Корву (остров)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Корву
Наречен и: Ilha do Corvo
Наречен и: Остров на враната
Azoren Corvo.jpg
Островот виден од каналот Корву-Флориш
Географија
МестоАтлантски Океан
Координати39°42′6.75″N 31°6′6″W / 39.7018750° СГШ; 31.10167° ЗГД / 39.7018750; -31.10167Координати: 39°42′6.75″N 31°6′6″W / 39.7018750° СГШ; 31.10167° ЗГД / 39.7018750; -31.10167
АрипелагАзорски Острови
Површина17,11 км2
Должина4 km
Ширина6,3 km
Највисоко издигнување749 m
Највисока котаМонте Горду
Управување
Автономен регионАзорски Острови
ОстровиЗападна група
Демографија
ДемонимКорвину
Корвенсе
Население468 (2006)
Јазиципортугалски јазик


Островот Корву (португалски: Ilha do Corvo, португалски изговор: [ˈiʎɐ du ˈkoɾvu], буквално Островот на враната) - најмал и најсеверен остров на Азорскиот архипелаг и најсеверен во Макаронезија. Со население од околу 468 жители (попис во 2006 година) тој е најмалатата општина во Азорите а воедно и во Португалија. Неговата местоположба е во рамки на Северноамериканска плоча.

Островот има површина од 17,43 км2[1] и се издига на 770 метри надморска височина на планината Гросо.[2] Островот се наоѓа 16 километри северно од Флориш. Воздушните линии ја намалиле претходната изолација на островот. На островот има само еден град, Вила Корву (на југоисток). На островот се произведува волна.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Историјата на Азорите е поврзана со неофицијалното истражување за време на доцниот 13 век, при кое биле изготвени мапи како што e џеновскиот Медичиевиот атлас од 1351, кој споменува непознати острови во недефинираниот Атлантски архипелагАтласотот укажува на некаков Остров на морската врана (оригинал: Insula Corvi Marini)[3], во некаков архипелаг со седум острови но не е сосема сигурно дека ова се однесува конкретно на Корву, иако името на островот може да потекнува оттука. Називот морска врана е буквален превод на португалскиот назив за корморан - "corvo marinho"[4]. Веројатно името се однесува на двата острови Корву и Флориш, кој исто така се појавува подоцна во Каталонската мапа (во оригинален назив: Mapa Catalão) од 1375 година[5].

Морепловецот Диогу де Теиве ги открил и двата острова на Западната група кога во 1452 година се враќал од  Њуфаундленд по неговото второ истражувачко патување. Подоцна, Португалците кога се споменувале новите Острови на цвеќињата (португалски: Ilhas das Flores) почнале да го идентификуваат Корву како Остров на Света Ирена (Ilha de Santa Iria) а други морепловски мапи продолжиле да го ословуваат островот како: Островче на цвеќето, Островот на Светилникот или Островот на Свети Тома.[6] Некое време, островот бил познат и како Ил ду Марку. Првата постојана населба на островот била формирана во 1580 година. Верската парохија била основана во 1674 а потоа, на 20 јуни 1832, островот бил вметнат како административна единица.

Мапа со приказ на вулканите на Корву

Географија[уреди | уреди извор]

Калдеирата на Корву
Пристигнување до пристаништето Корву, селото Ково, општина Вила ду Корву (Азорски Острови), Португалија

Островот се наоѓа на Северноамериканската плоча, западно од Средноатлантскиот гребен на морска планина стара околу 1.5-1.0 милиони години. Островите Корву и Флориш се појавиле од подводна планина ориентирана по линија североисток-југозапад. Островот се формирал од вулканот Монте Горду со дијаметар од 5 км кој се појавил пред околу 730,000 години, чија централна купа изнесувала околу 1,000 метри во височина. Кратерот пропаднал пред околу 430,000 години за време на плиниев избув кој формирал калдера со дијаметар од 2,000 метри и 300 метри длабочина. Во рамки на калдерата која се нарекува Калдеирау (португалски: Caldeirão, односно Котел) се формирале езерца и островчиња (две долги и пет заоблени). Највисоката точка на островот, Моро дос Хоменс, се издига по јужниот раб на калдерата, 718 метри над морското ниво.

Главно се препознаваат два вулкански комплекса :

  • Долен комплекс – најстарата формативна структура, што вклучува пирокластичен подморски туфести конуси, околу југозападниот и северниот морски гребен.
  • Горен комплекс (Повисок комплекс 1 и 2) – поделен во две вулкански единици од пред и по епизодите на калдерата. Комплекс 1 (или пред калдерата) е претставен со подводни вулкани, кои се карактеризираат со експлозивни и ефузивни вулкански ерупции. Второстепените формации (Комплекс 2) зафаќаат 90% од островот а се однесуваат на централната калдера. Најновите депозити одговараат на пирокластичен и фреатомагматски пирокластичен материјал кој се поврзува со секундарните конуси.

Додека во почетната фаза доминирала базалтна лава и пирокластични депозити, завршната фаза се карактеризирала со лахари и пирокластични текови карактеристични за плиниеви ерупции. Чисти карпи доминираат на крајбрежни области, со исклучок на јужната маргина која е составена од најстарите текови на лава. Западните карпи, со речиси вертикални падини се издигаат 700 метри над морското ниво и се една од главните крајбрежни височини во Атлантикот. Остатоци од стариот вулкан се делумно сочувани на јужната и источната падина на островот (на надморска височина меѓу 500 и 700 метри). Освен од морските ерозии, островот постојано еродира и од силни ветрови од североисточен и западен правец.

Панорама на Калдеирао, остатоци од последната плиниева ерупција на островот Корву, како што се гледа од кратерскиот раб Малагетас

Јужно, секундарните конуси како Короина, Мору да Фонте, Гротау да Кастелана и Короа де Пику, се видно зачувани со мала ерозија и одговорни за многу базалтни текови коишто ја формирале јужната лавинска фажа - fajã (10-60 метри над морското ниво). Последната ерупција се случила пред околу 80-100,000 години во близина на Вила Нова ду Корву.

На крајниот североисток, долж Понта Тораис има две мали островчиња, Тораис и Торао, во прилог на неколку подморски гребени, опасни за пловидба. На крајот на октомври 2012 година, по неколку дена преголеми врнежи од дожд, се случило лизгање на земјиштето кое ги поместило геолошките остатоци долж северозападниот агол на островот, што резултирало со формирање на мали островчиња кои постепено се претвориле во полуостров и најпосле во фажа (fajã).[7]

Корву

Екорегиони/Заштитени подрачја[уреди | уреди извор]

Природниот резерват Корву бил создаден на 5 ноември 2008 година со цел да се зачува и заштити околината и природните ресурси на островот[8]. Опфаќа пред сè две категории и поврзани области на делување се:

  • Заштитени подрачја за управување на животна стедина и крајбрежни видови

- [COR01] Заштитено подрачје на калдерата на Корву (португалски: Área Protegida para a Gestão de Habitats ou Espécies da Costa e Caldeirão do Corvo)

  • Заштитени подрачја за управување со ресурсите
Ветерници како остаток на фламандската традиција на Азорските Острови

- [COR02] Заштитени ресурси во областа на брегот на Корву (португалски: Área Protegida para a Gestão de Recursos da Costa do Corvo)

Клима[уреди | уреди извор]

Како и на другите Азорски острови, климата е влажна, со 915.7 мм врнежи на годишно ниво, пријатна, иако генерално ветровита. Температурите изнесуваат 17.6 °C во Вила ду Корву и се движат помеѓу 14°C во февруари до 20°C во август. На повисоките коти речиси постојано има магла. Поради морските бранови, особено на западниот брег, зголемена е ерозијата по должината на брегот. Релативната влажност е меѓу 74% во октомври и 85% во јуни, кога маглата е почеста (која се наведува и како маглата на Сао Жуао).

Демографија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Вила ду Корву.

На островот има еден град: Вила ду Корву. Главно тоа е збир на голем број станбени и деловни објекти на јужната една третина од островот. Функционално, Вила ду Корву е единствениот португалски град без граѓанска парохија. Урбанизираната област е поделена помеѓу селото, аеродромот, и островските пристаништа (кои се основна поврзаност до другите острови во архипелагот). Земјиштата непосредно околу населбата се мали зони долж источниот брег (Квинтас и Фожо) каде можат да се одгледуваат култури и овошки. Најдобарото пасиште се наоѓа во северниот дел во зоната на Терас Алтас.

Вила ду Корву, единственото населено место на островот, виден од Портал, со поглед кон Островот Флориш.

На јужниот брег, позната како Ендеада де Носа Сенора не Розарио, е локацијата на три пристаништа, изградени во различни времиња за различни потреби: Порто Ново (во моментот не се користи), Порто де Бокеирао и Порто де Каза (најголемо пристаниште на островот и комерцијално пристаниште). Портино да Ареја, на крајниот запад на јужниот брег (на крајот на аеродромската писта) е единствена и главна плажа на островот.

Порто да Каза, Корву

Економија[уреди | уреди извор]

Еко земјоделство предоминира на островот. Тоа во моментов зазема 17.5% од подрачјето на општината, а се концентрира на мали парцели во источната половина на островот и по северните делови на Вила ду Корву. Земјоделците се концентрираat на култури како компир, некои житарки, вклучувајќи пченица и цитрусни овошја.

Производство на млеко е примарна активност а сирењето е една од основните комерцијализирани производи, иако одгледување на свињи и живина исто така е честа појава. До 1960-тите години, одгледување на овци и комерцијализација на волна исто така била важно на островот. Така било до промената во шумарската политика која принудила многу фармери да ги напуштат необработливите земјишта кои биле рутински користени за пасење овци.

Транспорт[уреди | уреди извор]

Островот се сервира од страна на Аеродромот Корву (ИАТА(IATA: CVUICAO: LPCR)ICAO(IATA: CVUICAO: LPCR), кој се наоѓа на јужната граница на островот помеѓу селото и јужните океански пристаништа. Не постојат директни летови до Корву и надвор од архипелагот.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Corvo island Azores“. www.azoresweb.com. конс. 2018-12-22. 
  2. 2,0 2,1 „Corvo Island | island, Portugal“. Encyclopedia Britannica. конс. 2018-12-22. 
  3. Buchon, Jean Alexandre (1839) (на fr). Notice d'un atlas en langue catalane, manuscrit de l'an 1375 conservé parmi les manuscrits de la Bibliothèque royale sous le numéro 6816, fonds ancien, in-folio maximo. Imprimerie royale. https://books.google.mk/books?id=7viFVyudhAsC&pg=PA65&lpg=PA65&dq=Insula+Corvi+Marini&source=bl&ots=lISIv16ydx&sig=U50eCTTQXtQ-GKYMgRU21uVaRRU&hl=en&sa=X&ved=2ahUKEwip2Omes7TfAhWGwosKHc9aDyEQ6AEwDXoECAAQAQ#v=onepage&q=Insula%20Corvi%20Marini&f=false. 
  4. „corvo-marinho - Wiktionary“. en.wiktionary.org. конс. 2018-12-22. 
  5. „More History of the Azores“. www.azoresweb.com. конс. 2018-12-22. 
  6. Ilhéu das Flores (Остров на цвеќето), Ilha da Estátua (Остров на Статутот), Ilha do Farol (Остров на Светилникот) Ilha de São Tomás (Остров на Св. Тома).
  7. „Parque Natural monitoriza "nascimento" de nova fajã no Corvo“. Açoriano Oriental (Portuguese). конс. 2018-12-04T18:41:24Z. 
  8. „Natural Park“. parquesnaturais.azores.gov.pt. конс. 2018-12-22. 

Извори[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]