Евангелие според Јуда

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Првата страна од евангелието)

Евангелието според Јуда е апокрифно евангелие од гностичко потекло, кое било преведено на коптски јазик најверојатно кон средината на 2 век од грчки оригинал. Како автор на текстот е наведен Јуда Искариотски.

Текстот ја претставува историјата на начин според кој Исус наводно го замолил на Јуда да го предаде. По ова во текстот е претставена гностичката космологија која ја поседувал Јуда, претставувајќи го како дисциплиниран ученик, кој го исполнил барањето на учителот да биде предаден. Документот е поделен во три главни делови. Секој од нив има три потцелини. Главниот проблем е во достигнување восостојба на изгубено спознание. Христос е претставен како учител и просветител оној кој ја открива Божествената мистерија). Последицата на Христовото дело е реинтеграција со примордијален извор, т.е. враќање на Отецот преку таинско познание.

Единствената позната копија на евангелието според Јуда, ракопис од папирус, (познат и како „кодекс“), вели дека за разлика од Библијата, Исус лично побарал од Јуда да им го предаде на римските војници, што длабоко го повредило верниот ученик. Клучниот пасус во евангелието е кога Исус му вели на ЈУда:

„... Ти ќе ги надминеш сите други. Зашто ќе го жртвуваш човекот што ме облекува“.

Текстот упатува на тоа дека Јуда, помагајќи му на Исус да се ослободи од своето физичко постоење, помогнал да се ослободи неговата духовна божественост.

Изгубен во продолжение на 1700 години, текстот бил пронајден во Ел Миља, во Египет во текот на 1978 година. Текстот содржи над 60 страни во кои покрај „Евангелие по Јуда“ се и „Апокалипсата на Јаков“, „Писмото на апостолот Петар до апостолот Филип“ и фрагмент од текст кој научниците го нарекле „Книга на туѓината“.

Првите најави за постоење текст на „Евангелието по Јуда“ биле пронајдени во студијата од Свети Иринеј, епископ од Лион, во 180 година од нашата ера. Студијата го нарекува Евангелието - еретичко. За авторот на текстот денеска не постојат податоци. Според Андреј Курајев, професор на Московската духовна академија, тој документ не можел да биде дело на Јуда Искариотски, затоа што тој се обесил дента кога бил распнат Христос[1].

Наводи[уреди]