Триатлон на Летните олимписки игри 2016

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Триатлон
на Летните олимписки игри 2016
ОдржувалиштеТврдина Копакабана
Денови18–20 август 2016
Натпреварувачи110
«20122020»
Триатлон на
Летните олимписки игри 2016

Triathlon pictogram.svg
Список на натпреварувачи
Дисциплини
мажи  жени

Натпреварите во триатлон на Летните олимписки игри 2016 во Рио де Жанеиро беа одржани од 18 до 20 август 2016 година на тврдина Копакабана. По педесет и пет спортисти се натпреваруваа во две конкуренции.[1]

Формат на натпреварување[уреди | уреди извор]

Поглед на Копакабана
Мапа на патеката

Олимпискиот триатлон се состои од три дисциплини; 1.5 км пливање, 40 км велосипедизам, и 10 км трчање.[2] Натпреварувањето зема форма на поединечен натпревар помеѓу сите учесници без квалификации.

Квалификации[уреди | уреди извор]

Периодот за квалификување на олимпиското натпреварување во триатлон бил од 20 мај 2014 година до 15 мај 2016 година. Вкупно 110 натпреварувачи (55 во двете конкуренции) се борат за место на Олимписките игри. Првите осум најдобропласирани национални олимписки комитети можат да пријават по три натпреварувачи по дисциплина, додека другите национални олимписки комитети можат да квалификуваат по два натпреварувачи по дисциплина. За да се квалификуваат за игрите, сите натпреварувачи мораат да исполнат норма преку континенталните квалификациски натпреварувања, да остварат пласман во најдобрите три преку светските квалификациски натпреварувања и да бидат меѓу најдобрите 140 натпреварувачи на олимпискиот квалификациски список, на рангирањето на Светската триатлон серија, и на списокот со поени.[3][4]

Триесет и девет натпреварувачи во двете конкуренции се квалификуваат преку својот ранг, потоа следат петте континентални шампиони и најдобропласираните три на Меѓународниот квалификациски турнир, одржан во Рио де Жанеиро на 1 и 2 август 2015 година. Земјата домаќин, Бразил, добива едно место по дисциплина, додека две места се доделуваат од страна на трипатритната комисија. На крајот, последните пет места се распределуваат помеѓу националните олимписки комитети кои немаат исполнето норма преку списокот со поени на ITU.[3]

Распоред[уреди | уреди извор]

Сите саатници се по Бразилско време (UTC-3). Сите саатници се предмет на промена.

Конкуренција Датум Почеток
Триатлон за мажи 18 август 11:00
Триатлон за жени 20 август 11:00

Земји учеснички[уреди | уреди извор]

Освојувачи на медали[уреди | уреди извор]

Дисциплина Злато Сребро Бронза
Триатлон за мажи
подробно
  Алистер Браунли 1:45:01 (ВБР)   Џонатан Браунли 1:45:07 (ВБР)   Хенри Шуман 1:45:43 (ЈАР)
Триатлон за жени
подробно
  Гвен Јоргенсен 1:56:16 (САД)   Никола Шпириг Хуг 1:56:56 (ШВА)   Вики Холанд 1:57:01 (ВБР)

Табела на медали[уреди | уреди извор]

Место Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1 Велика Британија 1 1 1 3
2 САД 1 0 0 1
3 Швајцарија 0 1 0 1
4 ЈАР 0 0 1 1
Вкупно 2 2 2 6

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Rio 2016: Triathlon“. Rio 2016. http://www.rio2016.com/en/the-games/olympic/sports/triathlon. посет. 31 јануари 2015 г. 
  2. London 2012 Olympics: triathlon guide“, 11 февруари 2011 (посет. 11 мај 2011 г).
  3. 3,0 3,1 Rio 2016 – ITU Triathlon Qualification System“ (PDF), ITU (посет. 15 јуни 2015 г).
  4. Ерин Грин. „ITU announces 2016 Olympic Games qualification system“, ITU (посет. 15 јуни 2015 г).