остров | 81 | <0.1% | 0 |