Дувало

Координати: 41°10′9″N 20°50′13″E / 41.16917° СГШ; 20.83694° ИГД / 41.16917; 20.83694
Од Википедија — слободната енциклопедија
Дувало
Коселска Чадилка
Поглед на Дувало кај с. Косел, Охридско
Највисока точка
Надм. вис.740 м
Координати41°10′9″N 20°50′13″E / 41.16917° СГШ; 20.83694° ИГД / 41.16917; 20.83694
Географија
Дувало
Коселска Чадилка на карта

Карта

МестоКосел, Охридско
Геологија
ВидЧадилка
Вулкански лак/појасОхридско-Коселска Вулканска Област

Дувало, позната и како Коселска Чадилкачадилка, остаток од некогашниот активен вулкан кој се наоѓа во близина на селото Косел, во сливот на Коселска Река која се влева во Охридското Езеро.

Надморската висина на фумаролата е 740 метри. Тоа е кратер со пречник од 0,5 метри и длабина од околу 30 сантиметри од кој избива сулфур диоксид и јаглерод диоксид.[1] Мирисот на сулфур се чувствува во пречник од околу три километри. Дувало е заштитено како споменик на природата.[2]

Косел во поранешна Југославија во учебниците по географија за основно образование бил опишан како ретка геолошка појава, единствен активен вулкан на Балканот. Според Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, Дувало не е вулкан, тука немало излевање на магма, туку пукнатина од која излегуваат гасови.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Солфатарата низ историјата станала култно место во Охридско. Поради лечење на кожни болести тука доаѓале луѓе и од другите оддалечени краеви на државата. Исто така, мештаните потврдуваат дека поради споменатиот сулфур во воздухот, селото било поштедено од маларични комарци и маларија, која била редовна појава во другите села.[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Се активира вулканот во Косел Архивирано на 6 јули 2017 г. на семрежната страница на Нова Македонија
  2. „Споменик на природата Дувало“. Архивирано од изворникот на 2014-05-29. Посетено на 2017-12-04.
  3. Трифуноски, Јован Ф. (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. Београд: Српска академија наука и уметности. ISBN 8670251582. OCLC 27418468.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Марковић, Јован Ђ. (1990). Енциклопедијски географски лексикон Југославије. Сарајево: Свјетлост. ISBN 978-86-01-02651-3.
  • Повеќе автори (1968): Мала енциклопедија Просвета, Просвета, Београд; књига 1 (А-Љ)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]