Пјер Симон Лаплас

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Пјер Симон Лаплас
Pierre-Simon Laplace.jpg
Пјер Симон Лаплас (1749–1827). Постхумен портрет, 1842
Роден 23 март 1749
(Бомон ан Ож, Нормандија, Франција
Починал 5 март 1827(1827-03-05) (на 77 год.)
Париз, Франција
Националност  Франција
Полиња Астроном и математичар
Ментори Жан Лерон Даламбер, П. Ле Кан, К. Гадблед
Познат по Лапласова трансформација, Лапласов демон
Потпис

Пјер Симон Лаплас (француски: Pierre-Simon Laplace) (роден во Бомонт ан Ож на 23 март 1749 – починал на 5 март 1821 Париз) бил француски астроном, физичар и математичар, и претставува најистакнат претставник на теорија на веројатноста во 19 век. Делото од голема важност за полето на веројатноста, „Аналитичка теорија на веројатност“ (Théorie analytique des probabilités), значајно го поттикна развојот на математичката веројатност, како и на статистиката се до почетокот на 20тиот век. Неговото име се наоѓа помеѓу најголемите и најзначајните имиња во науката на сите времиња, и е таканаречениот, со право, Француски „Њутн“. Работел на подрачјето на небесната механика, се занимавал со теоријата на електрицитетот, со капиларноста на течностите и со специфичната топлина на цврстите тела. Познатата Кант-Лапласова теорија за настанокот на Сончевиот систем е објавена во 1798 година. Меѓу главните Лапласови дела се вбројуваат Небесна механика, Преглед на историјата на астрономијата. Роден за време на владеењето на Луј XV, тој ја согледува револуцијата, отфрлајќи го стариот режим преку воспоставување на нов социјална и политичка состојба.

Биографија[уреди]

Овој истакнат научник роден во општина лоцирана во во пределот на Нормандија, северна Франција, е еден од највлијателните научници на неговото време. Неговите родители, Пјер и Мари Ан Шон, живееле во удобни буржоаски околности. Таткото на Пјер Симон Лаплас, Пјер Лаплас, се стекнал со слава во областа на трговија со јаболки и го привлекол интересот на видни луѓе со својата проникливост. Мајката на Лаплас, Мари Ан, потекнувала од доста просперитетно семејство кое се занимавало со земјоделство и поседувало земјиште во Тургевил. Лаплас одел на настава во игуменската школа на Бенедикт како редовен ученик, на возраст помеѓу 7 и 16 години. Неговиот татко очекувал од него да се определи за работа која ќе биде поврзана со црквата, бидејќи во тоа време вообичаени занимања за еден ученик од игуменско школа биле служење во војска или во црква. Кога имал 16 години, Лаплас запишал студии по теологија на универзитетот Кан, Нормандија. За време на престојот на универзитетот, Лаплас го открил својот талент и љубовта што ја имал кон математиката. За тоа биле заслужни двата професори коишто предавале на универзитетот Кан, Ц. Годблед и П. Ле Кан. Кога сфатил дека математиката ќе биде негова главна преокупација, Лаплас го напуштил Кан, без да ја земе својата диплома и заминал за Париз. Со себе земал писмо со препорака кое што му го дал неговиот професор на универзитетот Кан, П. Ле Кан. На 18 години, тој пристигнал во Париз со цел да го запознае познатиот математичар Жан Лерон Даламбер, кој во тоа време бил на врвот на неговата слава, со надеж за наоѓање на работа во Париз. Лаплас му напишал на големиот математичар писмо за принципите на механика, но бидејќи Даламбер бил зафатен писмото на Лаплас останало незабележано. Лаплас не дозволил да биде уништен од одбивањето и се обидел повторно да стапи во контакт со Даламбер. Тогаш Даламбер му дал книга од областа на математиката, велјеќи му да дојде кога ќе ја прочита. За ден-два Лаплас се вратил со прочитана и разбрана книга, за што и самиот Даламбер се уверил испрашуваќи го. Спред други податоци Даламбер му поставил многу тешка задача давајќи му рок една недела, но Лаплас се вратил за еден ден со решението, наредниот ден му задал уште потешка задача, за која повторно за еден ден имал решение. Тоа го воодушевило Далабер и го зел под своја закрила. "Вие", рекол Даламбер, "немате потреба од претставување - вие сами се препорачавте, мојата поддршка е ваша заслуга." Тој во согласност со тоа издејствувал Лаплас да биде именуван за професор по математика во Воената академија во Париз во 1771, и мотивиран од него продолжи да ги следи неговите интереси. Во воената академија го пренел своето знаење од геометрија, тригонометрија, основи на анализа и статистика. Во 1771 година Лаплас за прв пат се обидел да ги добие изборите на Академијата за науки, но признанието го добил Александар Теофил Вандермонд. Повторно се обидел во 1772, но таа година бил избран Коши. Лаплас бил доста налутен заради тоа што бил одделен од останатите, и што сето тоа отишло во корист на математичарот Коши. Истотака разочаран бил и Даламбер, кој на 1 јануари 1773 му испратил писмо на Лагранж, прашувајќи го дали постојат шанси да го одберат Лаплас за во Берлинската академија, каде Лагранж бил директор на катедрата по математика, и дали е возможно да се пронајде некоја работа за Лаплас во Берлин. Пред да добие одговор на писмото, се појавила уште една шанса за Лаплас да добие признание во Париската академија, и на 31 март 1773 бил конечно избран и станал дел од Академијата за науки во Париз. До времето кога бил избран, Лаплас имал поднесено 13 квалитетни статии со широк распон на теми до Академијата за помалку од 3 години. Во 1770 се наоѓа периодот во кој Лаплас го потврдил својот стил, углед, филозофска позиција, одредени математички техники, и предметот на истражување во 2 области – теорија на веројатност и небесната механика, на кои што работел до крајот на животот. Станува еден од водечките членови на Академијата во 1780тите, и при посета на Академијата за науки во Париз во 1780/81, Лексел изјавил дека Лаплас си допуштил да биде нашироко познат како човек што се смета себеси за најдобриот математичар во Франција, што покажува дека не бил скромен во поглед на своите способности и достигнувања. Поседувал огромно знаење од сите науки и доминирал во сите дискусии на Академијата. Во 1784 година, Лаплас бил назначен за испитувач на Кралската Артилерија Корпс и во оваа улога во 1785 тој го испитувал и го примил 16-годишниот Наполеон Бонапарт. Оваа позиција му помогнала на Лаплас да стане познат помеѓу луѓето кои тогаш биле на позиции на власта во Франција. Лаплас работел во многу одбори и комитети на Академијата за науки и бил унапреден на местото на сениор во Академијата за науки 1785 година. Се оженил на 15 мај 1788 година. Неговата жена, Мари Шарлот де Курти де Ромањес била 20 години помлада од тогаш 39 годишниот Лаплас, и имале 2 деца. Бил назначен за член на одборот на Академијата на науки кој ги стандардизирал мерките и тежините во мај 1790. Овој одбор работел на системот на мерки и се залагал за децимална основа. Заради Француската револуција, во Академијата за науки заедно со другите здруженија била задушена на 8 август. Единствено му било дозвол