Грасиоза (остров)

Координати: 39°3′5″N 28°0′51″W / 39.05139° СГШ; 28.01417° ЗГД / 39.05139; -28.01417
Од Википедија — слободната енциклопедија
Грасиоза
Ilha Graciosa
"Ила Бранка"
Остров
Островот Грасиоза, виден од Сао Жоржи (остров), Азорски острови..
Островот Грасиоза, виден од Сао Жоржи (остров), Азорски острови..
Етимологија: Португалски за Прекрасна
Прекар(и): Белиот Остров
Местоположба на островот Грасиоза во архипелагот на Азорите
Местоположба на островот Грасиоза во архипелагот на Азорите
ЗемјаПортугалија
Автономен РегионАзорски Острови
ОстровиЦентрална група
Општини
Површина
 • Вкупна60,65 км2 (2,342 ми2)
Население (2011)
 • Вкупно4,777
 • Густина0,00.079/км2 (0,0.020/ми2)
ДемонимГрасиозани
Етнички групиПортугалци
Географски Институт на Португалија (2010)

Островот Грасиоза (португалски изговор: [ɡɾɐsiˈɔzɐ]) (на португалски "убава" или "прекрасна" ) назначен и како Белиот Остров, е најсеверниот од Централната група острови во Азорскиот архипелаг. Островот има површина од 60.65 квадратни километри (23.42 квадратни милји), должина од 10 километри (6.2 милји) и ширина од 7 километри (4.3 милји). Ова е вулкански остров, на кој се издига 1.6 километри (1.0 километри) долгата централна калдера (Калдеира) којашто се наоѓа на југоисток.

Историја[уреди | уреди извор]

Историската парохиска црква Санта Крус во селото Санта Крус да Грасиоза

Заедно со другите острови од Централната група на архипелагот, Грасиоза бил евидентиран од страна на португалските морепловци во текот на првата четвртина на 15 век. Нема запис за тоа кога за првпат бил здогледан, но 2 мај 1450 честопати се назначува за ден на "откривањето" на островите, иако не постои никаква документација којашто би го поддржала овој датум. Од друга страна, јасно е дека уште во 1440 година, по наредба на принцот Хенри Морепловецот, говеда и свињи биле населувани на островите, со цел да се олесни колонизација.

Слично на тоа, не се јасни имињата на првите доселеници при колонизирањето на островот, иако околу 1450 првите колонисти најверојатно биле робови. Споменато е дека првата група доселеници ја предводел Васко Гил Содре, поранешен жител на Монтемору Вељо, кој пристигнал од Терсеира заедно со семејството и слуги околу средината на 1450-тите. Овој пионер ја отворил официјалната фаза на континуираното населување на островот.

Првата населба била во Карапачо, зона југоисточно од островот каде што веројатно и пристигнале доселениците. Бидејќи немало плодни почви ниту засолништа од морето, доселениците се преселиле подалеку во внатрешноста. По неколку години јадрото било формирано на северниот брег во близина на Бара и Санта Крус, заради пристапноста до питка вода. Оваа колонија подоцна ќе стане селото Санта Крус да Грасиоза.

Првиот капетан-донатарио бил Васко Гил Содре, кој се заложил за развој на северниот дел на островот, додека неговиот девер Дуарте Барето ду Коуту го раководел јужниот дел на островот во втората капетанија околу селото Праја. По 1485 капетанијата на Грасиоза сеобединила под управа на Педро Корејра да Куња, втор капетан на Порто Санто (Мадејра) и девер на Кристофер Колумбо. Тој си го донел семејство во Грасиоза, се населил во Санта Крус, го преместил општинското седиште и Праја ја направил административен центар. Следната година Санта Крус добил статус на "село" и општина, под верските парохии на Санта Крус и Сао Матеус да Праја.[1] Промената предизвикала прилив на доселеници од Беирас, Мињо и Фландрија (во Холандија) овозможувајќи да се постават првите општински структури (во овој случај изградба на светилникот кај Санта Крус во 1486).

Островот постепено просперирал и станал мета на напади од страна на пирати во текот на 16 и 17 век. Освен што уништувале згради, ти го заробувале и месното население. Дури и под вакви околности, на островот доаѓале доселеници, вклучувајќи ги и оние првите врзани за благородништвото (посебно од островот Терсеира).

Стопанството во минатото[уреди | уреди извор]

Уште од почетокот, островот преживувал од земјоделието и од винарството. Заради плодноста на почвите и меката клима, население било во можност да извозува жито, јачмен, вино одржувајќи активна трговија со Терсеира, тогаш најголемото пристаниште, центар за трговија и администрација на архипелагот.

Положбата на островите во Централна Група и неговата близина до Терсеира го направиле Грасиоза значајна точка долж трансатлантското морепловство. Неколку историски личности поминале низ водите на Санта Крус, вклучувајќи го отецот Антонио Виејра, кој се насукал во близина на Корву патувајќи на холандски брод. Во 1791 година, францускиот писател Франсоа-Рене де Шатобријан го посетил островот, додека патувал за Северна Америка. Подоцна тој пишувал за островот. Поетот Алмејда Гарет, исто така, го посетил неговиот чичко (судија во Санта Крус) во 1814 година на возраст од 15 години. Во 1879, Принцот Алберт од Монако, додека бил на посета на Азорите на неговата јахта Хирондел, го направил пристаништето во Грасиоза за време на неговите океанографски студии на морски животни. Тој ја посетил Фурна ду Енксофре, во центарот на Калдеира, и бил првиот кој споменал да се инсталира туристички пристап до геолошката локација. Ноќта на 13 јули 1929 година во тек на принудно слетување околу полињата на Бразилеира, се урнал авионот Амиот 123 кога бил тестиран од страна на двајца полски пилоти . Авионот летнал од Париз-Ле Бурже во обид да се изведе првиот полски прекуатлантски премин во Њујорк. Додека копилотот преживеал само со мали повреди, пилотот загинал во несреќата на кое место бил подигнат крст во спомен на овој настан.

Низ историјата, островот доживеал повеќе природни кризи. Летото 1844 година, за време на топлотен бран, островот се соочил со недостиг на вода и фатални ризици во земјоделството. Островот страдал и од многу земјотреси, од кои многу предизвикале уништување на домовите и смртни случаи. На 13 јуни 1730, земјотрес во близина Луз предизвикал штета на многу домови и ја оштетил парохиската црква. Земјотреси се случиле и во март 1787 и во 1817, без значителни штета. Во 1837 околу 12 јануари, и на крајот на февруари, од земјотрес биле уништени повеќето домови во Праја. Црквата во Луз се срушила а имало и загинати. Луз и областа на Карапачо биле погодени од земјотрес и во 1980 година кој ги уништил станбените области.

Како резултат на општата емиграцијата во САД во текот на 1950-тите до 1970-тите години, демографијата на Грасиоза се намалила под влијание на социо-економската стабилност на островот.

Во 2010 година, островот се приклучил во интернационалната мрежа за верификација на Сеопфатната Јадрена-Тест-Забрана и мониторинг станица[2] била најавена од страна на Регионалниот претседател Карлос Сезар за време на посетата на островот, кога бил потпишан и договор за изградба на нов Медицински центар на Грасиоза.

Географија[уреди | уреди извор]

Понта да Барка, симбол на островот Грасиоза

Опис[уреди | уреди извор]

Масивот Калдеира
Сера Дормида, Санта Крус да Грасиоза на Азорските Острови во Португалија

Грасиоза Островот се наоѓа во северозападниот дел на тектонската структура наречена Терсеира Гребен, ориентирана југоисток кон северозапад заедно со ориентација на архипелагот. Присуството на гребенот го деформирал островот Грасиоза во издолжена овална форма (12.5 километри долг и 7.5 километри широк).

Брегот е груб и карпест но генерално низок, освен во северозападниот дел по Сера Бранка (каде карпите се високи 200 метри). Постојат два плитки заливи, во југоисточниот и југозападниот дел кај риболовните пристаништа на Вила Праја и Фолга. Долж североисточниот брег постојат неколку помали заливи во близина на Санта Крус да Грасиоза, кои биле користени како пристаништа, но сега истите се напуштени и сега се користат како рекреативна зона.

Внатрешноста на островот генерално е рамен со бројни вулкански конуси. Јужниот дел на островот е малку повисок. Островот е поделен на четири геоморфолошки зони:

  • Масивот Калдеира, на крајниот југоисток од островот кој се состои од добро зачуван вулкан и калдера;
  • Сера дас Фонтес, се наоѓа по должината на североисточниот брег, зона на карпи формирана од страна на локалните тектоники;
  • Вулканските Комплекси Сера Дормида и Сера Бранка кои зафаќаат една третина од централниот остров;
  • Платформата Санта Крус, го зазема северозападниот дел на островот и се одликува со релјеф кој е благо наведнат (околу 50 метри) и испрекинат со неколку вулкански купи.

Вулкани[уреди | уреди извор]

Вулканите на Грасиоза  главно се одликуваат со ниско ниво на експлозивност, иако таму се појавуваат некои депозити кои покажуваат индикации за зголемена експлозивност во неговата геолошка историја. Вулканите се појавиле пред околу 600,000 години со формирање на штитестиот вулкан, кој сè уште е видлив во Вулканскиот комплекс на Сера Бранка (најстариот дел на островот). Ова било проследено со периодични експлозии формирање на бројни вулкански остатоци кои го сочинуваат регионот Сера Дормида и Сера дас Фонтес. Типот на вулканите радикално се изменил пред околу 350,000 години, со формирањето на централниот вулкан (и подоцна калдера) поврзана со различни магматски комори, што довело до поголема експлозивност и дебели слоеви pumice на што се должи слоевитоста на Сера Бранка. Формирањето на Платформата Санта Крус дошло од поновите геолошки вулкани поврзани со пониски експлозивни базалтички ерупции што резултирало со бројни конуси и депозити кои ги опфаќаат централниот и северниот дел од островот. Во оваа фаза се формирал масивот Калдера и многу островчиња по должината на брегот. Последната фаза на геолошка историја на Грасиоза се случила пред 2,000 години, со формирање Пико Тимао и базалтичките текови кои се наоѓаат во околните области.

Административна поделба[уреди | уреди извор]

Санта Крус да Грасиоза, најголемото урбанизирано населено место на островот Грасиоза, Азорски Острови

На територијата на островот има само една општина, Санта Крус да Грасиоза (4,780 жители во 2001 година), поделена во четири парохии:

  • Санта Крус - седиштето на општината и главната урбанизирана населба на островот сместена на источниот брег;
  • Сао Матеус да Праја - историско село и поранешно седиште на општината, до 19 век;
  • Гвадалупе - главната рурална населба на островот;
  • Луз - градскапарохија локално позната како "Сул" (Југ), сместена на јужниот брег на островот. 

Економија[уреди | уреди извор]

Заради концентрацијата на земјоделството, сточарството и млечните индустрии, на островот има релативно стабилно стопанство. Се произведуваат различни овошја, вино, говедско месо и млеко, како и сирење и други млечни производи. Изградбата на трговското пристаниште и Аеродромот Грасиоза во 1980 година, островите на архипелагот се поврзале и со тоа се зајакнал извозот и увозот на стоки и услуги.

Првиот хотел на Грасиоза бил отворен во јуни, 2009 година како дел од серија на инвестиции за изградба на инфраструктура за развојот на туризмот. Хотелот има 120 легла, ресторан за 100 луѓе, голем базен и нуси различни услуги.

Сообраќај[уреди | уреди извор]

На островот има Аеродром Грасиоза (ИАТА(IATA: GRWICAO: LPGR)ICAO(IATA: GRWICAO: LPGR), кој се наоѓа долж северниот брег, како и секојдневна бродска услуга од страна на Atlanticoline, со патнички и карго услуги на Азорските Острови.

Влијанието на Фламанците е видливо во ветерниците кои се дел од пејзажот на островот

Архитектура[уреди | уреди извор]

На островот има историски градби и структури кои биле дел од островската историја. Освен урбаното јадро на Санта Крус да Грасиоза, класифициран од ИГЕСПАР како Група на Јавен Интерес (португалски: Núcleo urbano da vila de Santa Cruz da Graciosa/Zona Classificada da Vila de Santa Cruz da Graciosa)[3], постојат и други градби impérios, ветерници и дополнителни урбани структури:

Граѓански[уреди | уреди извор]

  • Светилникот на Карапачо/Понта да Рестинга (португалски: Farol do Carapacho/Ponta da Restinga)
  • Светилникот на Понта да Барса (португалски: Farol da Ponta da Barca)
  • Куќата на капетаните (португалски: Casa dos Capitães-mores)

Верски[уреди | уреди извор]

  • Црквата Носа Сењеора да Луз (португалски: Igreja de Nossa Senhora da Luz)
  • Црквата Санта Крус да Грасиоза (португалски: Igreja de Santa Cruz da Graciosa)
  • Ермитаж на Носа Сењеора да Ажуда (португалски: Ermida de Nossa Senhora da Ajuda)
  • Ермитаж на Носа Сењора да Гуја (португалски: Ermida de Nossa Senhora da Guia)

Спорт[уреди | уреди извор]

Има спортски фудбалски клуб кој е дел од Фудбалската Федерација на Ангра ду Хероизму.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. São Mateus da Praia was also elevated to the status of village and municipality by Royal Decree of King John III (dated April 1, 1546), and a similar lighthouse constructed. With the creation of the second village, the island was administratively: Santa Cruz da Graciosa, including the village, the areas of northeast including Guadalupe, and Praia, including the village and areas of the parish of Luz. This continued until the 19th Century, when the second administrative code imposed by the Liberal government eliminated the municipality of Praia and integrated the administrative functions into the municipality of Santa Cruz da Graciosa. Praia also lost its status as village, only recuperating it on June 24, 2003 by Regional Decree (n.º 29/2003/A), approved by the Azorean Parliament.
  2. Lusa-AO online (5 April 2010). „Governo inicia visita estatutária à Graciosa“ (португалски). Ponta Delgada: AO Online. стр. 1. Посетено на 5 April 2010.
  3. „Monumentos“. web.archive.org. 2015-10-01. Архивирано од изворникот на 2015-10-01. Посетено на 2018-12-09.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)