Прејди на содржината

Жан ле Рон Даламбер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Жан ле Рон Даламбер
Jean le Rond d'Alembert
Жан ле Рон Даламбер, масло на платно од Морис Кантен де Ла Тур
Роден(а)16 ноември 1717(1717-11-16)
Париз
Починал(а)29 октомври 1783(1783-10-29) (возр. 65)
Париз
НационалностФранцузин
Полињаматематика
механика
физика
филозофија
Значајни студентиПјер Симон Лаплас
Познат поДаламберов критерим
Даламберова сила
Даламберова равенка
Бранова равенка
Даламберов оператор
Даламберов парадокс
Даламберов принцип
Далмберов систем
Даламбер–Ојлеров услов
Коши–Риманови равенства
Механика на течностите
Француска енциклопедија
Проблем на три тела

Жан ле Рон Даламбер (француски: Jean le Rond D'Alembert; 16 ноември 1717 - 29 октомври 1783) — француски математичар, физичар и филозоф. Заедно со Дени Дидро, се едни од најпознатите енциклопедисти. Познат е по своите математички истражувања (диференцијални равенки, парцијални изводи).

Рани години

[уреди | уреди извор]

Даламбер е роден на 16 ноември 1717 година во Париз, како вонбрачно дете на љубовта помеѓу писателка и офицер. Неколку дена потоа мајка му го оставила на скалите на црквата Сен Жан ле Рон во Париз. Според обичаите, тој бил крстен според светецот на црквата. Даламбер бил сместен во сиропиталиште, но неговиот татко го пронашол и живееле заедно со жена на стаклар, Мадам Русо, со која живееле речиси 50 години.[1] Детуш тајно платил за образованието на Жан Ле Рон, но не сакал неговото татковство да биде официјално признато.

Студии и подоцнежни години

[уреди | уреди извор]

Даламбер прво посетувал приватно училиште. Витезот Детуш му оставил на Даламбер годишна издршка од 1200 ливри по неговата смрт во 1726. Под влијание на фамилијата Детуш, на 12 годишна возраст се запишал на Јансенитскиот колеџ „Четири нации“ (познат и под името колеџ „Мазарен“). Тука студирал филозофија, право и уметност и се стекнал со диплома по уметност во 1735 година.

Во јули 1739 за првпат придонесува во полето на математиката со укажување на грешките кои постоеле во делото „L'analyse demontree“ (објавено во 1708 г. од страна на Шарл Рене Рено) во допис до Академијата на науките Во 1741 година, после неколку неуспешни обиди, Даламбер бил избран за член на Академија на науките. Подоцна во 1746 година тој бил избран како член на Берлинската академија[2] и како член на кралското друштво во 1748 година.[3] Во 1743 година го објавил неговот најголем труд, „Traité de dynamique“, во кој тој ги изнесува резултатите на своите истражувања за законите на движење.[4] Во 1754 година Даламбер бил избран за член на Француската академија (француски: Académie Française) со работна задача секретар и останал на таа позиција сè до 9 април 1772 година. Бројот на членовите на оваа академија бил ограничен на 40, а тој го заземал 25 место во периодот од 1754 до 1783 година. Негов голем соперник во областа на математиката и физиката во Академијата на Науки бил Алексис Клеро. Сè до својата смрт, 1783 година продолжил да се занимава со научна работа.

Личен живот

[уреди | уреди извор]

Ја напуштил семејната куќа во 1765 година за да може да ужива во платонската љубов со писателката Жили де Лепинас. Даламбер бил редовен посетител во париските салони, посебно во оние на госпоѓицата Жоврен и госпоѓицата Де Лепинас. Таму ја запознал Дидроа.

Даламбер починал од болест на мочниот меур. Поради своето изразено противење на црквата и атеизам бил погребан во необележен гроб.

  1. Hall, Evelyn Beatrice (1906). The Friends of Voltaire. стр. 5.
  2. Hankins, T.L. (1990). Jean d'Alembert: Science and the Enlightenment. стр. 26. ISBN 978-2-88124-399-8. Посетено на 2009-10-27.
  3. „Library and Archive Catalogue“. Royal Society. Архивирано од изворникот на 2020-04-10. Посетено на 3 December 2010.
  4. Pearsall, Judy; Trumble, Bill, Eds. (2001). The Oxford English Reference Dictionary. 2nd ed. Oxford University Press. ISBN 0-19-860046-1. p.32.