Прејди на содржината

Борење на Летните олимписки игри 2016

Од Википедија — слободната енциклопедија
Борење на
Летните олимписки игри 2016

Слободен стил Грчко-римски стил
  до 57 кг     до 59 кг  
  до 65 кг     до 66 кг  
  до 74 кг     до 75 кг  
  до 86 кг     до 85 кг  
  до 97 кг     до 98 кг  
  до 125 кг     до 130 кг  
Women
  до 48 кг     до 63 кг  
  до 53 кг     до 69 кг  
  до 58 кг     до 75 кг  

Натпреварите во борење на Летните олимписки игри 2016 ќе се одржат од 14-21 август во Сала 3 од Олимписката вежбалница во Бара да Тижука. Спортот е поделен во две дисциплини: слободен стил[1] и грчко-римски стил.[2] Секоја од двете дисциплини е поделена во повеќе категории. Мажите ќе се натпреваруваат во обете дисциплини, додека жените само во слободен стил.

Околу 344 борачи се очекува да настапат во вкупно 18 натпревари. Во септември 2013, направени биле нови промени во правилата од страна на Меѓународниот олимписки комитет и ФИЛА (сега позната како „Обединето светско борење“). Притоа, по една категорија била укината од борењето во слободен и грчко-римски стил во машка конкуренција за да се додадат две нови категории во женска конкуренција и на тој начин да се намали половиот јаз и да се овозможи секој од трите стила да имаат по 6 категории.[3][4]

Структура на натпреварување

[уреди | уреди извор]

Во секоја категорија се 19 мажи или 18 жени, и уште 6 други натпреварувачи распоредени преку земјата-домаќин или тројната комисија. Борачите преку жреб било одредено да се натпреваруваат во квалификации за нивниот број да се намали на 16, по што следува фаза на елиминации за одредување на финалистите и освојувачи на златен и сребрен медал. Натпреварувачите кои во двете половини од елиминациската фаза ќе бидат поразени во осминафиналето, четвртфиналето и полуфиналето од двајцата финалисти ќе разигруваат за два бронзени медали, при што поразените во полуфиналните натпревари ќе имаат натпревар помалку во разигрувањето.[1][2]

Распоред

[уреди | уреди извор]

Натпреварите ќе бидат распоредени во два дела во секој натпреварувачки ден од олимписката програма. Освен последниот ден, првиот дел (квалификации и елиминациска фаза) ќе се одржи од 10:00 до 13:00 (UTC−03:00), а вториот дел (разигрување и финале) ќе се одржи од 16:0 до 19:00 (UTC−03:00). Поради церемонијата на свечено затворање во вечерниот дел од последниот ден, термините за првиот и вториот дел ќе бидат од 08:30 до 11:15 и од 12:45 до 15:15 (UTC−03:00) соодветно.

ККвалификации и елиминациска фаза ФРазигрување и финале
Натпревар ↓/Датум →14 август15 август16 август17 август18 август19 август20 август21 август
Слободен стил за мажи
Слободен стил за мажи до 57 кгКФ
Слободен стил за мажи до 65 кгК
Слободен стил за мажи до 74 кгКФ
Слободен стил за мажи до 86 кгКФ
Слободен стил за мажи до 97 кгКФ
Слободен стил за мажи до 125 кгКФ
Грчко-римски стил за мажи
Грчко-римски стил за мажи до 59 кгКФ
Грчко-римски стил за мажи до 66 кгКФ
Грчко-римски стил за мажи до 75 кгКФ
Грчко-римски стил за мажи до 85 кгКФ
Грчко-римски стил за мажи до 98 кгКФ
Грчко-римски стил за мажи до 130 кгКФ
Слободен стил за жени
Слободен стил за жени до 48 кгКФ
Слободен стил за жени до 53 кгКФ
Слободен стил за жени до 58 кгКФ
Слободен стил за жени до 63 кгКФ
Слободен стил за жени до 69 кгКФ
Слободен стил за жени до 75 кгКФ

Учесници

[уреди | уреди извор]

Земји-уеснички

[уреди | уреди извор]

Официјални судии

[уреди | уреди извор]

Списокот на официјални судии е во продолжение:[5]

  • Германија Антонио Р. Силвестри (шеф на судиската комисија)
  • Куба Гуљелмо Орестес Молина Гонсалес (инструктор)
  • Италија Едит Доса (инструктор)
  • Јапонија Осаму Саито (инструктор)
  • Русија Андреј Криков (инструктор)
  • Тунис Камел Мохамед Буазиз (инструктор)
  • Турција Халил Ибрахим Џиџиоглу (инструктор)
  • САД Зах Ерет (инструктор)
  • Узбекистан Константин Михајлов (инструктор)
  • Финска Перти Вехвилеинен (инструктор)
  • Франција Режин Легло (надзорник)
  • Грузија Едишер Махаиѕе (надзорник)
  • Казахстан Бахитжан Јаксикулов (надзорник)
  • Мароко Норедин Мохафа (надзорник)
  • Русија Сергеј Новаковскиј (надзорник)
  1. 1 2 „Rio 2016: Freestyle Wrestling“. Rio 2016. Архивирано од изворникот на 2015-01-09. Посетено на 31 јануари 2015.
  2. 1 2 „Rio 2016: Greco-Roman Wrestling“. Rio 2016. Архивирано од изворникот на 2014-12-30. Посетено на 31 јануари 2015.
  3. „FILA announces new weight classes“. Associated Press. ESPN. 17 декември 2013. Посетено на 9 март 2015.
  4. Longman, Jere (8 септември 2013). „Wrestling, With Revamped Rules, Returns to Summer Games“. The New York Times. Посетено на 9 март 2015.
  5. „List of the officials for the Olympic Games 2016“ (PDF). Обединето светско борење. Посетено на 29 декември 2015.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]