Дводомен парламент
Дводомен парламент е парламент кој е организиран околу две легислативни тела (два дома). Дводомен парламент обично имаат поголемите земји, федерациите, бинационални или повеќенационални земји, итн.
Идејата за дводомен парламент потекнува од потребата да бидат застапени различни форми на претставување во парламентот: на пример ако се работи за федерација, во долниот дом може се застапени граѓаните на мнозински принцип, а во горниот дом може да се застапени федералните единици на паритетен или подеднаков принцип. Таков е случајот во САД, кајшто Претставничкиот дом има пропорционална застапеност на сојузните држави според населението, а во Сенатот секоја сојузна држава е застапена со по двајца претставници.
Во други случаи, долниот и горниот дом ја претставуваат поделбата на власта помеѓу народот и монархот, како што е тоа во Обединетото Кралство: во долниот дом се претставени граѓаните, а во горниот претставниците назначени од монархијата - лордовите.
Вообичаено, последниот збор во донесувањето на законите го има горниот дом, но во некои случаи тој има само советодавна улога.
Во принцип, донесувањето на закони во дводомниот парламент се одвива најмногу во три фази:
- усвојување на предлог-закон во долниот дом
- потврдување на предлог-закон во горниот дом
- одобрување на предлог-законот од претседател, монарх или нивни повереник, ако такво овластување е предвидено со устав, деловник или некој друг правен акт или вообичаено во праксата.
Поврзано
[уреди | уреди извор]
|