Прејди на содржината

Австралазија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Австралазија
Региони во Океанија.

Австралазија е регион во Океанија кој се состои од Австралија, Нов Зеланд, островот Нова Гвинеја и соседните острови во Тихиот Океан. Поимот го смислил фрацускиот писател Шарл де Бросе во неговото дело „Историја на пловидбите кон австралската земја“ (фр. Histoire des navigations aux terres australes, 1756).[1] Тој го извел зборот од латинскиот збор за „јужно од Азија“ и ја различил областа од Полинезија (источно) и југоисточниот Тихи Океан („Магеланика“). Регионот е посебен и од Микронезија (на североисток).

Човечка географија

[уреди | уреди извор]

Геополитички земено, Австралазија понекогаш се користи како колективен збор за Австралија и Нов Зеланд, не мајќи друг збор кој се однесува токму на тие две земји. Понекогаш поимот го опфаќа и островот Нова Гвинеја (вклучувајќи ја и Папуа Нова Гвинеја и индонезискиот дел од островот). Постојат многу организации со име кое започнува со „(Кралско) австралазиско здружение“ кои се ограничени само на Австралија и Нов Зеланд.

Австралазиското олимписко знаме

Во минатото зборот „Австралазија“ се користел како име на здружените спортски екипи од Австралија и Нов Зеланд. Такви примери наоѓаме во тенисот помеѓу 1905 и 1915, кога Нов Зеланд и Австралија ги здружиле нивните најдобри играчи за да се натпреваруваат во меѓународниот турнир на Дејвис купот (кого го освоиле во 1907, 1908, 1909, 1911 и 1914), и олимписките игри во 1908 и 1912 година.

Еколошка географија

[уреди | уреди извор]
Волесовата Линија ја раздвојува австралазиската од југоисточноазиската фауна.

Од еколошка перспектива, Австралазиската екозона е посебен региоб со заедничка еволутивна историја и огромен број на ендемски растителни и животниски видови. Во овој контекст Австралазија е ограничена на Австралија, Нов Зеланд и соседните острови, вклучувајќи ги индонезиските острови источно од Ломбок и Сулавеси. Биолошката поделбена линија на овој екосистем од оној на Азија се нарекува Волесова ЛинијаБорнео и Бали се наоѓаат на западната, азиска страна. Нов Зеланд сочинува сосем посебна еколошка зона, бидејќи бил изолиран од остатокот од светот (заклучно со другите австралазиски земји), уште подолго време.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. de Brosses, Charles (1756). Histoire des navigations aux terres Australes [Историја на патувањата низ Јужните Земји.] (француски). Paris: Durand. Посетено на 2013-12-08.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]