Прејди на содржината

Автономни заедници во Шпанија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Автономната заедница (шпански: comunidad autónoma, баскиски: autonomia erkidego, каталонски: comunitat autònoma, галисиски: comunidade autónoma) е првостепена политичко-административна единица во Шпанија, создадена согласно Уставот на Шпанија од 1978 г, со цел да ја гарантира автономијата на народностите и регионите во државата.[1][2][3] Бидејќи суверенитетот го има само државата како целина (а не заедниците), Шпанија не е федерација, туку мошне децентрализирана[4][5] унитарна дражва[1] која им ги отстапува правата на самоуправа на заедниците согласно пропишаното во уставот.[1] Денес постојат 17 автономни заеднии и 2 автономни града, со збирен назив „автономии“ (autonomías). Двата автономни града имаат право да се прогласат за автономни заедници, но тоа досега не го имаат направено.

Автономни заедници и градови

[уреди | уреди извор]
Автономни заедници и нивните покраини
Автономна заедница Главен град Површина
(км²)
Население
(2011)
Густина
(жит/км²)
Службени
јазици
Покраини
 Андалусија Севиља 87.268 8.371.268 95,92 шпански Алмерија, Гранада, Кадис (покраина)Кадис, Кордоба, Малага, Севиља, Уелва и Хаен
 Арагон Сарагоса 47.719 1.344.502 28,17 шпански Сарагоса, Теруел и Уеска
 Астурија Овиедо 10.604 1.075.179 101,39 шпански, астурски (Астурија)[6]
 Балеарски Острови Палма 4.992 1.100.503 220,45 шпански, каталонски (Балеарски Острови)
 Баскија Виторија 7.234 2.185.405 302,10 шпански, баскиски Алава, Бискајаи Гипускоа[7]
 Канарски Острови Лас Палмас и Санта Крус де Тенерифе 7.447 2.082.655 279,66 шпански Санта Крус де Тенерифе и Лас Палмас
 Кантабрија Сантандер 5.321 592.543 111,36 шпански (Кантабрија)[8]
 Кастиља-Ла Манча Толедо 79.463 2.106.349 26,50 шпански Албасете, Гвадалахара, Куенка, Сиудада Реал и Толедо
 Кастиља и Леон Вањадолид и Бургос 94.223 2.540.251 26,95 шпански, леонски Авила, Бургос, Ваљадолид (покраина)Ваљадолид, Самора, Леон, Паленсија, Саламанка, Сеговија, Сорија
 Каталонија Барселона 32.114 7.519.838 234,16 шпански, каталонски, арански Барселона, Жирона, Љеида и Тарагона
 Мадрид Мадрид 8.028 6.421.878 799,93 шпански (Мадрид)
 Екстремадура Мерида 41.634 1.104.521 26,52 шпански Бадахос и Касерес
 Галисија Сантјаго де Компостела 29.574 2.772.927 93,76 шпански, галисиски А Коруња, Луго, Оуренсе и Понтеведра
 Ла Риоха Логроњо 5.045 321.171 63,66 шпански (Риоха)[9]
 Мурсија Мурсија 11.313 1.462.125 129,24 шпански (Мурсија)
 Навара Памплона 10.391 640.125 61,60 шпански, баскиски (Навара)[10]
 Валенсија Валенсија 23.255 5.009.930 215,43 шпански, валенсиски (каталонски) Аликанте, Валенсија и Кастељон
Автономни градови
Град Површина
(км²)
Население
(2011)
Густина
(жит/км²)
Службени
јазици
Сеута Сеута 18,5 83.517 4.514,43 шпански
Мелиља Мелиља 12,3 81.323 6.611,62 шпански

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 1,2 „Organización territorial. El Estado de las Autonomías“ (PDF). Recursos Educativos. Instituto Nacional de Tecnologías Educativas y de Formación del Profesorado. Ministerio de Eduación, Cultura y Deporte. Посетено на 19 октомври 2012.
  2. Член 2. Cortes Generales (1978). „Título Preliminar“. Устав на Шпанија. Посетено на 29 септември 2012.
  3. Член 143. Cortes Generales (1978). „Título VIII. De la Organización Territorial del Estado“. Устав на Шпанија. Посетено на 29 септември 2012.
  4. Bacigalupo Sagesse, Mariano (јуни 2005). „Sinópsis artículo 145“. Constitución española (con sinópsis). Congress of the Deputies. Посетено на 28 јануари 2012.
  5. Ruíz-Huerta Carbonell, Jesús; Herrero Alcalde, Ana (2008). Bosch, Núria; Durán, José María (уред.). Fiscal Equalization in Spain. Fiscal Federalism and Political Decentralization: Lessons from Spain, Germany and Canada. Edward Elgar Publisher Limited. ISBN 9781847204677. Посетено на 15 октомври 2012.
  6. Порано: Овиедо.
  7. Официјално наречени „Историски територии“ (territorios históricos, баск. lurrande historiok).
  8. Порано: Сантандер.
  9. Порано: Логроњо.
  10. Порано: Памплона.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]