Ена (департман)
| Ена Aisne | |||
|---|---|---|---|
| Департман | |||
| |||
Местоположба на Ена во Франција | |||
| Координати: 49°30′N 3°30′E / 49.500°N 3.500°E | |||
| Земја | Франција | ||
| Регион | Горна Франција | ||
| Префектура | Лан | ||
| Потпрефектури | Шато Тјери Сен Кантен Соасон Вервен | ||
| Управа | |||
| • Претс. на ген. совет | Ив Додињи (PS) | ||
| Површина | |||
| • Вкупна | 7.369 км2 (2,845 ми2) | ||
| Население (1999) | |||
| • Вкупно | 535.489 | ||
| • Ранг | 49-ти | ||
| • Густина | 73/км2 (190/ми2) | ||
| Час. појас | CET (UTC+1) | ||
| • Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
| Департман бр. | 02 | ||
| Окрузи | 5 | ||
| Кантони | 42 | ||
| Општини | 816 | ||
Ена (англиски: Aisne) — департман во областа Пикардија, денес во состав на регионот Горна Франција на северот од земјата. Наречен е по реката Ена.
Историја
[уреди | уреди извор]Ена е еден од изворните 83 департмани создадени за време на Француската револуција на 4 март 1790. Составен е од делови од дотогашните покраини Ил де Франс, Пикардија и Шампања.
Највеќето стари шуми во подрачјето на департманот се уништени во Првата светска војна. Офанзивата на сртот Шеман де Дам во пролетта 1917 понекогаш се нарекува „Втора битка на Ена“.
Географија
[уреди | уреди извор]Ена се граничи со Арденската шума и Белгија на североисток. Реката Ена минува низ департманот во правец исток-запад, и потоа се влева во Оаза. Реката Марна образува дел од јужната граница со департманот Сена и Марна. Јужниот дел на департманот е посува висорамнина позната по млечни производи и сирењето бри.
Во пејзажот предоминираат карпести масиви со стрмни крила. Најзабележителни се оние кај Лан и сртот Шеман де Дам.
Најголеми населени места во департманот се:
- Лан, нас. 26.000 (седиште)
- Сен Кантен, нас. 60.000
- Соасон, нас. 30.000
- Шато Тјери, нас. 15.000
- Терње, нас. 15.000
Клима
[уреди | уреди извор]Департманот добива просечни атмосферски врнежи од 500-750 мм годишно.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Стопанството е претежно земјоделско. Се одлегуваат големи количини на житарки и шеќерна репка. Во Сен Кантен и други места значајна гранка е текстилната индустрија, со многу ткајачници на свила, памук и волна. Во Сен Гобен се произведуваат огледала уште од XVII век. Гиз е центар на земјоделството во северниот дел на Ена.
Познати личности
[уреди | уреди извор]- Писателот Александар Дима (1802-1870) пораснал во Ена
- Сликарот Анри Матис (1869-1954) пораснал во Боен ан Вермандоа.
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Општини во Ена
- Окрузи во Ена
- Ена (река)
- Ен (департман) — департман со мошне слично име
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Ена (департман)“ на Ризницата ? |
- Портал на префектурата на Ена Архивирано на 25 јануари 2006 г. (француски)
- Портал на Општиот совет на Ена Архивирано на 20 јули 2011 г. (француски)
- Агенција за развој на Ена Архивирано на 30 јуни 2013 г. (англиски)
- Туристички одбор на Ена Архивирано на 1 септември 2006 г. (англиски)
|