Морис Кантен де Ла Тур

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Морис Кантен де Ла Тур
Maurice Quentin de La Tour
Autoportrait de La Tour.jpg
Автопортрет на Ла Тур околу 1751 г.
Роден(а) 5 септември 1704(1704-09-05)
Сен Кантен, Франција
Починал(а) 17 февруари 1788(1788-02-17) (воз. 83 г.)
Сен Кантен, Франција
Националност Французин
Познат(а) по пастел

Морис Кантен де Ла Тур (француски: Maurice Quentin de La Tour; 5 септември 170417 февруари 1788) — француски портретист кој работел во стилот рококо, претежно во пастелна техника. Сликал многу познати личности, меѓу кои Волтер, Жан Жак Русо, Луј XV и Мадам де Помпадур.

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден е во Сен Кантен како син на музичар кој не му одобрувал стане сликар. На 15-годишна возраст се преселил во Париз, каде учел сликарство кај фламанскиот сликар Жак Спуд. Во 1724 г. отишол во Ремс, а во 1725 г. во Англија. Во 1727 г. се вратил во Париз и го продолжил ликовното образование. По враќањето во Париз почнал да работи со пастели.

Во 1737 г. ја направил првата изложба од вкупно 150 портрети кои станале гордост за Парискиот салон во следните 37 години. Ла Тур се истакнал како врвен потртетист, обдарувајќи ги личностите со посебна драж и интелигенција.

Во 1746 г. е примен во Кралската академија на сликарството и вајарството, а во 1751 г. станува нејзин советник. Во 1750 г. бил назначен за портретист на кралот и останал во служба до 1773 г, кога доживеал нервен слом. Подоцна Ла Тур основал ликовна школа и почнал да се занимава со одбротворни алтивност пред да се повлече во домашен кревет поради душевна болест. На возраст од 80 години се повлекол од работата, враќајќи се во Сен Кантен, каде починал по три години.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]