Катарство

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Катарството (грчки: καθαροί, чисто, прочистено) претставувало религиозно христијанско движење кое се проширило и опстојувало во Европа во периодот од 11 век до 14 век. Според некои претпоставки, катарството имало словенски корени. Се смета дека тоа настанало под притисок на богомилското учење на Балканот. Римокатоличката црква ова движење го прогласила за ерес и нејзините претставници ги прогонувала поради нивните убедувања.

Папа Инокентие III организирал крстоносна војна против катарството, кое прераснало во четириесетгодишна војна против населението на Лангдок. Така, околу 500.000 луѓе биле масакрирани, а нивните имоти биле припоени кон Франција.

Катарството своите корени ги имало од Богомилите на Балканот. На запад ова движење се проширило преку Далмација до Италија и Франција. Голем дел од словенските апокрифи биле преведувани на латински јазик, и истите кружиле помеѓу катарите.