Фумарола

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Фумароли на островот Вулкано, Сицилија.
Отвор на солфатарата Дувало кај с. Косел, Охридско.

Фумарола (италијански: fumarola) или чадилка — отвор во Земјината кора во вулканско подрачје, од код кој избиваат пареа и гасови како јаглерод диоксид, сулфур диоксид, водород хлорид и водород сулфид. Струјата настанува кога прегреаната вода кондензира со снижувањето на притосокот при излегувањето од земјата. Фумаролата која испушта сулфурни гасови се нарекува солфатара (од италијански: solfo, сулфур).

Ваквата образба може да се јави на места од многу мали пукнатини, па сè до големи расцепи, во безредни китки или полиња, но и на површините на лавини текови и дебели наслаги од пирокластични текови. фумаролско поле е подрачје со топли извори и гасни отвори каде магма или врелите магматски карпи се сместени плитко и испуштаат гасови или доаѓаат во допир со подземните води.[1]

Фумаролите опстануваат со десетлетија или векови ако се сместени над долготраен извор на топлина; може да исчезне во текот на неколку седмици или месеци ако е поставена врз нова вулканска наслага која бргу се разладува. На пример, Долината на Десет Илјади Чадови е создадена во 1912 г. со избивот на Новарупта во Алјаска. Првично се јавиле илјадници фумароли во пепелот, но како што тој се ладел, тие постепено исчезнувале и денес се исчезнати.

Оние фумароли кои испуштаат сулфурни испаренија од површински наслаги се искористуваат за добивање на сулфур. Таков пример е фумаролата Дувало кај с. Косел, Охридско од која се вадел сулфур во турско време.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Neuendorf, Klaus K. E. (2005). Jackson, Julia A.; Mehl, James P.; Neuendorf, Klaus K. E.. уред-ци. Glossary of Geology. Springer Science & Business Media. стр. 257. ISBN 9780922152766. https://books.google.com/books?id=SfnSesBc-RgC. посет. 6 јуни 2015 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]