Ролан Гарос (пилот)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ролан Гарос
француски пилот
Роден 6 октомври 1888
Сен-Дени, Франција
Починал 5 октомври 1918
Вузие, Ардени, Франција

Ролан Гарос (6.10.1888. - 5.10.1918.) (фран. Roland Garros) бил еден од првите француски пилоти и пилот на воен авион во текот на Првата светска војна. Летачката кариера ја започнал во 1909. со авион од типот Демоизел. Во 1911 почнал да се натпреварува на повеќе европски трки со авиони. Станал познат откако го прелетал Средоземјето од Фрежу во Франција до Бизерта во Тунис. Следната година се приклучил на француската војска на почетокот на војната.

Во 1915 принудно слетал на германска територија и бил заробен од германската војска. Избегал од камп за воени заробеници во февруари 1918 и повторно се придружил на француската војска. На 5 октомври истата година неговиот авион бил урнат од непријателски оган при што Гарос загинал, во близина на Вузие во областа на Ардените во Франција.