Ардени (департман)
Ардени Ardennes | |||
---|---|---|---|
Департман | |||
Зградата на префектурата во Шарлевил Мезјер | |||
Местоположба на Ардените во Франција | |||
Држава | Франција | ||
Регион | Голем Исток | ||
Префектура | Шарлевил Мезјер | ||
Потпрефектури | Ретел Седан Вузие | ||
Управа | |||
• Претседател на департманскиот совет | Ноел Буржоа[1] (Републиканци) | ||
Површина1 | |||
• Вкупна | 5.229 км2 (2,019 ми2) | ||
Население (2019) | |||
• Вкупно | 270.582 | ||
• Ранг | 80-ти | ||
• Густина | 52/км2 (130/ми2) | ||
Демоним | Ardennais or Ardennaises[2] | ||
Час. појас | СЕВ (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | СЕЛВ (UTC+2) | ||
ISO 3166 | FR-08 | ||
Број на департманот | 08 | ||
Арондисмани | 4 | ||
Кантони | 19 | ||
Општини | 449 | ||
^1 Француски катастар на земјиште кој не ги вклучува естуарите, езерата, вештачките езера и ледниците поголеми од 1 km2 |
Ардени ( </link></link> ) — департман во Големиот Исток, регион во Североисточна Франција именуван по планините Ардени. Неговата префектура е во градот Шарлевил-Мезјер. Департманот има 270.582 жители.[3]
Географија
[уреди | уреди извор]Политичка географија
[уреди | уреди извор]Департманот Арден се граничи со Ена на запад, Марна на југ, Меза на исток и Белгија (покраините Намир, Луксембург и Ено) на север.
Географија на населеност
[уреди | уреди извор]Департманот во неговиот северен дел се вкрстува со кривулестата долина Меза каде што живеат повеќето луѓе и се сосредоточени стопанските дејности. Шарлевил-Мезјер и Седан се главните урбани средишта.
Статистичкиот код и поштенски број е 08.
Физичка географија
[уреди | уреди извор]Департманот е дел од Ардените, висорамнина длабоко испресечена од Меза и нејзините бројни притоки кои допираат до Валонија во Белгија, Луксембург, Германија (Ајфел) и северно од соседниот департман Меза .
Департманот зафаќа површина 5.229 квадратни километри и бил најмал од четирите департмани на Шампања-Ардени. Тој е разновиден како според климата, топографијата, природната вегетација, така и по користењето на земјиштето, што е мешавина од шумско и обработливо.
Највисоката точка во департманот се наоѓа на надморска висина од 504 м и се наоѓа на јужните падини на Кроа Скај. Кроа Скај го делат француската општина Ле От-Ривјер и белгиската општина Жедин.
Токму во овој дел од планините Ардени минува Меза, и истиот е месно познат како „долина“. Течејќи во северниот дел на департманот, Меза ги обезбедува со вода поголемите градови Седан, Шарлевил-Мезјер и Нузонвил. Има бројни притоки – во овој дел главни се Семоа и Шјер.
Што се однесува до југот, Ена тече низ огромната рамнина од шампањска креда, речиси без дрвја, проширена на југозапад со малата житница Порсјен, Тиераш на запад и Аргон на исток.
Клима
[уреди | уреди извор]Департманот нема рамномерна клима на целото подрачје, особено во зима.
Од север во близина на Ена и границата со Белгија, преку средиштето во близина на кантонот Омон, на југ од долината на Меза, климата се смета за „деградирана континентална“ (се одликува со обилни врнежи во есен и чести мразови во зима). Остатокот од департманот има „деградирана океанска“ или „умереноконтинентална“ клима (во однос на океанската клима, зимите се постудени, а летата се потопли, врнежите во низините се помали и ветровите се со помала јачина). Сето ова произлегува од местоположбата, на средина помеѓу Ламанш, Северното Море и делови од континентот релативно далеку од кое било море.
Зимите може да бидат студени како во внатрешност на континентална низинска Европа, некои зими и доста поснежни, особено во близина на главните населби Рокроа, Живе и Седан на север.
Оваа климатска разлика е особено изразена со присуството на мраз, особено во долините на Меза, на Семоа, на висорамнината Рокроа и околу Кроа Скај. Оваа разлика може да биде многу изразена и да опстојува подолго во годината со големо влијание врз вегетацијата.
Ламанш, Бискејскиот Залив и Северното Море го смируваат влијанието на воздухот и врнежите во копнените позападни и јужни челни зони.
Население
[уреди | уреди извор]Година | Нас. | ±% |
---|---|---|
1791 | 247,612 | — |
1801 | 246,925 | −0.3% |
1821 | 266,985 | +8.1% |
1831 | 290,622 | +8.9% |
1841 | 319,167 | +9.8% |
1851 | 331,296 | +3.8% |
1861 | 329,111 | −0.7% |
1872 | 320,217 | −2.7% |
1881 | 333,675 | +4.2% |
1891 | 324,923 | −2.6% |
1901 | 315,589 | −2.9% |
1911 | 318,896 | +1.0% |
1921 | 277,811 | −12.9% |
1931 | 293,746 | +5.7% |
1936 | 288,632 | −1.7% |
1946 | 245,335 | −15.0% |
1954 | 280,49 | +14.3% |
1962 | 300,247 | +7.0% |
1968 | 309,38 | +3.0% |
1975 | 309,306 | −0.0% |
1982 | 302,338 | −2.3% |
1990 | 296,357 | −2.0% |
1999 | 290,13 | −2.1% |
2006 | 284,749 | −1.9% |
2016 | 275,371 | −3.3% |
Еволуцијата и распределбата на населението
[уреди | уреди извор]И покрај високата стапка на наталитет (највисока стапка во Франција во 1968 година), департманот продолжува да губи население: 275.371 во 2016 година поради високата невработеност (оттука „миграцијата“ продолжува). Двете светски војни секој пат резултираа со губење на населението (како што е „егзодусот“ од 1940 година). На крајот на 19 век имало 330.000 луѓе.
Дека главните урбани области на департманот се најпогодени се гледа во стагнација на населението - пад на населението до 2% во споредба со 1999 година во центрите на градовите и предградијата (Шарлевил-Мезјер, Ревен, Фиме, Живе, Ретел).
Општините, сепак, добиваат жители (појава на урбано ширење). Ова се објаснува со потрагата по подобро живеење на село, што одговара на желбата на многу луѓе да изградат куќа со малку земјиште иако е подалеку нивното работно место. Овој современ концепт го наметнува патувањето од дома на работа и обратно. Ова е појава на субурбанизација што станала вообичаена во цела Франција и од која ни Ардените не отстапуваат.
На 1 јануари 2006 година, населението на Ардените изнесувало 295.653 жители. Населението се намалува во урбаните средини, но пет пати помалку отколку во руралните средини. Ограничениот пад во урбаните средини, каде што живеат две третини од жителите на Ардените, е резултат на две спротивни динамики. Жителите на полуградските општини се зголемиле за 0,5% годишно во времето од 1999 до 2006 година, на сметка на урбаните (средиштето и предградијата) кои изгубиле 0,6% годишно.
Поголеми градови
[уреди | уреди извор]Најнаселена општина е префектурата Шарлевил Мезјер. Од 2019 година, има седум општини со повеќе од 5.000 жители:[3]
Општина | Население (2019) |
---|---|
Шарлевил-Мезјер | 46.436 |
Седан | 16.092 |
Ретел | 7.467 |
Живе | 6.476 |
Ревен | 5.836 |
Нузонвил | 5.689 |
Боњи-сир-Мез | 5.018 |
Историја
[уреди | уреди извор]Департманот е еден од првичните 83 департмани создадени за време на Француската револуција на 4 март 1790 година според Законот од 22 декември 1789 година. Вклучува дел од поранешните провинции Шампања и Аргона, неколку кнежевства, вклучувајќи ги оние на Аркс и Седан, грофовии (како што е Ретел) и различни области вратени на Франција (од поранешна Шпанска Холандија) во 18 век.
На 12 мај 1793 година, департманот се проширил со Лиешкото Кнежевство, Кувен и грофовиите од Светото Римско Царство Фањол и на 26 октомври 1795 година со дел од Војводството Бујон.
По победата на сојузниците во Битката кај Ватерло на 18 јуни 1815 година, со Вториот договор од Париз дел од територијата од Ардените ИИИ била дадена на Холандија: Војводството Бујон, Кувен, Мариембург, Фањол и Филипвил. Покрај тоа, департманот бил заземен од пруските трупи од јуни 1815 до ноември 1818 година.
На 2 септември 1870 година во Седан Наполеон III се предал по Битката кај Седан против трупите на пруските држави, коалиција командувана од Хелмут фон Молтке. Кралот на Прусија Вилхелм I, идниот цар на Германското Царство, и Бизмарк ја гледале битката од ридовите што гледаат на Седан. Поразот го означил крајот на Второто Француско Царство,[4] и во исто време раѓањето на Француската Трета Република на 4 септември 1870 година.
За време на двете светски војни од стратешки причини регионот секој пат станувал премин за освојувачките војски поради малата ширина на Меза и нејзината длабока долина. Француската војска верувала дека регионот го бранат неговиот терен и густите шуми присутни на северот на департманот и затоа ја занемарила одбраната на подрачјето. За време на Првата светска војна, во департманот се водела Битката кај Ардените, а Шарлевил Мезјер станал седиште на германскиот престолонаследник. Во Возиер и други места се бореле чехословачките легии, а во близина на овој град бил соборен и авионот на Ролан Гарос.
Тоа бил единствениот француски департман кој бил целосно заземен за време на тој судир, освен северниот дел на Лорена (Мозел) и Алзас кои биле под германска управа од 1871 година.
За време на Втората светска војна, главниот напор на германската армија повторно бил насочен кон оваа област, особено на десниот брег на реката Меза, симболизиран со пробивот кај Седан кој ќе ги доведе француските трупи во стратешката замка, Жолтиот план дизајниран од Генерал фон Манштајн и одобрен од Хитлер .
Токму во овој департман завршувала Линијата Мажино: последната тврдина од линијата (Фор Вили ла Ферт) се наоѓал на околу пет километри од Карињан. Францускиот генералштаб не сакал да ја продолжи одбранбената линија долж границата со Белгија, неутрална и пријателска земја. Понатаму, тие се надевале дека уникатната географија и шумата ќе ја запрат германската армија.
По примирјето во 1940 година, Ардените биле прогласени за „забранета зона“ (всушност област на германска населба) во текот на целата окупација од страна на нацистичката армија.
Во 1944 година, Битката кај Булж се водела делумно во овој департман.
Етимологија
[уреди | уреди извор]Името на департманот е поврзано со топонимот Арден, кој може да потекнува од галскиот ardu што значи „висок“. Римјаните ќе го преобразеле во Ардуена за да ги назначи древната шума Ардени и планините спомнати од Јулиј Цезар во делото што му се припишува: Белешки за Галската војна. Името Ардуена Силва се користело за боровата шума на платото Бастоњ. Потоа во 6 век било променето во Ардена.[5]
Овој топоним е отсутен во имињата на општини во департманот Ардени, додека оние на Аргон ( Бомон-ен-Аргон), Порсјен (Шато-Порсјен, Новион-Порсјен, Шомон-Порсјен, па дури и Шампањ (Во-Шампањ) се сплотени и сите имаат конотација на регионална припадност. Ова е причината зошто името Арден не е специфично за департманот бидејќи го има во многу други делови на Франција - на пример во западна и среднозападна Франција, Белгија и Луксембург каде што има вообичаена смисла - од келтско потекло – од „високи“, „високи шуми“ или „шуми“.[6]
Хералдика
[уреди | уреди извор]Управа
[уреди | уреди извор]Управна организација
[уреди | уреди извор]Седиштето на префектурата на департманот е во Шарлевил Мезјер, а трите потпрефектури се Ретел, Седан и Возиер. Рокроа исто така бил потпрефектура до 1926 година Покрај тоа, департманенското седиште на Генералниот совет на Ардените се наоѓа во Шарлевил Мезјер.
Територијална организација
[уреди | уреди извор]Ардените се состојат од 452 општини кои се групирани во 19 кантони и четири арондисмани со различна големина.
Најголемиот арондисман на департманот е Шарлевил Мезјер, додека најмалиот е Седан кој е двапати помал. Двата арондисмани се наоѓаат во северниот дел на Ардените и во нив живеат четири петтини од департманското население.
Другите два арондисмани, Ретел и Возиер, се наоѓаат во јужниот дел на департманот со приближно споредливи површини, но се многу ретко населени.
Пред декретот на Поенкаре од 10 септември 1926 година со кој беа отстранети многу потпрефектури во Франција, департманот имал пет арондисмани. Покрај четирите споменати погоре, петтиот бил оној на Рокроа - мал историски град на северозапад од департманот блиску до Белгија - кој оттогаш е целосно припоен кон Шарлевил Мезјер. Поранешниот арондисман Рокроа тогаш се состоел од шест кантони - вклучувајќи четири на границата со Белгија - Живе, Фиме, Ревен, Рокроа, Римињи и Сињи-ле-Пети.[7]
Политика
[уреди | уреди извор]Претседател на Департманскот совет е Ноел Буржоа од Републиканците.
Сегашни претставници на националното собрание
[уреди | уреди извор]Изборна единица | Претставаник [8] | Партија | |
---|---|---|---|
Прва изборна единица во Ардените | Беренжер Полети | Републиканци | |
Втората изборна единица во Ардените | Пјер Кордие | Републиканци | |
Трета изборна единица во Ардените | Жан-Лик Варсман | Републиканци |
Претседателски избори 2 круг
[уреди | уреди извор]Избор | Победнички кандидат | Партија | % | Кандидат на второ место | Партија | % | |
---|---|---|---|---|---|---|---|
2022 година | Емануел Макрон | LREM | 43,34 | Марин Ле Пен | RN | 56,66 | |
2017 година [9] | Емануел Макрон | LREM | 50,73 | Марин Ле Пен | FN | 49,27 | |
2012 година | Франсоа Оланд | П.С | 51,89 | Никола Саркози | UMP | 48.11 | |
2007 година | Никола Саркози | UMP | 53,53 | Сеголен Ројал | П.С | 46,47 | |
2002 година [9] | Жак Ширак | РПР | 75,92 | Жан-Мари Ле Пен | FN | 24.08 | |
1995 година [10] | Лионел Жоспен | П.С | 53,29 | Жак Ширак | РПР | 46,71 |
Економија
[уреди | уреди извор]Стопанството на департманот, откако претходно се засновало на земјоделството (шумарство и сточарство - посевите се сиромашни), веќе повеќе од еден век се заснова на индустријата (сега во тешка положба) и услужниот сектор, иако учеството на работната сила од овој сектор во Ардените е пониско од националниот просек. На почетокот на 19 век, регионот бил најголем во Франција за обработка на метал со јаглен. Во департманот не бил пронајден јаглен (само шкрилците од Фиме биле употребливи), но сепак таму се развила металуршката индустрија (навртки, завртки, клинци). Железницата ја забрзала индустријализацијата на крајот на 19 век во Шарлевил, Седан (кој имал свои трамваи) и Ревен. Кризата во 1970-тите го забрзал падот на металуршката дејност во департманот (високата печка и малите работилници се затвориле една по друга. Денес сè уште има многу подизведувачи за железничката и автомобилската индустрија. Исто така постои и нуклеарна централа со неколку реактори, вклучувајќи го и првиот реактор на вода под притисок (REP) во Франција. Земјоделството значително пораснало користејќи индустриски техники (пченица, пченка, шеќерна репка).
Туризам
[уреди | уреди извор]Во департманот има знаменитости кои привлекуваат многу посетители секоја година, како што се Шато де Седан (со просечни 60.000 посетители годишно), тврдината Шарлемон кај Живе, тврдината на Лез Ајвел и тврдината Рокроа. Во департманот има и многу утврдени цркви и средновековни локалитети.[N 1] Треба да се спомне Арденската Шума, „Зелениот пат“ (велосипедска патека што ги поврзува Монси-Нотр Дам во близина на Шарлевил Мезјер со Живе по долината Меза) промовирајќи викенд туризам и туристички рути (зелен туризам).
Културниот туризам цвета со многу музички фестивали (Le Cabaret Vert, фестивалот Douzy'k, фолк фестивалот Ајмон), музеите (како што е Музејот на Ардените) и замоците, како и зголемениот интерес за индустриското наследство.
Конечно, создавањето на Природниот регионален парк Ардени на 21 декември 2011 година треба да продолжи да го зголемува овој вид туризам.
Втори домови
[уреди | уреди извор]Купувањето домови од страна на Белгијците и Холанѓаните е вообичаено во регионот бидејќи цените се многу пониски отколку во нивните матични држави. Сепак, во 2019 година само 3,5% од достапните станови во департманот биле втори домови, што е прилично ниско во споредба со други региони.[11]
Култура
[уреди | уреди извор]Приказни и легенди
[уреди | уреди извор]Долго време регионот бил земја на легенди со своите карпи, реки, езера и густи темни шуми: на пример Четирите синови на Ајмон, витези на нивниот коњ наречен Бајард помогнати од волшебникот Можи по кој селото Нојер-Пон-Могис го добило своето име во времето на Карло Велики.[12]
Книжевност
[уреди | уреди извор]Драмата на Вилијам Шекспир, „Како ви се допаѓа“ (1599) е сместена во Арденската Шума, замислен хибрид во близина на неговото родно место Стратфорд-на-Авон, Англија.[13]
Дејството на романот на Ив Жибо, Les gros sous (Големите пари) (1953) се одвива на југозападниот дел од департманот.
Ардените служи како позадина на романот на Жилјен Грак, Балкон во шумата (Un balcon en forêt), објавен во 1958 година според кој Мишел Митрани снимил филм во 1979 година со Жак Вилере во главна улог. Овој роман се заснова на авторовото војничко искуство на почетокот на Втората светска војна.
Регионот служи како позадина за писателот од Ардените, Андре Дотел (1900–1991), особено во Le Pays où l'on n'arrive jamais (Земјата во која никогаш не се пристигнува).
Значајни луѓе поврзани со департманот
[уреди | уреди извор]- Алберт Какот, политехничар и академик, изградил многу структури и е автор на други пронајдоци особено во аеронаутиката.
- Алфред Шанзи, генерал
- Жан-Никола Корвизарт (1755-1821), познат доктор и научник, е роден во Дрикур, во близина на Возиер.
- Рене Домал, писател, роден на 16 март 1908 година и починал на 21 мај 1944 година
- Тирен (1611–1675), Маршал на Франција, е роден во Седан;
- Никола Луј де Лакај, игумен на Ла Кај, астроном и картограф во 18 век
- Гијом де Машо (1284–1370), поет/композитор и автор на Le Voir Dit, е роден во Машо;
- Буше де Перт, праисторичар
- Робер де Сорбон (1201–1274), кој во Париз го создал Сорбона, познатиот француски универзитет, е роден во селото Сорбон, во близина на Ретел.
- Роберт Дебре е роден во Седан, основач на францускиот универзитетско-болнички систем и современата педијатрија
- Александр-Франсоа Депорт, сликар
- Андре Дотел, писател (Атињи)
- Семејството Ашет со Луј-Франсоа Кристоф ја основале познатата издавачка куќа
- Феликс Лабов (1809–1879), американски доселеник, роден во Франција и водач на заедницата во државата Мисисипи
- Дом Мабијон ја основал современата историска критика во 17 век
- Јаник Ноа е роден во Седан на 18 мај 1960 година. Неговиот татко, Закари Ноа, бил бранител во УА Седан-Торси со кого го освои Купот на Франс во 1961 година.
- Кристијан Понселет, поранешен претседател на Сенатот, роден во Блез во 1928 година
- Артур Рембо (1854–1891), еден од најпознатите поети од Франција, е роден во Шарлвил .
- Иполит Тен (1828–1893), филозоф и историчар, член на Académie française, е роден во Вузиер и придонесе за напредокот на позитивизмот особено на полето на историјата
Поврзано
[уреди | уреди извор]Белешки
[уреди | уреди извор]- ↑ Погледајте ја статијата:The Discovery of Medieval sites of North Argonne Архивирано на 18 октомври 2011 г., Daniel HOCHEDEZ in the review HORIZONS D'ARGONNE, No. 88, June 2011, pp. 7–14 (publication of the Centre for Studies of Argonne) (на француски)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Répertoire national des élus: les conseillers départementaux“. data.gouv.fr, Plateforme ouverte des données publiques françaises (француски). 4 May 2022.
- ↑ Предлошка:Нмсb
- ↑ 3,0 3,1 Populations légales 2019: 08 Ardennes, INSEE
- ↑ The Franco-German War and the occupation of Argonne (1870–1873) Архивирано на 18 октомври 2011 г., Daniel Hochedez, Concerning the movement of troops preceding the Battle of Sedan and generally on the war of 1870 in Argonne, Ardennes, and the German occupation, Revue Horizons d'Argonne, publication of the Centre for Argonne studies, Number 87, June 2010 (на француски)
- ↑ General Toponymy of France, Vol. 1, Ernest Nègre, Librairie Droz, 1990, ISBN 9782600028837, p. 128, Ardenne (на француски)
- ↑ Dottin G., The Gallic language: grammar, texts, glossary, Paris, 1920. (на француски)
- ↑ „Le SPLAF - Ardennes“. splaf.free.fr.
- ↑ Nationale, Assemblée. „Assemblée nationale ~ Les députés, le vote de la loi, le Parlement français“. Assemblée nationale.
- ↑ 9,0 9,1 l'Intérieur, Ministère de. „Présidentielles“. interieur.gouv.fr.
- ↑ „Résultats de l'élection présidentielle de 1995 par département - Politiquemania“. www.politiquemania.com.
- ↑ Dossier complet, Catégories et types de logements, INSEE (на француски)
- ↑ The Ardenne, Jean-Pierre Lambot, Éditions Mardaga, 1987, ISBN 9782870093160, 175 pages (на француски)
- ↑ „Dates and sources | As You Like It | Royal Shakespeare Company“. www.rsc.org.uk.
|