Цвеќарство
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |

Цвеќарство или флорикултура — дисциплина на хортикултурата која се занимава со одгледување на цветоносни и украсни растенија. Цветоносните растенија се одгледуваат ширум светот во простории и надвор. Цвеќарите за примарна цел го имаат развојот на размножувањето на растенијата, а со тоа и на нови видови.
Предмет на проучување
[уреди | уреди извор]Цвеќарската култура ги вклучува билките со отворен простор, како што се многугодишно растение и двогодишни растенија, собни билки, саксиени билки, сецкан цвет и цвеќе со следечко зеленило. За разлика од расадни производи кои се занимаваат со продукција на садници дрвенасти билки (дрва, жбун и лијана), цвеќaрството опфаќа претежно тревести билки, но се занимава и со мали број дрвенести и полудрвенести видови кои со својот хабитус, низок раст, раскошни цветови или техники на огдледувања и размножувања се слични на зељестите многугодишни растенија. Такви се на пример розата, која, иако е дрвенаста билка, припаѓа на цвеќарството. Исто така многу билки кои имаат вредност за фармацијата, а истовремено се и декоративни (перуника, божур, невен). Билките во сад за ентериер опфаќаат цветнодекоративни и лиснодекоративни билки кои се често дрвенасти билки во тропски и суптропски подрачја како што се фикус, филодендрони, палма. Поединечни поградинарски култури, како зелката, имаат декоративен вид кои се предмет на произведување и примена преку цвеќарството.[1]
Во Македонија цвеќарството се изучува на катедрите за хортикултура и пејсажна архитектура на Шумарскиот факултет како и на Земјоделскиот факултет.
Технологија на производство
[уреди | уреди извор]Производството на цветната култура се обавува во стаклена градина со контролирании услови, каде се регулира температура, влага и осветлување, или на отворено, а испорачува во контејнери како репро материјал без сечениот цвет.
Индустријата на сечениот цвет е посебна област на цвеќарството и технологија во овојата област каде опфаќа низа постапки со кои се добива квалитетен и економичен производ со оптимална продуктивност а тоа се размаци на садње, сечење на цветови (пинсирање), фертиригација итн. За овој сегмент на цвеќарството важно е и како да се постигне што поголема трајност на приозводот по берба, како да се складира, чува и пакува, што е предмет на изучување на постхарвест физиологијата.[2]
Некои видови цвеќиња се берат во природа за пазарот на сечено цвеќе, што не е случај само кај нас, туку и во Австралија и САД.
Тренд
[уреди | уреди извор]Развојот, преку облагородување на растенијата, и синтеза на нови сорти е главна преокупација на цвеќарството денас. Потреба за нов таксон во цвеќарството е стален. Од извештајот на Европската канцеларија за билни сорти (CPVO -Community plant variety office) за 2008. година се гледа дека во периодот 1999-2008 година е поднесено околу 15.500 барања за регистрација и заштита на сортите на украсните билаки. Само во 2008 година. поднесено е 1631 барање што е убедливо најмногу во споредба со останатите групни билки (полјоделски билки, овошје и зеленчук) и предстаавува 54,2% од свите барања. Розите и хризантемата од почетокот на работата CPVO биле најважни таксони на основа на податоците на Канцеларијата, а после тоа пеларгониум, љиљани, гербер и многу други, од година до година.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Janick, J. (1986): Horticultural Science. Fourth edition. W. N. Freeman Company. New York
- ↑ Мијановић, О. (1979): Цвеќарството, прв дел (општ дел, саксиска култура, сечено цвеќе во стаклениците, саксиско цвеќе). Шумарски факултет (скрипта)
- ↑ „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-03-25. Посетено на 2017-03-15.