Бокс на Летните олимписки игри 2016

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бокс на
Летните олимписки игри 2016

Мажи Жени
  до 49 кг  
  до 52 кг     до 51 кг  
  до 56 кг  
  до 60 кг     до 60 кг  
  до 64 кг      
  до 69 кг      
  до 75 кг     до 75 кг  
  до 81 кг      
  до 91 кг      
  над 91 кг      

Натпреварите во бокс на Летните олимписки игри 2016 ќе се одржат од 6-21 август во Павилјон 6 во Риоцентро.[1]

Структура на натпреварување[уреди | уреди извор]

На 23 март 2013, Меѓународната аматерска боксерска асоцијација (АИБА) вовеле значајни промени во структурата на натпреварување. Светската серија во бокс, којашто започнала да се одржува како професионално екипно натпреварвање во 2010 година, им овозможила на членовите на екипите да ја задржат подобноста за настап на игрите во 2012 година. Новиот професионален боксерски турнир на АИБА, којшто го сочинуваат професионалци кои имаат склучено пет-годишен договор со АИБА и се натпреваруваат со професионална карта, исто така претставува можност за натпреварувачите кои станале професионалци да ја задржат подобноста за настап на олимписките игри и да останат приврзани кон нивните национални комитети. Укинувањето на заштитни маски и системот на бодување за задолжително освојување на 10 бодови дополнително ја усогласуваат структурата на натпреварување на аматерскиот со професионалниот бокс.[2][3]

Слично како и во 2012, мажите се натпреваруваат во следните десет категории:

  • мува (до 49 кг);
  • суперлесна (до 52 кг);
  • бантам (до 56 кг);
  • лесна (до 60 кг);
  • лесна велтер (до 64 кг);
  • велтер (до 69 кг);
  • средна (до 75 кг);
  • лесно-тешка (до 81 кг);
  • тешка (до 91 кг); и
  • супертешка (над 91 кг).

Што се однесува до натпреварите во женска конкуренција, тие се подобри за натпревар во следните три категории:

  • суперлесна (до 51 кг);
  • лесна (до 60 кг); и
  • средна (до 75 кг).

Квалификациски критериуми[уреди | уреди извор]

Секој национален олимписки комитет може да обезбеди учество на по еден натпреварувач во секоја категорија. Шест места (пет во машка и едно во женска конкуренција) се обезбедени за земјата-домаќин Бразил, додека преостанатите места се распоредуваат преку тројна комисија. Поради тоа што за првпат е дозволено учество на професионални боксери, обезбедени се и распределени вкупно 37 места: од нив 20 места се обезбедени преку Професионалната боксерска серија на АИБА, со по две во секоја категорија; а преостанатите 17 места преку Светската боксерска серија. Секој континент има обезбедено места преку два аматерски и полупрофесионални турнири.[4]

Квалификацискит натпревари беа следните:

  • Светска боксерска серија 2014-15 – двајцата најдобро рангирани боксери на крајот на сезоната 2014-15 во секоја категорија (освен мува, тешка и супертешка, каде што се гледа најдобриот).[4]
  • Светското рангирање на АИБА за 2014-15 – првакот и најдобро рангираниот предизвикувач во секоја категорија на светското рангирање на крајот од првиот круг во септември 2015.[4]
  • Светско аматерско првенство во бокс 2015 во Доха од 5-18 октомври – најдобро пласираните тројца боксери во пет категории (бантам, лесна, лесна велтер, велтер и средна), освојувачите на златен и сребрен медал во три категории (мува, суперлесна и лесно-тешка) и прваците во две категории (тешка и супертешка).[4]
  • Светско аматерско првенство во бокс за жени во Астана – најдобро пласираните четири боксерки во секоја категорија.[4]
  • Олимписки квалификациски турнир на АПБ и ВСБ 2016 – најдобро пласираните тројца од преостанатите боксери во осум категории и прваците во двете најтешки категории.[4]
  • Олимписки квалификациски турнир на АИБА 2016.
  • Континентални олимписки квалификации на АИБА 2016 (мажи и жени.

Распоред[уреди | уреди извор]

Натпреварите ќе бидат распоредени во два дела во поголем број од натпреварувачките денови од олимписката програма: утрински дел (У), кој ќе започнува во 11:00 (UTC−03:00), и вечерен дел (В), кој ќе започнува во 17:00 (UTC−03:00). Понувајќи од 17 август, натпреварувачките денови ќе содржат само еден дел, кој ќе започнува во 14:00 (UTC−03:00).

П Прелиминарен дел ¼ Четвртфинале ½ Полуфинале Ф Финале
Датум → 6 август 7 август 8 август 9 август 10 август 11 август 12 август 13 август 14 август 15 август 16 август 17 август 18 август 19 август 20 август 21 август
Натпревар ↓ У В У В У В У В У В У В У В У В У В У В У В У У У У У
мува за мажи П П ¼ ½ Ф
суперлесна категорија за мажи П П ¼ ½ Ф
бантам за мажи П П П ¼ ½ Ф
лесна категорија за мажи П П П ¼ ½ Ф
лесна велтер за мажи П П П ¼ ½ Ф
велтер за мажи П П П ¼ ½ Ф
средна категорија за мажи П П П П ½ Ф
лесно-тешка категорија за мажи П П П П ¼ ½ Ф
тешка категорија за мажи П П ¼ ½ Ф
супертешка категорија за мажи П П ¼ ½ Ф
суперлесна категорија за жени П ¼ ½ Ф
лесна категорија за жени П ¼ ½ Ф
средна категорија за жени P ¼ ½ F

Учесници[уреди | уреди извор]

Освојувачи на медали[уреди | уреди извор]

Мажи
Event Злато Сребро Бронза
Мува
подробно
Суперлесна
подробно
Бантам
подробно
Лесна
подробно
Лесна велтер
подробно
Велтер
подробно
Средна
подробно
Лесно-тешка
подробно
Тешка
подробно
Супертешка
подробно
Жени
Event Злато Сребро Бронза
Суперлесна
подробно
Лесна
подробно
Средна
подробно

Список по земји[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Rio 2016: Boxing“. Rio 2016. Архивирано од изворникот на 2015-01-24. Посетено на 31 јануари 2015.
  2. „Changes of rules move Olympic Boxing closer to its professional counterpart and split opinions“. Rio 2016. 1 ноември 2013. Архивирано од изворникот на 2015-06-14. Посетено на 30 јануари 2015.
  3. „Olympic boxing drops head guards“. ESPN. 23 март 2013. Посетено на 30 јануари 2015.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 „Rio 2016 – AIBA Boxing Qualification System“ (PDF). АИБА. Посетено на 1 февруари 2015.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]