Тони Блер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тони Блер

Назначен за премиер 2 мај 1997
Сменет 27 јуни 2007
Премиер претходник Џон Мејџор
Премиер наследник Гордон Браун
Датум на раѓање 6 мај 1953
Место на раѓање Единбург, Шкотска
Политичка партија Лабуристи

Ентони Чарлс Линтон Блер (англиски: Anthony Charles Lynton Blair) (роден 6 мај 1953) е некогашен премиер на Обединетото Кралство и водач на Лабуристичката партија. На чело на партијата застанал по смртта на Џон Смит во 1994 година. На парламентарните избори во 1997 ги донел лабуристите на власт и го заменува Џон Мејџор како премиер, ставајќи му крај на 18-годишното владеење на Конзервативната Партија. Блер е најдолготрајниот премиер од редовите на Лабуристичката Партија и единствената личност што ја довел партијата до три последователни победи на парламентарните избори.

Доаѓањето на Блер на чело на Лабуристичката Партија значело напуштање на многу карактеристички социјалдемократски позиции на партијата и нејзино придвижување кон центарот. Како премиер, Блер водел политика на доста блиски односи со САД, која траела не само за време на администрацијата на идеолошки блискиот до Блер американски претседател Бил Клинтон, туку и за време на администрацијата на конзервативниот претседател Џорџ Буш Помладиот. Поради опозицијата во самата партија кон внатрешната и надворешната политика на Блер и повеќегодишните барања да се повлече од функцијата водач на партијата и премиер, на 27 јуни 2007 Блер се повлекол од функцијата премиер на Обединетото Кралство и водач на партијата, предавајќи му ја на дотогашниот Канцелар на касата (Министер за финансии) Гордон Браун.

Поврзано[уреди | уреди извор]