Барбуда

Од Википедија — слободната енциклопедија
Барбуда
Barbuda
Географија
МестоКарипско Море
Координати17°38′11″N 61°48′30″W / 17.63639° СГШ; 61.80833° ЗГД / 17.63639; -61.80833Координати: 17°38′11″N 61°48′30″W / 17.63639° СГШ; 61.80833° ЗГД / 17.63639; -61.80833
АрхипелагМали Антили
Површина160,56 км2
Највисоко издигнување38 м
Управување
Најголема населбаКордингтон (pop. 1300)
Демографија
Население1300 (проц.) (Feb 2020)


Барбуда е остров во Малите Антили, дел од подгрупата на Заветрени Острови. Барбуда, заедно со островот Антигва, ја формираат островската држава Антигва и Барбуда. Антигва и Барбуда станала суверена држава на 1 ноември 1981 година, која останала дел од Британскиот Комонвелт.[1] Островот е популарно туристичко одредиште поради неговата умерена клима и убавото крајбрежје.

Историски гледано, повеќето од жителите на Барбуда живееле во Кодрингтон,[2] кој воедно е и административен центар на островот.

Во септември 2017 гoдина, ураганот „Ирма“ уништил 95% од зградите и инфраструктурата на островот. Поради тоа, сите жители биле евакуирани на островот Антигва, и со тоа Барбуда останала празна за првпат во современата историја.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Сибонејците го населиле островот уште од каменото доба. Кога Кристофер Колумбо пристигнал на осторовот во 1493, популацијата на островот се состоела од Арава и Карипци. Следувајќи обиди за колонизација од страна на Шпанија и Франција, Барбуда е колонизирана од страна на Велика Британија во 1666 година.

Кристофер Кодрингтон го воспоставил првиот значаен имот за култивирање шеќер во Антигва во 1674 година и ја ставил Барбуда на заем за да подигне провизии за неговите плантажи. Административниот град на Барбуда, Кодрингтон, е крстен по него.

Ропство[уреди | уреди извор]

Проценка од 1977 година од Ловентхал и Кларк наведува дека помеѓу 1779 година и 1834 година, 172 робови биле однесени од островот. Повеќето биле транспортирани до Антигва, но 37 биле транспортирани до Заветрените и Приветрените Острови и некои до јужниот дел на САД.

Британија ги ослободила робовите од повеќето свои колонии во 1834 година, но тука не била вклучена Барбуда. Жителите на островот сами ги ослободиле робовите. Откако стекнале слобода, робовите немале поволни услови за живеење па морале да продолжат да работат на плантажите, заработувајќи ниски плати.

Географија[уреди | уреди извор]

Вкупната површина на островот е 160.56 square kilometres (62 ми). Административен центар, и најголемо населено место, на Барбуда е Кодрингтон, кој има проценето население од 100 луѓе. Повеќето Барбуданци всушност живеат на Антигва одошто на Барбуда. Островот е воглавно со корално и варовничко потекло, со мала топографска варијација. Највисоките брда на островот достигнуваат до 38 метри надморска висина.

Островот е рамен со многу лагуни во северозападниот дел. Островото често страда од урагани, особено во периодот од август до октомври. Климата е класифицирана како тропско-приморска, што значи дека има мала сезонска варијација при температурата. Во јануари и февруари, кои се најладни месеци во годината, просечната дневна температура е 27 степени. Најтопли месеци во годината се јули и август со просечна дневна температура од 30 степени.

Литература[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Antigua and Barbuda - Countries - Office of the Historian“. history.state.gov.
  2. „2011 population and housing census for Antigua and Barbuda | The Caribbean Development Portal“. caribbean.cepal.org (англиски). Архивирано од изворникот на 2017-02-16. Посетено на 2018-01-12.
  3. Panzar, Javier; Willsher, Kim (14 September 2017). „For first time in 300 years, there's not a single living person on the island of Barbuda“. USA Today. Посетено на 14 September 2017.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]