Економија на Нов Зеланд

Од Википедија — слободната енциклопедија

Економијата на Нов Зеланд била 53. најголема економија во светот и петта најголема економија во ОЕЦД, во 2016 година, со БДП од 185 милијарди долари.

Надворешна трговија[уреди | уреди извор]

Извозот зазема 24% во БДП на Нов Зеланд при што земјоделските производи учествуваат со 55% во вкупниот извоз. Нов Зеланд е најголемиот извозник на овчо месо и на млечни производи во светот, како и вториот извозник на волна во светот. Шесте најважни извозни производи на Нов Зеланд се:[1]

  • млеко, јајца и мед (извоз во вредност од 10,2 милијарди долари и со учество од 27,6% во вкупниот извоз)
  • месо (извоз во вредност од 4,7 милијарди долари и со учество од 12,7% во вкупниот извоз)
  • дрво (извоз во вредност од 3,3 милијарди долари и со учество од 5,1% во вкупниот извоз)
  • овошје и апетисани (извоз во вредност од 1,9 милијарди долари и со учество од 5,1% во вкупниот извоз)
  • алкохол, вино и други напитоци (извоз во вредност од 1,4 милијарди долари и со учество од 3,7% во вкупниот извоз)
  • риба (извоз во вредност од 1,1 милијарда долари и со учество од 3,1% во вкупниот извоз)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Љупчо Поповски, „Во Нов Зеланд фармерите не сакаат субвенции“, Економија и бизнис, година 20, број 242, септември 2018, стр. 92.