Прејди на содржината

Фиџи на Олимписките игри

Од Википедија — слободната енциклопедија
Фиџи на Олимписките игри

Знаме на Фиџи
МОК-код  FIJ
НОК Асоцијација за спорт и национален олимписки комитет на Фиџи
официјално мрежно место
Олимписка историја
Летни олимпијади
1956  1960  1964  1968  1972  1976  1980  1984  1988  1992  1996  2000  2004  2008
Зимски олимпијади
1988  1992  1994  1998  2002  2006

Фиџи првпат учествувал на Олимписки игри во 1956 година, и досега испратил натпреварувачи на дванаесет изданија од Летните олимписки игри и на три изданија од Зимските олимписки игри. Спортистите на Фиџи се натпреварувале во атлетика, џудо, стрелаштво, пливање и кревање тегови, но тие никогаш не освоиле олимписки медал [1]

До август 2011, два спортисти од Фиџи обезбедиле учество на Олимписки игри преку достигнување на потребната норма за учество. Тоа се Макелеси Буликиобо, која се квалификувала за трката на 400 метри на игрите во Пекинг во 2008, и Лесли Коупленд, кој обезбедил норма во дисциплината фрлање копје на игрите во Лондон во 2012.[2] На Зимските олимписки игри, за Фиџи настапиле Русиате Рогојава во скијачко трчање (1988, 1994) и Лоренс Томс во алпско скијање (2002).

Националниот олимписки комитет на Фиџи е основан во 1949 година, а бил признаен од страна на Меѓународниот олимписки комитет во 1955 година.

Табела на медали

[уреди | уреди извор]

Медали на Летни олимписки игри

[уреди | уреди извор]
Олимпијада Учесници Златни Сребрени Бронзени Вкупно Ранг
Мелбурн 195650000-
Рим 196020000-
Токио 1964не учествувале
Мексико 196810000-
Минхен 197220000-
Монтреал 197620000-
Москва 1980не учествувале
Лос Анџелес 1984150000-
Сеул 1988240000-
Барселона 1992190000-
Атланта 1996170000-
Сиднеј 200070000-
Атина 2004100000-
Пекинг 200860000-
Лондон 201290000-
Вкупно0000-

Медали на Зимски олимписки игри

[уреди | уреди извор]
Олимпијада Учесници Златни Сребрени Бронзени Вкупно Ранг
Калгари 198810000-
Албервил 1992не учествувале
Лилехамер 199410000-
Нагано 1998не учествувале
Солт Лејк Сити 200210000-
Торино 2006не учествувале
Ванкувер 2010
Вкупно0000-

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  1. Fiji at the Olympics Архивирано на 15 август 2016 г., The Telegraph
  2. "The London dream" Архивирано на 13 септември 2012 г., Fiji Times, 22 август 2011