Гензебе Дибаба

Од Википедија — слободната енциклопедија
Гензебе Дибаба
Дибаба на Светското првенство во сала 2014
Лични податоци
Роден(а)8 февруари 1991(1991-02-08)(33 г.)[1]
Бекоџи, Етиопија[1]
Висина&100000000000001680000001,68 м
Тежина52 kg (115 lb)
Спорт
ЗемјаЕтиопија Етиопија
СпортАтлетика
Дисциплини1500 м, 3000 м, 5000 м

Гензебе Дибаба Кенени (родена на 8 февруари 1991) е атлетичарка од Етиопија која се натпреварува на трките на средни и долги патеки. Таа е сестра на трикратната олимписка шампионка Тирунеш Дибаба и на олимписката сребрена медалистка Еџагајеху Дибаба, и братучетка на поранешниот олимписки шампион Дерарту Тулу.[2] Гензебе е актуелна светска рекордерка на 1500 метри, истрчувајќи 3:50.07 на митингот од дијамандската лига во Монако на 17 јули 2015.

Гензебе го освоила златниот медал на Светското првенство во сала 2012 на трката на 1500 метри, како и златниот медал на Светското првенство во сала 2014 на трката на 3000 метри и во нејзина сопственост се светските рекорд во сала на тие делници.

На Светското првенство 2015, Гензебе го освоила златниот медал на трката на 1500 метри, а исто така го освоила и бронзениот медал на трката на 5000 метри.

Лични рекорди[уреди | уреди извор]

Дисциплина Резултат Место Датум Рекорд
На отворено 1500 метри 3:50.07 Монако, Монако 17 јули 2015 Светски рекорд
3000 метри 8:26.21 Доха, Катар 9 мај 2014
5000 метри 14:15.41 Париз, Франција 4 јули 2015
Во сала 1500 метри 3:55.17 Карлсруе, Германија 1 февруари 2014 Светски рекорд
3000 метри 8:16.60 Стокхолм, Шведска 6 февруари 2014 Светски рекорд
5000 метри 14:18.86 Стокхолм, Шведска 19 февруари 2015 Светски рекорд
Една милја 4:13.31 Стокхолм, Шведска февруари 2016 Светски рекорд[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Genzebe Dibaba“. sports-reference.com. Sports Reference LLC. Архивирано од изворникот на 2015-05-30. Посетено на 29 May 2015.
  2. Dibaba sisters make it a family affair – Edinburgh 2008. IAAF (2008-03-30). Посетено на 2013-02-17.
  3. „Дибаба собори атлетски рекорд од пред 26 години“, Дневник, година XX, број 5993 петок, 19 февруари 2016, стр. 23.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Рекорди
Претходник
Кина Жу Јунсја
Светска рекордерка на 1500 метри
17 јули 2015 – сè уште
Наследник
Актуелна
Претходник
Русија Јелена Соболева
Светска рекордерка на 1500 метри во сала
1 февруари 2014 – сè уште
Наследник
Актуелна
Претходник
Етиопија Месерет Дефар
Светска рекордерка на 3000 метри во сала
6 февруари 2014 – сè уште
Наследник
Актуелна
Награди
Претходник
САД Миси Френклин
Награда Лауреус за спортистка на годината
2015
Наследник
Актуелна