Оаза (департман)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Оаза
Oise
департман
Префектурната управа во Бове
Грб на Оаза
Грб
Местоположба на Оаза во Франција
Местоположба на Оаза во Франција
ЗемјаФранција
РегионГорна Франција
ПрефектураБове
ПотпрефектураКлермон
Компјењ
Санлис
Управа
 • Прет. на Ген. советНадеж Лефевр
Површина1
 • Вкупна5.860 км2 (2,260 ми2)
Население (2016)
 • Вкупно823.542
 • Ранг26.
 • Густина140/км2 (360/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (DST)CEST (UTC+2)
Департ. бр.60
Окрузи4
Кантони21
Општини679

Оаза (француски: Oise) — департман во регионот Горна Франција на северот на истоимената земја. Наречен е по реката Оаза.

Историја[уреди | уреди извор]

Оаза е еден од изворните 83 департмани воведени со Француската револуција на 4 март 1790 г. Создадена е земајќи делови од покраините Ил де Франс и Пикардија.

По извојуваната победа во Битката кај Ватерло, британската војска го окупирала департманот, што траело од јуни 1815 доноември 1818 г.

Географија[уреди | уреди извор]

Оаза е дел од денешниот регион Горна Франција и лежи на 35 км северно од Париз. Опкружен е од департманите Сома, Ена, Сена и Марна, Долина на Оаза, Ер и Приморска Сена.

Поважни населени места[уреди | уреди извор]

Најнаселени општини во Оаза[1]
Место Општина Кантон Округ Население
1 Бове Бове-1
Бове-2
Бове 55.252
2 Компјењ Компјењ-1
Компјењ-2
Компјењ 40.430
3 Креј Креј Санлис 34.262
4 Ножан на Оаза Ножан на Оаза Санлис 18.753
5 Санлис Санлис Санлис 15.583
6 Крепи во Валоа Крепи во Валоа Санлис 14.962
7 Мери Мери Бове 13.995
8 Ноајон Ноајон Компјењ 13.894
9 Монтатер Монтатер Санлис 12.843
10 Пон Сент Максанс Пон Сент Максанс Санлис 12.637

Туризам[уреди | уреди извор]

Највеќе посетители во департманот добива забавниот парк „Астерикс“ отворен 1989 г. Други места од особено културно-историско значење се катедралата „Св. Петар“ во Бове, замокот Пјерфон обновен од Ежен Виоле ле Дик и ликовната збирка во Шантији, една од најголемите вон Париз.

Збратимени места[уреди | уреди извор]

Оаза е збратимена со грофовијата Бедфордшир во Англија.

Едно од селата во поречието е Овер на Оаза, познато како свратилиште на разни импресионистички уметници. Овде Винсент ван Гог ги провел последните 70 дена од животот и тука е закопан, заедно со брат му Тео.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Insee - Populations légales 2013". INSEE. Посетено на September 10, 2016.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]