Корморани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Корморани
Период: доцна креда? – денес

Phalacrocorax melanoleucos
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Поткласа: Нови птици
Ред: Пеликановидни
Фамилија: Корморани
Reichenbach, 1850
Род: Корморан
Brisson, 1760

Фамилијата корморани и сродници Phalacrocoracidae содржи околу 40 вида. Според традиционаланата класификација тие спаѓаат во редот на пеликановидните Pelecaniformes, но со последните анализи, ги преместуваат во посебен ред Suliformes.

Особини[уреди]

Корморани во лов на риба

Кормораните и сродниците се средни до големи водни птици. Најмалиот вид е долг 45 cm, и тежок 340 грама, а најголемиот е долг 100 cm и тежи 5 килограми. Тие се повеќе крајбрежни, отколку океански птици, па дури и почесто се населуваат крај слатководни води. Распространети се низ целиот свет, освен во централните Пацифички острови. Се хранат со риби, помали јагули и водни змии. Ловат од површината, и прават карактеристичен скок нурнувајќи се по пленот. Под водата се движат со нозете, а некои видови може да нурнат до 45 метри во длабочина. По риболовот, кормораните одат на суво и ги сушат крилјата на сонце. Тие имаат водоотпорен секрет со кој си ги премачкуваат крилјата. Според некои извори, тие имаат водоотпорни перја[1], додека според други, тие имаат порозни перја, а водоотпорноста произлегува од секретот.[2][3] Според некои, пак, само горните пердуви им се порозни, додека долното перје им е водонепропусно.[4] Кормораните живеат и се гнездат во колонии. При гнездењето користат дрвја, каменливи острови или гребени. Јајцата се синкаста боја, и обично имаат само едно легло годишно. Младенчињата ги хранат со полусварена храна.

Систематизација[уреди]

Нуркање по храна
Младенче Phalacrocorax atriceps albiventer
Phalacrocorax niger во Индија

Според „Прирачникот за птиците во светот“ (Handbook of the Birds of the World). постојат следните видови корморани:

  • Phalacrocorax auritus
  • Phalacrocorax brasilianus (Phalacrocorax olivaceus)
  • Phalacrocorax sulcirostris
  • Голем корморанPhalacrocorax carbo
  • Phalacrocorax lucidus
  • Phalacrocorax fuscicollis
  • Phalacrocorax capensis
  • Phalacrocorax nigrogularis
  • Phalacrocorax neglectus
  • Phalacrocorax capillatus
  • Phalacrocorax penicillatus
  • Phalacrocorax perspicillatus – изумрен (c.1850)
  • Аристотелов корморан Phalacrocorax aristotelis
  • Phalacrocorax pelagicus
  • Phalacrocorax urile
  • Phalacrocorax magellanicus
  • Phalacrocorax bougainvillii
  • Phalacrocorax varius
  • Phalacrocorax fuscescens
  • Phalacrocorax carunculatus
  • Phalacrocorax chalconotus
  • Phalacrocorax onslowi
  • Phalacrocorax colensoi
  • Phalacrocorax campbelli
  • Phalacrocorax ranfurlyi
  • Phalacrocorax atriceps
    • Phalacrocorax atriceps albiventer
  • Phalacrocorax bransfieldensis
  • Phalacrocorax georgianus
  • Phalacrocorax nivalis
  • Phalacrocorax melanogenis
  • Phalacrocorax verrucosus
  • Phalacrocorax purpurascens
  • Phalacrocorax gaimardi
  • Phalacrocorax punctatus
  • Phalacrocorax featherstoni
  • Phalacrocorax melanoleucos
  • Phalacrocorax africanus
  • Phalacrocorax coronatus
  • Phalacrocorax niger
  • Мал корморан, Phalacrocorax pygmaeus
  • Phalacrocorax harrisi


Наводи и литература[уреди]

  1. Cramp S, Simmons KEL (1977) Handbook of the Birds of the Western Palearctic Volume 1, Oxford University Press ISBN 0198573588
  2. Rijke AM (1968). „The water repellency and feather structure of cormorants, Phalacrocoracidae“. „J. Exp. Biol.“ 48: 185–189. http://jeb.biologists.org/content/48/1/185. 
  3. Marchant S. M. and Higgins, P. J. (1990). „Handbook of Australian, New Zealand and Antarctic Birds. Vol 1A.“. Oxford University Press. 
  4. Hennemann, W. W., III (1984). „Spread-winged behaviour of double-crested and flightless cormorants Phalacrocorax auritus and P. harrisi: wing drying or thermoregulation?“. „Ibis“ 126 (2): 230–239. doi:10.1111/j.1474-919X.1984.tb08002.x. 

Надворешни врски[уреди]