Карипски Острови

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Западни Инди води тука. За други значења видете Западни Инди (појаснување)
Местоположбата на Карибите во светот:
сино = Карипско Море
зелено = Западни Инди
Средна Америка и Карибите (детална pdf мапа).

Карибите (англиски: Caribbean, холандски: Caraïben, француски: Caraïbes, шпански: Caribe) претставуваат регион во Средна Америка, кој се состои од Карипското Море, неговите острови (повеќето од кои го обиколуваат морето), и околните брегови. Регионот се наоѓа југоисточно од Северна Америка, источно од копнена Средна Америка, и на север и запад од Јужна Америка.

Етимологија[уреди]

Името „Кариби“ е дадено по Карибите, една од најдоминантните америндиски групи во регионот во времето на европскиот контакт за време на доцниот 15 век. Аналогното „Западни Инди“ потекнува од Кристофер Колумбовата идеја дека тој се укотвил на Индите (тогаш се мислело дека тие ја опфаќале цела јужна и источна Азија) кога всушност тој стигнал до Америка. Шпанскиот термин „Антили“ бил општо-посветен на новооткриените земји.карабија е популарно име за групата острови во карипското море.

Географија[уреди]

Тектонски плочи во светот

Сместена највеќе на Карипската Плоча, областа зафаќа повеќе од 7000 острови, островчиња, атоли и гребени. Западните Инди се состојат од Антилите, поделени на поголеми Големи Антили, кои го ограничуваат морето на север и Малите Антили на југ и исток (вклучувајќи ги Заветрените Острови) и Бахамите, кои се наоѓаат североисточно од морето. Бермудите лежат многу посеверно, во Атлантскиот Океан и понекогаш се вклучуваат во Западните Инди. Геополитички, Западните Инди обично се сметаат за подрегион на Северна Америка и се организирани во 28 територии, вклучувајќи суверените држави, прекуморските дестинации и зависните области.

Островски групи[уреди]

Бахамски Архипелаг (Лукајански Архипелаг)[1]

Големи Антили

Мали Антили

Наводи[уреди]

  1. Архипелагот се наоѓа во Атлантскиот Океан, не во Карипското Море. Архипелагпт е дел од Западните Инди.

Поврзано[уреди]