Туамоту

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Туамоту
Познат и како Tuamotu
Flag of the Tuamotu Islands.svg
Знаме на Туамоту
French Polynesia-CIA WFB Map.png
Географија
МестоТихи Океан
АрипелагПолинезија
Вкупно острови78
Поголеми островиАна, Факарава, Хао, и Макемо
Површина850 км2
Управување
Франција
прекуморска заедницаФранцуска Полинезија
Демографија
Население15,862 (2002)
Густина на население18 /km2 (47 /sq mi)


Туамоту (француски: Îles Tuamotu, официјално Archipel des Tuamotu) — архипелаг во Тихиот Океан составен од скоро 80 атоли и острови. Административно, архипелагот е дел од Француска Полинезија, прекуморска заедница на Франција. Вкупната копнена површина на Туамоту е 850 километри квадратни, а морската територија е скоро колку територијата на Западна Европа. Туамоту има вкупно население од околу 16.000 жители. Автохтоното население на Туамоту се Полинезијци, Туамотуанци, и зборуваат на туамотски јазик.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според податоците 2007, Туамоту, заедно со Гамбиеровите Острови, имале население од 18.317 жители. Автохтон јазик на Туамоту е туамотскиот јазик, освен на Пука-Пука и Маркиските Острови каде се зборува маркиски јазик.

Географија[уреди | уреди извор]

Иако архипелагот е расштркан на огромна територија, вкупната површина на копното на островите е 885 километри квадратни. Климата на островите е тропска и топла, без други сезони. Релативната просечна температура е 26 степени целзиусови. Островите немаат постојани езера и реки со свежа вода, па питка вода се собира од дождовница. Низ историјата не се забележани вулкански активности.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 18°02′27″S 141°24′34″W / 18.04083° ЈГШ; 141.40944° ЗГД / -18.04083; -141.40944