Ендербиева Земја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сателитска снимка на Ендербиевата Земја (NASA MODIS)

Ендербиевата Земја (англ. Enderby Land) е изададена копнена маса на Антарктика која се протега од Шинановиот Ледник (67°55′S 44°38′E / 67.917° ЈГШ; 44.633° ИГД / -67.917; 44.633) до заливот Вилијам Скорсби (67°24′S 59°34′E / 67.400° ЈГШ; 59.567° ИГД / -67.400; 59.567).

Областа ја открил истражувачот Џон Биско во февруари 1931 во китоловниот брод „Тула“ и наречена по сопствениците на бродот, браќата Ендерби од Лондон, кои ги советувале капетаните фоколовот да го дополнуваат со истражување.

На дел од Ендербиевата Земја полага право Австралија, како дел од Австралиска Антарктичката Територија. Областа ги опфаќа следниве места: Амундсеновиот Залив, Кејсиевиот Залив, Скотовите, Тулските и Неперовите Планини. Највисоки планини на крајбрежниот венец се Мекмастер (2830 м), Елкинс (2300 м), Симпсон (1720 м) и Кодрингтон (1520 м).

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Commons-logo.svg Ендербиева Земја на Ризницата ?
  • Научен комитет за антарктичко истражување (SCAR) Архивирано на 18 август 2010 г. (англиски)
  • „Список на врвови во Ендербиевата Земја“. Peakbagger.com. (англиски)

Координати: 67°30′S 53°00′E / 67.500° ЈГШ; 53.000° ИГД / -67.500; 53.000  Оваа статија содржи материјал во јавна сопственост од Геолошкиот топографски институт на САД (USGS) — документ: „Ендербиева Земја“ (содржини од Информативниот систем за географски имиња). (англиски)