Прејди на содржината

Крез (департман)

Координати: 46°07′20″N 1°54′46″E / 46.12222° СГШ; 1.91278° ИГД / 46.12222; 1.91278
Од Википедија — слободната енциклопедија
Крез
Creuse

(Окситански): Cruesa или Crosa
Департман
Зградата на префектурата на департманот Крез во Гере
Зградата на префектурата на департманот Крез во Гере
Знаме на Крез CreuseГрб на Крез Creuse
Местоположба на Крез во Франција
Местоположба на Крез во Франција
ДржаваФранција
РегионНова Аквитанија
ПрефектураГере
ПотпрефектуриОбисон
Управа
 • Претседател на департманскиот советВалери Симоне[1] (Републиканци)
Површина1
 • Вкупна5.565 км2 (2,149 ми2)
Население (2019)
 • Вкупно116.617
 • Ранг101.
 • Густина21/км2 (54/ми2)
Час. појасСЕВ (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)СЕЛВ (UTC+2)
Број на департманот23
Арондисмани2
Кантони15
Општини256
^1 Француски катастар на земјиште кој не ги вклучува естуарите, езерата, вештачките езера и ледниците поголеми од 1 km2

Крез (француски: Creuse; окситански: Cruesa или Crosa) — департман во Средна Франција именуван по реката Крез. По Лозер, тој е втор најмалку населен департман во Франција. Се граничи со Ендр и Шер на север, Алие и Пуи-де-Дом на исток, Корез на југ и Горна Виена на запад. Во 2020 година, департманот броел 115.995 жители, додека официјалните проценки за 2022 година се 113.711 жители.

Гере, префектурата на Крез има околу 12.000 жители, што ја прави најголемата населба во департманот. Следниот најголем град е Ла Сутерен, а потоа следи Обисон. Департманот се наоѓа во поранешната покраина Ла Марш. Крез е еден од најруралните и најретко населените департмани во Франција, со густина на населеност од 21 жител/км2 и население од 116.617 жители во 2019 година - втор најмал од сите департмани во Франција.[2] Земјиштето е претежно земјоделско, а департманот е добро познат по производството на костени и лешници, како и по расите на говеда шароле и лимузен.

Историја

[уреди | уреди извор]

Крез е еден од првичните 83 департмани основани за време на Француската револуција на 4 март 1790 година. Создаден бил од поранешната покраина Ла Марш.

Ла Марш бил округ во средновековна Франција што приближно одговара на денешниот департман Крез. Ла Марш првпат се појавил како посебен феуд околу средината на 10 век, кога Вилијам III Аквитански, му ја дал на еден од неговите вазали што се викал Босо, кој ја добил титулата гроф. Во 12 век, грофството преминало во семејството Лузињан. Тие, исто така, биле грофови на Ангулем и грофови на Лимузен. Со смртта на бездетниот гроф Ги во 1308 година, неговиот имот во Ла Марш го запленил Филип IV Убавиот. Во 1316 година, кралот го направил Ла Марш апанажа за својот најмлад син, принцот, потоа Шарл IV. Неколку години подоцна во 1327 година, Ла Марш преминал во рацете на Бурбонците. Семејството Армањак го држеше од 1435 до 1477 година, кога им се врати на Бурбоните. Во 1527 година, Ла Марш бил запленет од Франсоа I и станал дел од доменот на француската круна. Бил поделен на Горен Марш и Долен Марш, што продолжуваат до 17 век. Од 1470 година до револуцијата, покраината била под јурисдикција на Парламентот на Париз.

Во 1886 година, „Бурганев вил лимјер“ ([1]Bourganeuf ville lumière), кој се наоѓал во оддалечениот дел на Крез, станал неверојатно третиот град во Франција што добил јавно снабдување со електрична енергија. Три години подоцна, во 1889 година, изградбата на примитивна хидроелектрична фабрика во Каскада на Жаро (Cascade des Jarrauds на малата река Молд кај Сен-Мартен-Шато, 14 километри подалеку, обезбедила посигурно снабдување со електрична енергија за малиот град. Создавањето на далновод од централата до Бурганеф било под надзор на иновативен инженер по име Марсел Депре. Тој бил првиот далновод во Франција изграден на толку голема оддалеченост. Достигнувањето било крунисано со првата телефонска линија во регионот, која била воспоставена за да овозможи мигновена комуникација помеѓу производната станица и новоосветлениот град.

Географија

[уреди | уреди извор]
Крајолик во Крез

Крез е дел од регионот Нова Аквитанија.

Департманот се наоѓа на Средишниот Масив и е испресечен од Крез и нејзините притоки. На реката се изградени брани на неколку места и водата се користи за водоснабдување и за производство на хидроелектрична енергија. Како што е типично за внатрешните области на континентална Европа, Крез има релативно студени зими со можни врнежи од снег и во април, но и топли лета. Дожд паѓа во текот на целата година заради релативно високата надморска височина.

Топографијата е главно ридеста со често стрмни долини. Растителниот свет е типичен за студена умерена клима со мешавина на видови како даб, јасен, костен, леска и слива кои преовладуваат во шумите. Нема комерцијални лозја. Сточарството е главна гранка на земјоделството, со говеда од видовите шароле и лимузен, а исто така и овци.

Главни градови

[уреди | уреди извор]

Најнаселена општина е Гере, која е и префектура на департманот. Од 2019 година, има 5 општини со повеќе од 2.000 жители:[2]

Општина Население (2019)
Гере 12.734
Ла Сутерен 4.982
Обисон 3.248
Сент-Фејр 2.482
Бурганеф 2.478

Демографија

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1791238,352—    
1801218,041−8.5%
1806226,283+3.8%
1821248,785+9.9%
1831265,384+6.7%
1841278,029+4.8%
1851287,075+3.3%
1861270,055−5.9%
1872274,663+1.7%
1881278,782+1.5%
1891284,66+2.1%
1901277,831−2.4%
1911266,235−4.2%
1921228,244−14.3%
1931207,882−8.9%
1936201,844−2.9%
1946188,669−6.5%
1954172,702−8.5%
1962163,515−5.3%
1968156,876−4.1%
1975146,214−6.8%
1982139,968−4.3%
1990131,349−6.2%
1999124,47−5.2%
2006124,354−0.1%
2011122,56−1.4%
2016119,502−2.5%
2019116,617−2.4%
2020115,995−0.5%
2022 (estimate)113,711−2.0%

Бројот на жители во департманот е приближно еднаков на бројот на жители во Кирибати. По Лозер, Крез е вториот најмалку населен департман во Франција. Покрај тоа, овој департман, спротивно на некои од неговите соседи (како што е Алие итн.), има позитивен миграциски биланс, дури и ако неговата стапка на наталитет не е никако споредлива. Всушност, населението опаѓа поради многу негативната природна рамнотежа (многу висока стапка на смртност и многу ниска стапка на наталитет) што му дава на Крез многу старо население. Оваа ситуација е нагласена со фактот што младите често одат да ги продолжат студиите надвор од департманот (понекогаш од средно училиште) во соседните градови (Лимож, Монлисон, Клермон-Феран, Шатору) и не секогаш се враќаат.

Населението го достигнало својот врв од 287.075 жители во 1851 година, по што полека се намалувало до Првата светска војна. За време и по војната, падот на населението станал многу побрз и поради смртноста во воените години и заради иселувањето предизвикано од повисоките плати достапни за работниците со пазарни вештини во економски подинамичните градови вон Крез. До 1921 година, населението се намалило за речиси 38.000 (приближно 14%) за десет години на 228.244, а падот продолжил во текот на дваесеттиот век.

Во текот на последните четири децении од дваесеттиот век Крез доживеал најголем сразмерен пад на населението од сите француски департмани, од 164.000 во 1960 на 124.000 во 1999 година - намалување од 24%.

Политика

[уреди | уреди извор]

Претседател на департманскиот совет е Валери Симоне од Републиканците.

Партија Советници
Социјалистичка партија 12
Сојуз за народно движење 8
Разни леви 5
Француска комунистичка партија 1
Лева радикална партија 1

Сегашен претставник во Националното собрание

[уреди | уреди извор]
Изборна единица Пратеник[3] Партија
Изборна единица Крез Катрин Кутирие Непокорена Франција

До 1980-тите, окситанскиот бил прв јазик во селските области. Останати се три различни окситански дијалекти во употреба во Лимузен, иако нивната употреба брзо се намалува. Тие се:

  • Лимузенски (окситански: Lemosin) дијалект
  • Оверњски (окситански: Auvernhat) дијалект на исток
  • на север, преодната област на полумесечина помеѓу окситанскиот и францускиот понекогаш се смета како посебен (во основа окситански) дијалект наречен Marchois ( окситански: Marchés).

Тортата „крез“ е десерт именуван по регионот. Се прави со путер и лешници.[4] Има многу сорти, а се продаваат низ цела Франција.[5]

Познати луѓе

[уреди | уреди извор]
Познат мировни споменик од Првата светска војна во Жантиу

Како традиционално селско и слабо населено подрачје, со древна и типична уметност на живеење (art de vivre), изворна камена архитектура, без големо градско средиште и многу културно наследство како замоци, опатии и келтски камени споменици, департманот Крез станал зелена туристичка дестинација од крајот на 1990-тите. Крез се одликува со блага пролет и есен, прилично студени и снежни, но сончеви зими и релативно топли и сончеви лета, но не толку жешки како во јужните делови на Франција. Благодарение на зачуваниот пошумен крајолик, малото загадување и прекрасните камени градби, многу странци (особено Британци и Холанѓани, но и Германци и Белгијци) барале да купат викендички во Крез.

Главните туристички атракции се музејот на таписерија во Обисон и многуте замоци, особено оние на Вилмонтеи, Бусак и Банизет. Манастирот Мутје д'Aен има исклучителни дрвени резби од 17 век. По Првата светска војна, некои градови во Франција поставиле мировни воени споменици. Наместо комеморација на славните мртви, овие споменици ја осудуваат војната со ликови на ужалени вдовици и деца, а не со војници. Ваквите споменици предизвикале гнев кај ветераните и војската воопшто. Најпознатиот таков споменик се наоѓа во Жантиу-Пижерол во департманот (види слика лево). Под колоната во која е наведено името на паднатиот, стои сирак во бронза покажувајќи на натписот „Maudite soit la guerre“ (Проклета да е војната). Чувствата се зголемиле толку многу што споменикот официјално бил отворен дури во 1990 година, а војниците во блискиот армиски камп добиле наредба да ги свртат главите кога ќе поминуваат покрај него.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Répertoire national des élus: les conseillers départementaux“. data.gouv.fr, Plateforme ouverte des données publiques françaises (француски). 4 May 2022.
  2. 2,0 2,1 Populations légales 2019: 23 Creuse, INSEE
  3. Nationale, Assemblée. „Assemblée nationale ~ Les députés, le vote de la loi, le Parlement français“. Assemblée nationale.
  4. „Creuse cake - Creuse - Limousin - Discover - I Discover France“. Архивирано од изворникот на 17 September 2016. Посетено на 15 November 2016.
  5. Recettes de Cuisine.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]