Скокови во вода на Летните олимписки игри 2016

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Скокови во вода
на Летните олимписки игри 2016
ОдржувалиштеЦентар за водени спортови Марија Ленк
Денови7–20 август
Натпреварувачи136 од 29 земји
«20122020»
Скокови во вода на
Летните олимписки игри 2016

Diving pictogram.svg
Список на натпреварувачи
3 метри   мажи   жени
10 метри   мажи   жени
Синхронизирано
3 метри
  мажи   жени
Синхронизирано
10 метри
  мажи   жени

Натпреварите во скокови во вода на Летните олимписки игри 2016 беа одржани од 7 до 20 август 2016 година во Центарот за водени спортови Марија Ленк во Бара да Тижука.[1] Скоковите во вода се дел од 4-те водени дисциплини на Олимписките игри, заедно со пливањето, ватерполото и синхронизираното пливање.

На овие Олимписки игри се натпреваруваа натпреварувачи во осум дисциплини (по четири во двете конкуренции): скокови од 3 метри, скокови од 10 метри, синхронизирани скокови од 3 метри и синхронизирани скокови од 10 метри.[2]

Се натпреваруваа вкупно 136 натпреварувачи од 29 земји.[3] Сите натпреварувачи мора да имаат најмалку 14 години до 31 декември 2016 година.[4]

Квалификации[уреди | уреди извор]

Водата во базенот со зелена боја.[5]

Една земја може да испрати најмногу 16 натпреварувачи (осум во машка и осум во женска конкуренција) од кои по два натпреварувачи во поединечните дисциплини и еден пар во синхронизираните дисциплини.[3]

За поединечните дисциплини, квалификувани натпреварувачи се:

За синхронизираните дисциплини, квалификувани парови се:

  • најдобрите 3 во сите дисциплини од Светското првенство во скокови во вода 2015
  • најдобрите 4 во сите дисциплини од ФИНА Светскиот Куп во скокови во вода 2016, и
  • земјата домаќин (Бразил).[3]

Земји учеснички[уреди | уреди извор]

Ќе се натпреваруваат вкупно 136 натпреварувачи од 29 земји:[6]

Освојувачи на медали[уреди | уреди извор]

Табела на медали[уреди | уреди извор]

Место Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1 Кина 7 2 1 10
2 Велика Британија 1 1 1 3
3 САД 0 2 1 3
4 Италија 0 1 1 2
5 Малезија 0 1 0 1
6 Мексико 0 1 0 1
7 Канада 0 0 2 2
8 Австралија 0 0 1 1
9 Германија 0 0 1 1
Вкупно 8 8 8 24

Мажи[уреди | уреди извор]

Дисциплина Злато Сребро Бронза
3 метри
подробно
Цао Јуан
 Кина
Џек Ло
 Велика Британија
Патрик Хаусдинг
 Германија
10 метри
подробно
Чен Ајсен
 Кина
Херман Санчез
 Мексико
Дејвид Бодаја
 САД
Синхронизирано 3 метри
подробно
 Велика Британија (GBR)
Крис Мирс
Џек Ло
 САД (USA)
Сем Дорман
Мајкл Хиксон
 Кина (CHN)
Цао Јуан
Ѓин Кај
Синхронизирано 10 метри
подробно
 Кина (CHN)
Чен Ајсен
Лин Јуе
 САД (USA)
Дејвид Бодаја
Стил Џонсон
 Велика Британија (GBR)
Том Дејли
Даниел Гудфелоу

Жени[уреди | уреди извор]

Event Злато Сребро Бронза
3 метри
подробно
Ши Тингмао
 Кина
Хе Зи
 Кина
Тања Кањото
 Италија
10 метри
подробно
Рен Ѓиан
 Кина
Си Јаѓе
 Кина
Меган Бенфето
 Канада
Синхронизирано 3 метри
подробно
 Кина (CHN)
Ши Тингмао
Ву Минсја
 Италија (ITA)
Тања Кањото
Франческа Далапе
 Австралија (AUS)
Медисон Кини
Анабел Смит
Синхронизирано 10 метри
подробно
 Кина (CHN)
Чен Руолин
Лиу Хуејсја
 Малезија (MAS)
Џонг Жун Хонг
Панделела Ринонг
 Канада (CAN)
Меган Бeнфето
Розелин Фиљо

Наводи[уреди | уреди извор]