Гностички евангелија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Гностицизам

This article is part of a series on Гностицизам
Историја на гностицизмот
Ран гностицизам
Сириско-египетски гностицизам
Гностицизам во денешно време
Отци
Филон Александриски
Симон Врач
Серинтиј
Валентин
Василид
Гностички текстови
Гностички евангелија
Гностицизам и Новиот завет
Поврзани статии
Гносис
Неоплатонизам и гностицизам
Мандејство
Манихејство
Босанска црква
Езотерично христијанство

Гностицизам Portal

Гностичките евангелија претставуваат збирка од околу педесет и два текста, кои биле пишувани врз основа на античките учења од страна на дел од духовните водачи од тоа време[1]. Овие евангелија не се дел од стандардните канонски односно библиски евангелија кај секоја поголема христијанска деноминација, и како такви не се дел од Новиот завет. Овие евангелија биле тема на неколку романи и филмови кои биле објавени последните неколку години и истите предизвикале голем јавен интерес[2][3].

Наг Хамади[уреди | уреди извор]

Едно од најголемите пронајдоци во историската наука, по Втората светска војна, е пронаоѓањето на гностичките евангелија од Наг Хамади. Се работи за гностички текстови, вкупно 52 на број, пронајдени во 1945 година во Наг Хамади, Северен Египет, од страна на локален селанец. Сепак, на првиот нивни целосен превод се чекало цели 30 години. Преводот на текстовите од Наг Хамади бил направен во 1977 година од страна на Џејмс Робинсон.

Овие текстови, напишани на коптски јазик, се од извонредно големо значење за историската дисциплина која се занимава со проучувањето на раното христијанство. Имено, сè до нивното пронаоѓање, речиси сè што се знаело за христијанскиот гностицизам потекнувало од извори од негностичка провиниенција. Со пронаоѓањето на гностичките евангелија од Наг Хамади, за првпат, историската наука дознала за гностичкото учење „од прва рака“, лично од гностиците. Оттука е заклучокот дека и покрај нивната очигледна апокрифност и неавтентичност, преку деталната анализа на текстовите на гностичките евангелија се овозможува поцелосно разбирање на раното христијанство, неговиот развој и ширење.

Според анализата на копското писмо, анализата на папирусот, како и хемиската амализа на кожниот подврз кој бил употребен за зацврстување на текстовите, со релативно голема сигурност може да се претпостави дека пронајдените гностички ракописи датираат меѓу 350 и 400 година. Сепак, општо е уверувањето дека се работи за преписи на постари текстови, најверојатно напишани на старогрчки јазик, а потоа преведени на коптски. Единствено полемика предизвикува прецизното датирање на претпоставените оригинални текстови. Најголемиот дел познавачи на оваа проблематика, оригиналните гностички евангелија напишани на старогрчки јазик, ги датираат во периодот до 120150 година. Ова тврдење се заснова пред сè на пишувањето на лионскиот епископ и маченик Свети Иринеј Лионски, кој во своето дело Contra Haereses, III,IX, 9, датирано околу 180 година, напишал дека гностиците поседуваат повеќе неавтентични евангелија.

Некои научници сметаат дека гностичките евангелија содржат релативно автентични преданија од втората половина на 1 век. Сепак оваа теза наидува на сериозни критики од страна на другиот дел од научната јавност. Во гностичките текстови е изнесено учењето на гностичките религиозни групи. Иако, голем дел од она што го содржат овие текстови е речиси идентично со Новозаветните дела, сепак, тие содржат и идеи кои од страна на правоверната црква биле прогласени за еретички. Во нив се критикуваат некои од христијанските догми, како што е безгрешното зачетие и телесното воскресение на Исус. Спротивно на правоверната црква, гностичките евангелија упатуваат на Бога како на татко и мајка т.е. го нагласуваат женскиот елемент на Светото Тројство.

Избрани евангелија[уреди | уреди извор]

Иако постојат голем број на евангелија, сепак од нив можат да се издвојат следните:

Во културата[уреди | уреди извор]

Гностичката евангелија добиле голем интерес откако биле наведени во 2003 година во најдобро продаваниот роман Кодот на Да Винчи. По излевањето на романот, како и на филмот, во јаавноста се отворила голема дебата околу точноста на податоците.

Од 1999 година во филмот Стигмата исто така бил претставено уште едно од гностичките евангелија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име pbs.
  2. Elaine Pagels and Michael Licona. „Gospel of Thomas debate“. Pax TV. Архивирано од изворникот на 2007-09-19. Посетено на 2007-04-22.
  3. Lance S. Owens. „An Introduction to Gnosticism and The Nag Hammadi Library“. The Gnostic Society. Посетено на 2007-04-22.