Сао Жоржи (остров)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сао Жоржи
Ilha de São Jorge
Остров
Островот Сао Жоржи виден од северозападниот брег долж Понта дос Розаис..
Островот Сао Жоржи виден од северозападниот брег долж Понта дос Розаис..
Етимологија: Португалски за Прекрасна
Прекар(и): Белиот Остров
Местоположба на островот Сао Жоржи во архипелагот на Азорите
Местоположба на островот Сао Жоржи во архипелагот на Азорите
ЗемјаПортугалија
Автономен РегионАзорски Острови
ОстровиЦентрална група
Општини
Површина
 • Вкупна243,65 км2 (9,407 ми2)
Население (2011)
 • Вкупно9,500
 • Густина0.39/км2 (1.0/ми2)
ДемонимСаожоржијци, Жоржијци
Етнички групиПортугалци
Географски Институт на Португалија (2010)

Сао Жоржи (португалски изговор: [sɐ̃w ˈʒɔɾʒ(ɨ)]) е остров на Централната група на Азорските острови и дел од автономниот регион на Португалија. Одвоен е од соседните острови (Пику и Фајал) со 15 километарски долгиот Канал Пику-Сао Жоржи. Оваа централна група честопати се нарекува триаголна група или "Триаголник". Сао Жоржи е релативно долг и тенок остров во високи гребени чие население брои 9.500 жители главно сконцентрирани долж северните и јужните брегови. Островот е 53 км долг и 8 км широк и опфаќа површина од 237.59 км2. Административно, тој е поделен на две општини: на исток Каљета, со пет парохии и на запад, Велас со шест.

Во 2016, островите биле прогласени за резерват на биосферата од страна на УНЕСКО под називот Фаџас де Сао Жоржи (португалски: Fajãs de São Jorge).[1]

Гребенот на јужниот брег на островот Сао Жоржи, Азори

Историја[уреди | уреди извор]

Една од најстарите цркви на островот Сао Жоржи, црквата Матриц на Носа Сењора, Росарио, во Топо

Не се знае со сигурност кога првите истражувачи го откриле островот Сао Жоржи. Азорските острови биле населени по 1430 (веројатно во 1439) по иницијатива на принцот Хенри Морепловецот. Празникот Свети Ѓорѓи, на 23 април, од историчарите се наведува како причина за името на островот. На Каталонската мапа од 14 век, тенок остров бил означен со ова име кое подоцна Инфанте Д. Хенрик го задржал кога доселениците од Европа почнале да го колонизираат островот (околу 1460, или 20 години откако за првпат бил здогледан).

Иако е нејасно, азорските хроничари сметаат дека населбата на островот е сконцентрирана во двете заедници Велас и Каљета и се развила во внатрешноста. Во 1460 година била изградена првата црква посветена на Св. Ѓорѓи во областа Велас, според тестовите на Инфанте Д. Енрике. Жоао Ваз Кортереал, капетан-донатарио на Ангра ду Хероисму (Терсеира) ја добил капетанијата на островот, со договор од 14 мај 1483 година. До 1500 година, населбата Велас била изградена (што довело до претпоставка дека Велас е првиот центар на островот).

По неуспешна авантура на островот Флориш, фламанскиот благородник Вилем ван дер Хеген (подоцна познат како Гилерме да Силвеира) се преселил во Топо, каде што основал локална заедница во 1480 година. Топо потоа до 1510 година прераснал во главен град на општината но ја загубил оваа титула на 3 јуни 1534 година за сметка на Каљета. Во овој период островот бил див и многу патишта меѓу заедниците биле тешки или непостоечки што резултирало во изолирани села лоцирани по должината на брегот. Врските меѓу овие заедници се развивале преку морето, подоцна се изградиле пристаништа, и истите почнале економски да се развиваат. Растот на населението бил брз и до средината на 17 век, Сао Жоржи имал околу 3000 жители и три градови: Велас, Топо и Каљета. Островот покажал силна економска виталност и започнал извоз на вино и житарки во Фландрија и други земји во Европа.

Династичката криза (1580) предизвикана од доаѓањето на кралот Филип II од Шпанија (кралот Филип I од Португалија) оставила последици врз островот, бидејќи народот (заедно со Терсеира) го поддржувал претендентот Антонио од Крато. Кралот Антонио владеел на континентот околу дваесет дена, додека не бил поразен во Битката кај Алкантара (1580). Кралот Филип, поддржан од Хабсбурговците, конечно ги поразил островјаните во Битка кај Понта Делгада меѓу 25 и 26 јули 1582 година, а гарнизоните во Сао Жоржи капитулирале по падот на Терсеира во 1583 година.

По 1583 година, островот доживеал период на релативна изолација, делумно поради слабиот квалитет на пристаништата и неговото ограничено економско значење. По шпанската окупација, тој во голема мера бил напуштен а егзистенцијата на жителите била тешка. Островот воедно бил и жртва на пиратството на Атлантикот. Островјаните биле подложени на напади од англиски и француски пирати во 1589 и 1590 година и во текот на 17 и 18 век (најчесто околу Каљета). Во 1625 година, жителите на Фаџа де Сао Жоао биле заробени од пирати и најверојатно биле продадени како робови. Спокојството околу островот било прекинато и на 20 септември 1708 година, кога градот Велас бил нападнат од француски пирати под команда на Рене Дигуеј-Троуин. Отпорот, со кој командувал Амаро Соарес де Соса, се случил околу селото Банкет, спасувајќи ги другите села од окупација и грабежи.

Островот бил жртва и на неколку природни катастрофи (како што се земјотреси, вулкански ерупции и торнадо во 1580, 1757, 1808 и 1899 година) кои создале глад и тешкотии. Најпознатата од овие вулкански ерупции започнала во раните утрински часови на 1 мај 1808 година (Вулканот Урзелина). Осум големи потреси беа забележани за еден час што предизвикаа голема паника. Многу од домовите, зградите и обработливото земјиште биле уништени. Помеѓу 1580 и 1907 година се случиле најмалку шест значајни ерупции (десет луѓе загинале за време на ерупцијата во 1580 година и осум во 1808 година).

Слика од НАСА на островот Сао Жоржи, Азорски Острови

Географија[уреди | уреди извор]

Јужниот брег на Сао Жоржи, со своите стрмни карпи долж југоисточниот дел на Каљета

Единствен меѓу Азорските Острови, Сао Жоржи е некарактеристично долг и тенок остров подложен на океанска ерозија. Островот бил создаден при пукнатина на вулканите поврзани со тектонските плоча на средината на Атлантскиот Гребен преку сукцесивни ерупции: остатоци од ова се вулканските конуси кои се протегаат по должината на централниот гребен (околу 700 метри надморска височина). Островот се создал од последователни морфолошки помлади структури:

  • Вулкански комплекс Toпo - претежно изграден од базалтни лави и пирокластични депозити и стромболиски конуси. Материјалите на оваа ерупција биле произведени пред околу 600.000 години.
  • Вулкански комплекс Розаис - составот на североисточниот дел од островот, слична структура како онаа на Топо.

Брегот на островот е особено тешко пристапен, со високи карпи кои достигнуваат стотина метри. Падот на овие гребени довеле до ниски тераси близу до морето, на Азорските Острови наречени Фаџас. Тие се особено плодни и нивните микроклиматски услови овозможуваат многу разновидни и егзотични култури, како што е кафето од Фаџа дос Вимес.

Планински венец на централните планини на островот Сао Жоржи, Велас, Сао Жоржи, Азорски Острови

На островот има повеќе од двесте вулкани од базалтен тип, ориентирани на север-запад-југоисток. Најстарата област е комплексот Топо и се наоѓа југоисточно од Сао Жоржи, датиран на возраст од 550.000 години до 110.000 години. Најновиот е во централниот дел на островот и ги вклучува Пику де Есперанса, највисока точка на 1053 м, Моро Пеладо, Пику ду Карвао, Пику де Калдеиринхас, итн.

Островот има доживеано две историски вулкански ерупции во 1580 и 1808 година. Десет лица загинале во ерупцијата од 1580 и осум во 1808 година. Подводна ерупција имало во југоисточниот дел од островот во 1964 година.

Северното крајбрежје на островот Сао Жоржи со својата бујна вегетација во преден план, и Фаџа дос Кубери и Фаџа де Калдеира во позадина.

Население[уреди | уреди извор]

Главно во текот на историјата жителите на островот со години живееле изолирано. Со отворањето на пристаништата и аеродромот на 23 април 1982, комерцијалните вложувања пораснале (особено извозот на локалното сирење) и започнал развој на сточарството, рибарството и мала занаетчиска индустрија. Населбите се развиле од Шпанија и Фландрија, главно од Авила и Вилем ван де Хаген.

Административно, Сао Жоржи е поделен на две општини: Каљета на исток со пет парохии и Велас на запад со шест парохии.

Клима[уреди | уреди извор]

Се наоѓа во средината на Атлантскиот Океан, во област со високи притисоци од влијанието на Голфската струја која ги одржува температурите на водата помеѓу 17 и 23 °C, а атмосферските температури варираат помеѓу 13 и 24 °C Годишната влажност се движи околу 75%, а нивото на врнежи го обликува физичкиот изглед на островот.

Економија[уреди | уреди извор]

Главните ресурси се сточарството, одгледувањето житарки и овошје. Други важни продукции се риболовот, волната и сирењето. Сирењето на островот е најдобро познато од Азорските Острови (Queijo São Jorge), а голем дел од неговото производство се извезува, особено во Северна Америка. Островот има свој аеродром.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Извори[уреди | уреди извор]

  • Scarth, Alwyn; Tanguy, Jean-Claude (2001), Volcanoes of Europe, England, United Kingdom: Oxford University Press, стр. 243, ISBN 0-19-521754-3 
  • Madeira, Viriato (1 December 2003), Ilha de São Jorge (Portuguese) X (Fasc. 1), Revista de Estudos Açoreanos, стр. 63 
  • „San Jorge“. Глобална програма за вулканизмоит. Смитсонова установа.  (англиски)

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]