Рене Домал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Рене Домал
Роден/а16 март 1908
Булзикур, Франција
Починат/а21 мај 1944
Париз, Франција
Занимањеписател
ДржавјанствоФранцузин
Книжевно движењеНадреализам

Рене Домал (француски: René Daumal, роден на 16 март 1908 во Булзикур - починал на 21 мај 1944 во Париз) — француски поет и писател, приврзаник на движењето надреализам.

Биографија[уреди | уреди извор]

Куќата каде е роден Рене Домал

Рене Домал е роден на 16 март 1908 во Булзикур, Франција. Неговиот татко бил наставник и државен службеник во Министерството за финансии, посветен на социјализмот и противник на свештенството. Домал заедно со уште свои тројца пријатели во Ремс ја основале групата „Phrères simplistes“, особено инспирирани од Алфред Жари, Артур Рембо и надреалното.

Во доцните тинејџерски години неговата авангардна поезија била објавена во водечките списанија во Франција. Тој е најдобро познат по неговите два романи: „La Grande Beuverie“ и „Le Mont Analogue“.

Рене Домал се оженил со Вера Миланова, поранешната сопруга на поетот Хендрик Крамер, која пак по смртта на Домал, се омажила за архитектот Расел Пејџ. Ненадејна и прерана смрт на Домал од туберкулоза на 21 мај 1944 година во Париз можеби била предизвикана поради експериментите кои ги правел на млади години со дроги и психоактивни хемикалии, вклучувајќи јаглерод тетрахлорид. Тој починал оставајќи го неговиот роман Mount Analogue недовршен, на кој работел до денот на неговата смрт.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Викицитат има збирка цитати поврзани со: