Жилјен Грак

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Жилјен Грак
Julien Gracq.jpg
Грак во 1951
Роден/а27 јули 1910
Мен и Лоара, Франција
Починат/а22 декември 2007
Анже, Франција
Занимањероманописец, критичар, драматург, поет
Националностфранцузин
Период1938–2002

Потпис

Жилјен Грак (27 јули 191022 декември 2007) — француски писател, поет, и драматург, близок до надреалниот правец во литературата и неговиот предводник Андре Бретон. Делата на Грак се одликуваат со елегантен стил на пишување, префинет речник, и апстрактни поими.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Грак посетувал средно училиште во Париз, а во 1930 запишал виша школа за политички науки. Во 1932 го прочитал романот на Андре Бретон, Надја, што му оставил длабок впечаток. Граковиот прв роман Замок од калиум тартрат потсетувал на стилот на Бретон, а Грак му посветил цела книга на Бретон во 1948. За време на Втората светска војна бил заробен во Шлеска со други армиски офицери, а таму се спријателил со писателот и книжевен критичар Арман Хог.

Во 1950 објавил тирада против современата литература и книжевните награди во рецензија во Empédocle. Кога ја освоил наградата „Гонкур“ за романот Спротивниот брег следната година, останал на својот став и ја одбил наградата. Грак предавал историја и географија во средно училиште сѐ до неговото пензионирање во 1970. Во 1979 го напишал предговорот на реизданието на Journal de l'analogiste (1954) од Сузан Лилар, чие дело го нарекол „раскошнo поведување на поезијата“. Целокупното творештво на Грак било издадено во 1989 од страна на библиотеката „Плејада“. Се држел настрана од големите книжевни церемонии и останал верен кон својот прв издавач Хозе Корти. Грак живеел мирен и повлечен живот во родниот Сен-Флоран-ле-Веи, на брегот на реката Лоара. Починал на 22 декември 2007, на возраст од 97 години, во болница во Анже два дена по претрпена вртоглавица.

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Au château d’Argol, 1938
  • Un beau ténébreux, 1945
  • Liberté grande, 1947
  • Le Roi pêcheur, 1948
  • André Breton, quelques aspects de l’écrivain, 1948
  • La Littérature à l'estomac, 1949
  • Le Rivage des Syrtes, 1951
  • Prose pour l’Etrangère, 1952
  • Penthésilée, 1954
  • Un balcon en forêt, 1958
  • Préférences, 1961
  • Lettrines, 1967
  • La Presqu’île, 1970
  • Le Roi Cophetua, 1970
  • Lettrines II, 1974
  • Les Eaux Etroites, 1976
  • En lisant en écrivant, 1980
  • La Forme d’une ville, 1985
  • Autour des sept collines, 1988
  • Carnets du grand chemin, 1992
  • Entretiens, 2002

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Julien Gracq, 97, Iconoclastic French Surrealist Writer“, The New York Times, 24 декември 2007 (посет. 24 декември 2007 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]