Модар патлиџан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Модар патлиџан
Научна класификација
Царство: Plantae
Нерангирано: Angiospermae
Нерангирано: Eudicots
Нерангирано: Asterids
Ред: Solanales
Семејство: Solanaceae
Род: Solanum
Вид: S. melongena
Научен назив
Solanum melongena
L.
Синоними

Solanum ovigerum Dunal
Solanum trongum Poir.
and see text

Модриот патлиџан е едногодишно растение од фамилијата зрнци (Solanaceae). Растението потекнува од Индија, а во Европа и на Балканот е познат од XV век. Незрелите плодови од растението се користат готвени во исхраната.

Опис[уреди | уреди извор]

Зрели плодо на модар патлиџан во нива во Скопското Поле, Македонија

Модриот патлиџан е деликатна, тропска повеќегодишна билка често се одгледува како мек или полутврд годишен плод во умерени клими. Стеблото е често извиткано. Цветот е бел до виолетов, со пет-лобуси венчиња и жолти прашници. Јајцевидниот, сјајен (мазен), виолетов плод има бело месо со месна текстура. Исечената површина во внатрешноста брзо станува кафеава кога плодот се отвора.

Таа расте 40 до 150 см во височина, со големи, груби лопасти листови кои се долги 10 до 20 см и широки 5 до 10 см. Полудиви видови на модар патлиџан можат да пораснат многу поголеми, до 225 см со големи листови долги 30 cm и широки од 15 см. Кај дивите видови на ова растение, плодот е со пречник помал од 3 cm, но многу поголем е во култивирани форми: 30 cm или повеќе во должина.

Ботанички класифициран како зрновиден, плодот на модриот патлиџан содржи бројни мали, меки семиња кои, иако се јадат, се горчливи затоа што содржат никотиноидни алкалоиди, слично како кај тутунот.

Историја[уреди | уреди извор]

Растителните видови на модриот патлиџан потекнуваат од одгледување. Модриот патлиџан е одгледуван во јужна и источна Азија од праисторијата. Првиот познат пишан запис за растението е пронајден во Ќи Мин Јаошу, древен кинески земјоделски трактат завршен во 544 година. Бројните арапски и северноафрикански имиња за неа, заедно со недостатокот на антички грчки и римски имиња, укажуваат дека во раниот среден век Арапите го донеле низ на Медитеранот. Книгата за земјоделство на Ибн Ал-Аллам во арапската Шпанија од 12 век опишува како да се одлгедува и расте модар патлиџан.

Сорти[уреди | уреди извор]

Различни сорти на растението произведуваат плодови со различна големина, облик (форма) и боја, иако обично се виолетови, од каде и доаѓа името модар патлиџан. Најраспространетите видови сорти - во Европа и Северна Америка денес се издолжени и заоблени, долги 12-25 сантиметри и широки 6-9 см со темна виолетова кожа. Многу поширок спектар на облици, големини и бои на модар патлиџан се одгледуваат во Индија и на други места во Азија. Боите варираат од бело до жолто или зелено, како и црвеникаво-виолетова и темновиолетова. Некои сорти имаат боја на кремасто бело на стеблото, до светло розова, темновиолетова или дури и црна. Исто така постојат и зелени или пурпурни сорти со бели ленти.

Галерија[уреди | уреди извор]