Лабуристичка партија (Обединето Кралство)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лабуристичка партија
ЛидерКир Стамер
Гесло"Подобра, позелена иднина" (2022)[1]
Основана27 февруари 1900;
пред 122 години
 (1900-02-27)[2][3]
ПретходникПретставнички комитет на работниците
Штаб
МладинаМлади лабуристи
Идеологија
Политичка положбаЛев центар[15]
Меѓународна припадностПрогресивна алијанса
Социјалистичка интернационала (набљудувач)
Европска припадностПартија на европски социјалисти
БоиЦрвена
Мрежно место
labour.org.uk Уредете го ова на Википодатоците
Политика на Обединето Кралство
Политички партии
Избори

Лабуристичка партија (англиски: Labour Party; во буквален превод Работничка партија) е една од двете водечки политички партии во Обединетото Кралство, опишана како сојуз на социјалдемократи, демократски социјалисти и синдикалци.[16]

Основана е во 1900 година како наследник на синдикалното движење и социјалистичките партии од 19 век. На почетокот од 1920-тите ја престигнала Либералната партија и станала главна опозиција на Конзервативната партија при што формирала две малцински влади под Рамзи Мекдоналд во 1920-тите и раните 1930-ти.

Политичките програми на лабуристите соодветствуваат со социјалдемократијата на европскиот континент, а по Втората светска војна примениле многу од овие идеи, меѓу кои национализацијата на клучните државни индустриски гранки и кејнзијанската економска политика.

Во 1979 г. биле поразени од конзервативците на Маргарет Тачер и останале во опозиција речиси две децении.

На крајот на 20 век, ги отфрлиле социјалдемократските принципи од нивната програма и ја презеле тачеристичката економска политика и политиката на Трет пат, промовирајќи ги „Новите лабуристи“.[17][18][19][20] По ова дошле на власт и уште двапати победиле на парламентарни избори. По поразот на парламентарните избори во 2010 година преминале во опозиција. Тогаш, Ед Милибанд го презел водството со партијата но поднел оставка по поразот на општите избори во Обединетото Кралство во 2015 година.[21]

Актуелниот водач на Лабуристичката партија е Кир Стармер, кој во 2019 година на внатрепартиски избори ја победил неговата соперничка Ребека Лонг-Бејли, кои се одржале откако Џереми Корбин ја објавил својата оставка како лидер на партијата по неуспехот на општите избори во 2019 година.[22]

Значајни членови на Лабуристите низ годините се: Ремзи Мекдоналд, Клемент Атли, Хју Гејтскел, Харолд Вилсон, Џејмс Калахан, Тони Блер, Гордон Браун.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Wearmouth, Rachel (2022-09-18). „Why Labour is going green at its conference“. New Statesman (англиски). Посетено на 2022-10-08.
  2. Brivati & Heffernan 2000: "On 27 February 1900, the Labour Representation Committee was formed to campaign for the election of working class representatives to parliament."
  3. Thorpe 2008, стр. 8.
  4. O'Shea, Stephen; Buckley, James (8 December 2015). „Corbyn's Labour party set for swanky HQ move“. CoStar. Архивирано од изворникот на 9 October 2017. Посетено на 8 October 2017.
  5. „Contact“. Labour Party. Архивирано од изворникот 24 September 2020. Посетено на 14 September 2020.
  6. Nordsieck, Wolfram (2019). „United Kingdom“. Parties and Elections in Europe. Архивирано од изворникот 11 October 2012. Посетено на 21 January 2020.
  7. Worley, Matthew (2009). The Foundation of the British Labour Party:Identities, Cultures, and Perspectives,1900–39. Farnham: Ashgate. ISBN 978-0-7546-6731-5.
  8. Adams, Ian (1998). Ideology and Politics in Britain Today (illustrated, reprint. изд.). Manchester: Manchester University Press. стр. 144–145. ISBN 978-0-7190-5056-5. Архивирано од изворникот 26 December 2018. Посетено на 21 March 2015 – преку Google Books.
  9. Busky, Donald F. (2000). „Democratic Socialism in Great Britain and Ireland“. Democratic Socialism: A Global Survey. Westport, CT: Greenwood Publishing Group. ISBN 978-0-275-96886-1.
  10. Bakker, Ryan; Jolly, Seth; Polk, Jonathan (14 May 2015). „Mapping Europe's party systems: which parties are the most right-wing and left-wing in Europe?“. London School of Economics / EUROPP – European Politics and Policy. Архивирано од изворникот 26 May 2015. Посетено на 26 May 2015.
  11. Giddens, Anthony (17 May 2010). „The rise and fall of New Labour“. New Statesman. Архивирано од изворникот 21 July 2015. Посетено на 26 May 2015.
  12. Peacock, Mike (8 May 2015). „The European centre-left's quandary“. Reuters. Архивирано од изворникот 26 May 2015. Посетено на 26 May 2015. A crushing election defeat for Britain's Labour party has laid bare the dilemma facing Europe's centre-left.
  13. Dahlgreen, Will (23 July 2014). „Britain's changing political spectrum“. YouGov. Архивирано од изворникот 26 May 2015. Посетено на 26 May 2015.
  14. Budge 2008, стр. 26–27.[да се провери]
  15. [10][11][12][13][14]
  16. Matthew Worley (2009). The Foundations of the British Labour Party: Identities, Cultures and Perspectives, 1900–39. Ashgate Publishing. стр. 1–2. ISBN 978-0-7546-6731-5 – преку Google Books.
  17. McAnulla, Stuart (2006). British Politics: a critical introduction. Continuum International Publishing Group. стр. 118, 127, 133, 141. ISBN 978-0-8264-6156-8.
  18. Hay, Colin (2002). British Politics Today. Wiley-Blackwell. стр. 114, 115. ISBN 978-0-7456-2319-1.
  19. Social Democracy in Power: the capacity to reform. London: Taylor & Francis. 2008. стр. 4, 25, 26, 40, 66. ISBN 978-0-415-43820-9. Посетено на 24. 5. 2012.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  20. From Thatcherism to New Labour: Neo-Liberalism, Workfarism and Labour Market Regulation, Professor Bob Jessop, Lancaster University. Retrieved using Internet Archive: 4 March 2012.
  21. „Labour election results: Ed Miliband resigns as leader“. BBC News. 2015. Посетено на 8. 5. 2015. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  22. Lynch, David (4 April 2020). „Labour leadership: Keir Starmer will lead the party after Jeremy Corbyn's exit“. Oxford Mail. Newsquest Media Group. Посетено на 4 April 2020.

Литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]